Ако додавате информации на една статија, мора да ги вклучите Вашите извори, бидејќи недокажаните факти можат да бидат отстранети. Најдобро е да употребувате референци во форма на фусноти, така другите уредувачи и читачи можат да ја проверат информацијата во точно определената секција на текст која ја додавате. Исто така, погрижете се изворите кои ги употребувате да бидат веродостојни и авторитативни.
Најлесниот начин да создадете референци е преку фусноти. Тие се создаваат во вики-кодот преку додавање на:
- <ref>ВАШИОТ ИЗВОР</ref> ref ознаки околу Вашиот извор, и
- {{Reflist}} под секција со име==Референци== блиску дното на страницата
Ако Вашиот извор е вебсајт, можете да создадете надворешна врска до адресата на страната. Не употребувајте други страници на Викиизвор како извори!
За да создадете надворешна врска до Вашиот извор, ставете ја адресата на страната (URL) во средни загради по текстот што сте го додале, како што е примерот:
- <ref>[http://www.google.com Google пребарувач]</ref>
Добра идеја е да дадете краток опис по адресата на надворешната страница. Овој опис ќе биде прикажан во листата на референци како насловот на надворешната страница, бидејќи во спротивно ќе се прикаже адресата (URL) на сајтот.
Референци без фусноти
уреди
Ако ставите надворешна врска во средни загради без да ставите опис, на пр. вака:
- [http://www.google.com]
ќе се прикаже линк до број во загради, вака: [1].
Ако едноставно внесете го сиот URL до страницата која сакате да ја поврзете, ќе добиете:
- http://www.google.com
Вики-софтверот автоматски ќе го третира овој текст како готова веб адреса, вклучувајќи го делот „http://“. Препорачано е да не го употребувате многу овој формат, бидејќи суровите URL адреси се грди и често не навестуваат што е всушност сајтот.
Ако внесете празно место по URL во средни загради, можете да одлучите кој текст ќе биде видлив, на пример:
- [http://www.google.com Google пребарувач]
ќе го направи видлив само текстот по празното место, а сепак врската ќе си остане, како што се гледа овде:
- Google пребарувач
Одбегнете ја оваа употреба: „Според [2], последната полна месечина на вториот милениум се случила на 11 декември, 1999.“ Тоа заменете го со: „Последната полна месечина на вториот милениум се случила на 11 декември, 1999.[3]“
Ако не употребувате ref ознаки за создавање на фусноти за изворот, туку директно го наведувате изворот (на пр. некоја конкретна книга) мора исто да додадете листа на Референци или Извори или Забелешки и референци блиску до дното на статијата.
Секцијата надворешни врски
уреди
Многу статии на Викиизвор имаат посебна секција со ознака Надворешни врски. Оваа секција е за поврзување со вебсајтови кои даваат значајни и веродостојни дополнувачки информации за темата на статијата. Пред да додадете некој вебсајт до секцијата Надворешни врски, треба да го предложите истиот на страницата Разговор за таа статија.
|