Викиизвор:Почетен курс (Обликување на статиите)

Оваа статија е дел од
почетниот курс
на Викиизвор.
Лекции

Почеток
Уредување на статиите
Обликување на статиите
Викиврски
ВикиПроекти
Надворешни врски
Страници за разговор
Не заборавајте
Регистрирање
Заклучок

Видете уште
Помош:Содржина


За уредување на интернет страници обично се потребни предзнаења од HTML, додека на Викиизвор тоа не е потребно.

Викиобликување

Пишувањето статии на Викиизвор се разликува од пишувањето во стандардните уредувачи на текст од типот на OpenOffice.org Writer или Microsoft Word (каде употребуваме стилови, а на екранот гледаме како ќе изгледа текстот на хартија).

Википедија употребува едноставен систем на означување:

1. Задебелeни букви - задебелениот фонт (болд) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу шест симбола за апостроф (три од едната и три од другата страна на текстот).

2. Закосени букви - закосениот фонт (италик) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу четири симбола за апостроф (два од едната и два од другата страна на текстот).

Овие две обликувања функционираат на ист начин било каде во текстот.

Внесувате Добивате
''закосено'' закосено

'''задебелено'''

задебелено

'''''закосено и задебелено'''''

закосено и задебелено

3. Насловите се добиваат со вметнување на ==саканиот наслов== меѓу два симбола за еднаквост (два од едната и два од другата страна), но симболите мора да бидат на почетокот на редот.

4. Соодветните поднаслови се добиваат со ===три=== или ====четири==== симбола за еднаквост.

Внесувате Добивате

== Наслов ==

Наслов

=== Поднаслов ===

Поднаслов

Почеток на статиите

Статиите обично почнуваат со името на статијата напишано со задебелени букви, а потоа следува кратка дефиниција за поимот за кој се говори, како што е и вообичаено и во останатите печатени или електронски енциклопедии. На пример, статијата за Алберт Ајнштајн започнува вака:

Алберт Ајнштајн (Улм, 14 март 1879 – Принстон, 18 април 1955) бил теоретски физичар кој нашироко се смета за најголемиот научник на 20-от век...

Друга Викиизвор конвенција е да се закосат имињата ако се однесуваат на наслов на книга, филм, албум или компјутерска/видео игра. Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на книга или филм, се користи задебелен и закосен текст. На пример, статијата за 2001: Вселенска Одисеја (филм) започнува вака:

2001: Вселенска Одисеја (анг. 2001: A Space Odyssey) е научно-фантастичен филм од 1968 година режиран од Стенли Кјубрик, кој заедно со Артур Ч. Кларк е и автор на сценариото.

Најчесто се препорачува имињата на трудови (на пример, научна статија), подглавија (на пр. во книга), песни или телевизиски епизоди да бидат споменати во „наводници“ наместо да видат закосени. Притоа, внимавајте да ги корисите македонските наводници („“), кои се разликуваат од англиските ("").Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на едно од горенаведените работи, се користи „задебелен текст во наводници“. На пример:

Кој кого набљудува?“ е името на последната епизода од првата сезона на американската телевизиска серија Вовед во анатомија.


Испробајте што научивте во песокот


Продолжете го курсот со викиврски