Викиизвор:Цитирајте извори
Викиизвор е библиотека која секој може да ја уредува. Бидејќи технички секој може да напише било што, потребно е информациите кои ќе се најдат во нејзините статии да бидат веродостојни: да не потекнуваат од сопствени истражувања, туку од сигурни и веродостојни извори. Затоа се наметнува потребата од проверливост на содржината — за да се провери колку е таа содржина вистинита, но и за да дојде до повеќе информации во врска со дадената тема. Било која статија која се стреми да биде добра или одлична мора да ги цитира своите извори.
Цитирањето на извори се врши со помош на референци. Референца претставува краток текст кој уникатно посочува кон одреден извор на информации.
Пример:
- Б. Видоевски: Правопис на македонскиот литературен јазик. Просветно дело, Скопје, 1998
Комплетната листа на изворите од коишто се цитира е сместена на крајот од статијата (пред секцијата „Надворешни врски“) во секција со наслов ==Референци== (или алтернативно: ==Извори==, ==Наводи==, ==Цитирана литература== или само ==Литература== — ова е на избор на уредувачот).
Ова напатствие покажува:
- Кога има потреба да се цитираат извори — Во изданија со енциклопедиски карактер, изворите треба да бидат цитирани при додавање на материјал преземен од други извори на информации. Во спротивно, наведеното тврдење или содржина се смета за произволна и непотврдена, а со тоа се оспорува нејзиниот научен каректер
- Како да се презентираат изворите во статијата — Цитатите обично се прикажани во статиите преку една од методите опишани подолу во секцијата за презентација од ова напатствие. Во рамките на една статија треба да се користи ист начин на цитирање - ако статијата веќе има неколку цитати, уредувачот треба да го користи методот кој веќе е во употреба или да бара консензус пред да го промени.
- Како да се форматираат референците — Препораките за цитирање кои се дадени во текстот што следи треба да се почитуваат. Овде прикажаниот начин на цитирање на изворите на информации не е единствениот постоен. Затоа многу поважно е со цитирањето на изворите на информации за читателите на Викиизвор да овозможите проверливост нејзините содржини. Затоа додадете го Вашиот извор дури и кога не сте сигурни како правилно да го форматирате цитатот, но обидете се да додадете доволно информации за да тој може да се идентификува, а останатите членови на Вики заедницата ќе го поправат форматирањето.
Краток преглед
уредиЦитирање со фусноти
уредиНајчест (и најпожелен) начин на цитирање на изворите на информации во Викиизвор е со користење на фусноти. Основните чекори кои треба да се преземат за да се направи тоа се следните:
- Веднаш по текстот на кој сакате да му придружите извор се додава <ref>овде детали за цитираното дело</ref>. Овој цитат ќе се појави како горен индекс до зборот кој му претходи.
- Доколку внесувате нова страница, или пак, додавате прва фуснота кон постојна страница, тогаш додадете го и следниот го и следниот код на крајот на страницата:
==Референци==
<references />ИЛИ ==Референци==
{{reflist}}
- Сите цитати кои ќе ги наведете на дадената страница ќе се јават при дното на таа страница и ќе бидат излистани заедно со другите фусноти. Со одбирање на бројот на горниот индекс (кој претставува дадена референца) читателот ќе биде однесен до референцата за соодветниот извор на информации.
На пример, го внесуваме овој код:
Во масакрот загинале 42 жени.<ref>Трпе Трпковски: ''Марсовскиот масакр''. Најдобри издавачи, Скопје, 2009, стр. 42.</ref>
== Референци ==
{{reflist}}
А, тоа ќе изгледа вака:
Во масакрот загинале 42 жени.[1]
Референци
- ^ Трпе Трпковски: Марсовскиот масакр. Најдобри издавачи, Скопје, 2009
Општо цитирање
уреди- Ако работите на нова страница (статија), или пак, додавате референци кон некоја постојна страница, на крајот на текстот додадете ги го и следниот код:
- ==Референци==
- * детали за цитираните извори
Цитатите кои ќе ги наведете во вашата статија ќе се појават при дното на страницата и ќе бидат излистани во форма на подточки.
На пример, го внесуваме овој код:
Во масакрот загинале 42 жени.
== Референци ==
*Трпе Трпковски: ''Марсовскиот масакр''. Најдобри издавачи, Скопје, 2009
А, тоа ќе изгледа вака:
Во масакрот загинале 42 жени.
Референци
- Трпе Трпковски: Марсовскиот масакр. Најдобри издавачи, Скопје, 2009
1. Учебник по претприемништво и мал бизнис 2.https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B8_%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0
Како да се презентираат изворите
уредиОпштo наведување извори
уредиАко некој извор покрива значителен дел од материјалот во една статија, понекогаш можеби е прифатливо да се додаде цитирањето на крајот. Служи како општа референца, неповрзана со некој поспецифичен дел од статијата. Ова е посоодветно за релативно неразвиени статии или за оние статии кои покриваат доста тесна тема.
Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата. За неа се потребни сончева светлина и хлорофил. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.
== Референци ==
*С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005.
*А. Иванова, З. Томовски: ''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001.
Вака ќе изгледа горниот код откако ќе ја зачувате страницата (забележете како се закосени насловите на книгите):
Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата. За неа се потребни сончева светлина и хлорофил. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.
Референци
- С. Стојчевски: Ботаника. Просветно дело, Скопје, 2005
- А. Иванова, З. Томовски: Физиологија на растенијата. Топер, Скопје, 2001
Наведување извори паралелно со текстот од статијата
уредиПолни фусноти
уредиМногу статии на Викиизвор, особено поразвиените статии и оние кои ги задоволуваат критериумите за добра или избрана статија, ги цитираат нивните извори во фусноти. Цитирањето на извори парелелно со текстот од статијата преку во овој метод се појавува како мали кликабилни бројки во внатрешноста на текстот кои водат до набројана листа од полни цитати на крајот од статијата.
За одредена референца да се појави во фуснота, треба да биде опкржена со „ref“ ознаки. Можете да ги додадете овие ознаки со внесување на <ref> на почетокот на референцата и со </ref> на крајот. Алтернативно можете да забележите дека во алатникот (на дното од страницата за уредување) има листа на код кој автоматски може да внесе, вклучувајќи ги ознаките <ref></ref> - ако го селектирате цитирањето на изворот и ако стиснете на оваа ознака, таа автоматски ќе го затвори Вашиот цитат во ref ознаки. Изборно, можете да додадете име на референцата преку атрибутот name: <ref name="име">деталите за цитирањето</ref>. По ова, можете истата фуснота да ја употребите повеќепати само преку додадавање на <ref name="име"/>.
Полната референца ќе се јави во додатокот на статијата, во секција со наслов „Референци“ или „Наводи“. Ако овој додаток не постои, создадете го преку создавање на секцијата ==Референци== и поставете или <references/> или {{Reflist}} во таа секција. Ова автоматски ќе ја генерира листата на фусноти.
Примеров долу покажува како ова би изгледало во кутијата за уредување:
Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.<ref>С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005, стр.112</ref> За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.<ref>А. Иванова, З. Томовски:''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001, стр.62</ref> Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.<ref>С. Стојчевски: ''Ботаника'', . Просветно дело, Скопје, 2005, стр.57</ref>
==Референци==
<references/>
Овде е прикажано како ќе изгледа текстот во статијата откако ќе ја зачувате страницата:
Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.[1] За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.[2] Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.[3]
Референци
Скратени фусноти
уредиМногу статии користат скратена верзија за цитатот во фуснотата, давајќи го само авторот, годината (или насловот) и бројот на страниците. Како и порано, листата на фусноти автоматски се создава во секција со наслов „Фусноти“ или „Белешки“. Потоа во друга секција наречена „Референци“ се додаваат полните цитати. Краткиот цитат и полниот цитат можат да бидат поврзани така што читателот може да кликне на кратката фуснота и да му се обележи полниот цитат.
Скратените фусноти се користат заради неколку причини: тие му дозволуваат на уредувачот да цитира повеќе различни страници од истиот извор без да го копира целиот полн цитат; се избегнува долгиот текст во кодот на статијата од полните цитати; ги доведуваат полните цитати во еден кохерентен блок од код (наместо да се раштркани низ целиот текст) што овозможува да бидат подредени по азбучен ред, а полесно е и поправањето на полните цитати одеднаш (на пример, додавање на ISBN број или друг детаљ); една фуснота може да содржи повеќе цитати, а со ова се избегнуваат долгите колони на фуснотни обележувачи.
Подолу е прикажано како изгледа прозорецот за уредување при додавањето на „скратени фусноти“ во една статија:
Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.<ref>Стојчевски 2005, стр.112.</ref>
За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.<ref>Иванова, Томовски 2001, стр.62.</ref>
Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.<ref>Стојчевски 2005, стр.57.</ref>
== Фусноти ==
{{Reflist|2}}
== Референци ==
*С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005.
*А. Иванова, З. Томовски:''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001.
Вака ќе изгледа статијата откако ќе се зачуваат промените:
Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.[1] За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.[2] Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.[3]
Фусноти
Референци
- С. Стојчевски: Ботаника. Просветно дело, Скопје, 2005
- А. Иванова, З. Томовски: Физиологија на растенијата. Топер, Скопје, 2001
Скратените фусноти кои користат наслови наместо датуми на издавање можат да изгледат вака во статијата:
Фусноти
Како да се форматираат референците
уредиПостојат повеќе начини како може да се форматираат цитатите на изворите. Неколку примери за тоа на каков начин тоа може да се направи се дадени подолу.
Книги, учебници, практикуми
уредиКниги, учебници и случни публикации може да се цитираат на следниов начин:
- автор(и),
- назив на книгата,
- издание (ако не е прво),
- издавач, седиште на издавачот,
- година на издавање.
Примери:
- Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, Р. Угринова-Скаловска, Правопис на македонскиот литературен јазик, 14-то издание, Просветно дело, Скопје, 1999.
- T. Kohonen, Self-Organizing Maps, 3rd Edition, Springer, Berlin, 2001.
Доколку станува збор за книга која е уредувана од еден или повеќе уредници, а содржината нејзина е пишувана од повеќе автори, во тој случај цитирањето се врши на следниот начин:
- Уредник/ици, Назив на книгата, издание (ако не е прво), Wiley-VCH, Weinheim, 2003.
Пример:
- Gasteiger J., Engel T. (eds.), Chemoinformatics, Wiley-VCH, Weinheim, 2003.
Доколку е познат ISBN (International Standard Book Number) бројот тогаш може да се додаде на крај на цитатот:
- Gasteiger J., Engel T. (eds.), Chemoinformatics, Wiley-VCH, Weinheim, 2003. ISBN 3-527-30681-1
Доколку се повикувате на текст кој се наоѓа на дадена страница од книгата која ја цитирате, тогаш на крајот од цитатот се додава и бројот на страницата на која се наоѓа текстот на кој се повикувате.
Пример:
- M. Lampić, Mali rečnik tradicionalnih simbola, Libretto, Beograd, 1999, 45.
Бројот 45 во претходниот пример претставува бројот на страницата на која се наоѓа текстот на кој се повикувате.
Напомена: Кога станува збор за цитирање на книги (учебници, прирачници, монографии и сл.) при цитирањето дозволено да се запишува и само името и презимето на првиот автор. Сепак, многу подобар и поеднозначен начин на цитирање е доколку се наведат сите автори на делото.
Цитирање на статии од списанија
уредиЦитирање на статија објавена во научно списание
уреди- имиња на авторите,
- наслов на статијата,
- назив на списанието (со коси букви),
- том, број (доколку списанието користи броеви), година, и бројот на почетната страница.
Пример:
- R.W. Jamieson, R.G.V. Hancock, Neutron Activation Analysis of Colonial Ceramics from Southern Highlands Ecuador, Archaeometry, 46 (2004) 596.
Напомена: Понекогаш насловот на статијата се изоставува.
Цитати на статии преземени од дневни и неделни весници
уреди- име на авторот,
- наслов на статијата
- назив на весникот со коси букви,
- датум на издавање,
- страници (од - до),
- и коментар на датумот кога е прочитана статијата на интернет (доколку до статијата е пристапено само преку интернет).
Пример:
- К. Зографска, Социјални мобилни мрежи, Клуб 360, ноември 2008, 12-13.
Цитати од веродостојни интернет извори на информации
уредиЦитирањето на ваков тип на извори на информации вклучува наведување на:
- имиња на авторите,
- наслов на статијата,
- назив на интернет страницата (поврзан со конкретната статија која се цитира),
- датум на издавање,
- страници од-до (доколку постојат),
- датум кога информацијата последен пат е проверена на интернет.
Пример:
- А. Петрова, Осветен Спомен-домот на Мајка Тереза, Дневник, 31 јануари 2009 (пристапено на 1 февруари 2009).