Неемија (вики-превод)
Езра | Нехемија Библија од н.п. |
Естер |
Вики-превод. |
Глава 1
уредиМолитвата на Нехемија.
уреди1Зборовите на Нехемија[1], синот на Хахалија[2]:
„Во месецот кислев[3], во дваесеттата година, додека бев во престолнината Суса[4].2Ханани[5], еден од моите браќа, заедно со неколкумина други луѓе, дојде од Јуда и јас ги распрашав за остатокот од Евреите, за оние кои го преживеаја прогонството, и за Ерусалим.
3А тие ми рекоа: ’Оние кои го преживеаја прогонството, таму во областа, живеат во голема мака и немилост. Ѕидот на Ерусалим е разурнат, а портите со оган се изгорени.'
4Кога слушнав за овие работи, седнав да плачам и тагувам. Со денови постев и се молев пред небесниот Бог.
5Тогаш реков:
’О ГОСПОДИ, Боже на небесата, Боже велик и страотен, Ти Кој се држиш до заветот и љубовта со оние што Те сакаат и ги исполнуваат Твоите наредби,
6нека внимава сега увото Твое, очите Твои нека бидат отворени, за да ја слушнеш молитвата од Твојот слуга, која ја кажувам пред Тебе ден и ноќ за народот на Израел - слугите Твои! Ги признавам гревовите на народот Израелов, признавам дека грешевме против Тебе. Дури и јас и домот на моите татковци грешевме.
7Лошо, многу лошо се однесувавме кон Тебе. Не ги исполнувавме наредбите, указите и законите кои му ги даде на Мојсеј, слугата Твој.
8Потсети се сега на упатството што му го даде на Мојсеј, слугата Твој: ’Неверни сте ми и Јас ќе ве распрснам[6] меѓу народите!
9Но вие вратете се кај Мене, потчинувајте се на Моите наредби и извршувајте ги! Дури и ако сте прогонети до крајот на небесата, и од таму ќе ве приберам и ќе ве доведам во местото кое го одбрав да биде пребивалиште на Моето име.'
10А тие се Твои слуги, Твој народ, кој го избави со Твојата голема сила и Твојата моќна рака.
11О Господи, нека биде внимателно сега увото Твое за молитвата на Твојот слуга, за молитвата на слугите Твои, оние кои со задоволство го почитуваат Твоето име. Дај му денеска успех на Твојот слуга, обдари го да има наклоност пред овој човек.', а јас му бев пехарник[7] на царот.“
Глава 2
уредиАртаксерксес го испраќа Нехемија во Ерусалим.
уреди1И тогаш, во месецот нисан[8], во дваесеттата година на царот Артаксерксес, виното беше пред него, а јас го зедов виното и му го подадов на царот. До тој момент не бев се појавувал тажен во негово присуство,
2па царот ме праша: „Зошто ти е тажно лицето, кога не си болен? Ова не е ништо друго туку тага во срцето“.
Јас многу се уплашив,
3но му реков на царот: „Нека е жив царот довека. Како да не ми биде тажно лицето кога градот, местото каде што се гробовите на моите татковци, лежи во урнатини, а портите негови со оган се уништени.“
4Царот ми рече: „Што бараш од мене?“,
тогаш Му се помолив на небесниот Бог
5и му одговорив на царот: „Ако му е така по волја на царот и ако слугата ваш нашол милост пред вас, испратете ме во Јудеја, во градот каде што се гробовите на моите татковци, за да го обновам.“
6Тогаш царот, со царицата седната крај него, ме праша: „До кога ќе трае твоето патување и кога ќе се вратиш?“, па се смилува царот и ме испрати, а јас го одредив времето.
7Покрај тоа го прашав царот: „Ако му е така угодно на царот, нека ми даде писма за управителите на областа *Транс - Еуфратија, што ќе ми обезбедат безбеден премин сѐ додека стигнам во Јуда,
8писмо за Асаф, чуварот на царските шуми, за да ми даде граѓа да направам греди за портите на тврдината околу храмот, за градскиот ѕид и за дворецот во кој јас ќе отседнам.“ И царот ги удоволи моите барања, затоа што раката Божја милостиво беше над мене.
9Така јас тргнав кај управителите на Транс - Еуфратија и им ги дадов писмата од царот, а тој со мене беше испратил воени старешини и коњаници.
10Кога слушнаа Хорониецот[9] Санваллат[10], и Амониецот Товија[11], кој беше човек од власта, се вознемирија, многу се вознемирија, затоа што доаѓа некој што ќе се застапува за доброто на синовите Израелеви.
Нехемија ги разгледува ѕидините на Ерусалим.
уреди11Јас отидов во Ерусалим и останав таму три дена.
12Станав ноќе, јас и неколкумина со мене, и не кажав никому што мојот Бог ми беше ставил на срце да направам за Ерусалим. Немаше друг коњ[12] со мене освен оној на кого јас јавав.
13Излегов ноќе низ портата во долината кон Шакаловиот[13] извор, и се упатив кон порта крај буништата. Ги разгледав разурнатите ѕидини на Еруслим и портите изгорени од оган.
14Се упатив кон портата крај изворот и кон царското складиште за вода, но за коњот под мене немаше место каде да помине.
15Така одев некое време низ долината ноќе и го разгледував ѕидот, па се свртев, повторно влегов низ портата во долината и се вратив назад.
16Властите не знаеја ниту каде одев, ниту што правев, затоа што ниту на Евреите, ниту на свештениците, ниту на благородниците, ниту на властите или на некој друг што зеде учество во работата, сѐ уште ништо не им бев кажал.
17Тогаш им реков: „Гледате на каква мака сме. Ерусалим лежи во урнатини, а неговите порти со оган се изгорени. Дојдете да го обновиме ѕидот на Ерусалим и веќе нема да бидеме во немилост!“
18Исто така им раскажав како раката на мојот Бог беше милостиво над мене и им ги пренесов зборовите кои царот ми ги беше кажал.
Тие одговорија: „Да почнеме и да го обновиме!“ И така нивните раце ја започнаа оваа добра работа.
19Тогаш слушнаа Хорониецот Санваллат, Амониецот Товија, кој беше човек од власта, и Арапот Гешем, па ни се потсмеваа и подбиваа. Нѐ прашаа: „Што е ова што го правите? Против царот ли ќе се бунтувате?“
20Јас им дадов одговор и им реков: „Небесниот Бог ни даде напредок и ние, Неговите слуги, ќе почнеме со обновата. А вие немате ниту дел, ниту право, ниту пак такво право сте имале во Ерусалим.“
Глава 3
уредиГрадители на ѕидините.
уреди1И така, првосвештеникот Елијашив и неговите пријатели, свештениците, се фатија за работа и ја обновија Овчјата[14] порта. Ја посветија и ги наместија нејзините врати. Посветија сѐ до кулата на Стоте[15] и до кулата на Хананел[16].
2До нив градеа луѓето од Ерихон[17], а до нив градеше Заккур, синот на Имри.
3Рибјата[18] порта ја обновија синовите на Хассенаа. Ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.
4До нив поправаше Меремот, синот на Урија, син на Хаккос, до нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, син на Мешезавел, а до нив поправаше Садок, синот на Баана.
5До нив поправаа жителите на Текоа[19], но нивните благородници не подметнаа рамо да работат за својот Господ.
6Портата на Јешана[20] ја поправи Јојада, синот на Пасеа и Мешуллам, синот на Бесодеја. Тие ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.
7До нив поправаше гивеонецот Мелатија и меронотиецот Јадон, луѓе од Гивеон и Миспа, места кои се под власта[21] на управникот на Транс - Еуфратија.
8До нив поправаше Узиел, синот на Хархаја, кои беа златари, а до него поправаше Хананија, кој произведуваше миризливи масла, и тие го обновија Ерусалим сѐ до Широката порта.
9До нив поправаше Рефаија, синот на Хур[22], управител на половината од Ерусалимскиот округ.
10До нив, спроти сопствената куќа, поправаше Једаија, синот на Харумаф, а до него поправаше Хаттуш, синот на Хашавнеја.
11Малкија, синот на Харим, и Хашшув, синот на Пахат Моав, го поправија наредниот дел и Кулата на печките.
12До нив поправаше Шаллум, синот на Халлохеш, управител на половината од Ерусалимскиот округ, тој и неговите ќерки.
13Портата во долината ја поправија Ханун и жителите на Зеноа. Тие ја изѕидаа, ги поставија вратите, резињата и лостовите. Поправија и илјада лакти[23] од ѕидот, сѐ до портата на буништата.
14Портата на буништата ја поправи Малкија, синот на Рехав, управител на округот Бет Хаккерем[24]. Тој ја обнови и ги постави вратите, резињата и лостовите.
15Портата на изворот ја поправи Шаллун, синот на Кол Хозе, управителот на округот Миспа. Тој ја обнови, ѝ направи покрив, ги постави вратите, резињата и лостовите. Го поправи и ѕидот на складиштето за вода Шела[25], покрај царската градина, сѐ до скалите што се симнуваа од Давидовиот град.
16После него поправаше Нехемија, синот на Азбук, управител на половината од округот Бет Зур, сѐ до горе спроти Давидовите гробници[26], до вештачкото складиште за вода и до Куќата на Хероите[27].
17До него поправаа Левитите предводени од Рехум, синот на Бани. До него, за својот округ, поправаше Хашавија, управителот на половината од округот Кеила.
18До него поправаа селаните предводени од Баввај[28], синот на Хенадад, управителот на половината од округот Кеила.
19На страна од нив поправаше Езер, синот на Јешуа, управителот на Миспа, од нагорнината, па сѐ до оружарницата на аголот.
20До него ревносен во поправањето беше Барух, синот на Заббај, на еден друг дел, од аголот, па сѐ до влезот во домот на првосвештеникот Елијашив.
21До него поправаше Меремот, синот на Урија, синот на Хаккос, наредниот дел, од влезот во домот на Елијашив, па сѐ до крајот на неговиот дом.
22До него поправаа свештениците, луѓе од околните области.
23После нив поправаа Бенјамин и Хашшув, пред своите куќи. До нив, покрај сопствената куќа, поправаше Азарија, синот на Маасеја, синот на Ананија.
24До нив поправаше Биннуј, синот на Хенадад, еден друг дел, од домот на Азарија па до свиокот и до аголот.
25Палал, синот на Узија, работеше спроти аголот на кулата, која се издига од горниот царски дворец[29], близу до дворот на стражарите. До него беше Педаија, синот на Парош,
26и слугите во храмот кои живееја во Офел. Тие поправаа сѐ до спроти Водната порта[30] кон исток и кулата што се таму се издига.
27После нив текојците[31] го поправаа наредниот дел, од пред големата кула што се издига, па сѐ до ѕидот на Офел.
28Над Коњската порта поправаа свештениците, секој пред својата куќа.
29До нив поправаше Садок, синот на Иммер, спроти својата куќа, а до него поправаше Шемаија, синот на Шеханија, чуварот на Источната порта[32].
30До него наредниот дел го поправаа Хананија, синот на Шелемија, и Ханун, шестиот син на Залаф. До нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, спроти соседството во кое живееше.
31До него поправаше Малкија, син на златар, сѐ до куќата на храмските слуги и трговците, од спроти портата за проверка, па сѐ до просторот над аголот.
32А меѓу просторот над аголот и Овчјата порта[33] поправаа златарите и трговците.
Глава 4
уредиСпротивставување на обновата.
уреди1Кога слушна Санваллат дека ние го обновуваме ѕидот, многу се налути и се разгневи. Им се потсмеваше на Евреите,
2и рече во присуство на неговите придружници и војската на Самарија: „Што прават кутрите[34] Евреи? Ѕидот ли ќе го обноват? Жртви ли ќе принесуваат? Ќе завршат ли за еден ден? Можат ли повторно да ги оживеат изгорените камења, од купиштата шут?“
3А Амониецот Товија, стоејќи до него, рече: „Ете, тоа што тие го градат, тој ѕид од камења, лисица по него да се искачи - ќе го сруши.“
4Слушни нѐ Боже наш, затоа што сме презрени, и сврти го нивното подбивање на нивна глава. Предај ги да бидат плен во земја каде што ќе бидат заробеници.
5Не покривај ја нивната вина! Гревот нивни не бриши го од пред Себе, зашто на градителите[35] в лице навреди им сосипаа!
6Така ние го обновивме ѕидот. Целиот ѕид достигна до половината од својата височина, затоа што луѓето работеа од сѐ срце.
7Но кога Санваллат, Товија, Арапите, Амонијците и Ашдотците слушнаа дека поправањето на ѕидините на Ерусалим напредна и дека почнаа да се затвораат разурнатите делови, многу се разгневија.
8Направија заговор, сите заедно да дојдат, да се борат против Ерусалим, и да му напакостат.
9Но ние му се помоливме на нашиот Бог и заради нив поставивме стража, и дење и ноќе.
10Тогаш Јудејците рекоа: „Работниците ги издава силата, а има премногу шут и нема да можеме да го обновиме ѕидот.“
11Нашите непријатели исто така рекоа: „Нема ниту да дознаат, ниту да видат, кога ќе се најдеме меѓу нив и сите ќе ги убиеме. Така ќе ѝ ставиме крај на таа работа.“
12Тогаш дојдоа Евреите кои живеат близу до нив и десетпати ни повторија: „Каде и да се свртите, ќе нѐ нападнат!“
13Затоа зад најниските и најизложени места на ѕидот поставив луѓе, ги распоредив според нивните семејства со мечеви, копја и лакови.
14Откако разгледав наоколу, застанав и им реков на благородниците, службениците и остатокот од народот: „Не плашете се! Господ е голем и страотен. Запамтете го тоа и борете се за своите браќа, синови и ќерки, за своите жени и домови!“
15А кога слушнаа нашите непријатели дека знаеме за нивната намера и Бог го осуети нивниот заговор, сите повторно се вративме во обнова на ѕидот, секој на својот дел од работата.
16Од тој ден, половината од моите луѓе работеа, додека половината беа вооружени со стрели, штитови, лакови и оклопи, а воените старешини стоеја зад целиот Јудин дом,
17зад сите што го градеа ѕидот, што носеа граѓа и полнеа, половината од нив работејќи, а половината со оружје в рака.
18А и оние што градеа, секој на половината имаше опашано меч и така работеше. Оној што даваше тревога со трубата одеше со мене.
19Тогаш им реков на благородниците, службениците и на остатокот од народот: „Работата е обемна и растегната, а ние сме распрснати по ѕидините, далеку еден од друг.
20Таму каде што ќе го слушнете звукот на трубата, таму придружете ни се. Нашиот Бог ќе се бори за нас.
21Така работевме, половината од нас со копја в рака, од в зори, па сѐ додека не се појават ѕвездите.
22Во тоа време им го кажав и на луѓето и ова: „Секој маж и неговиот помошник нека ноќева во Ерусалим, за да ни служи ноќе како стражар, а дење како работник.“
23И ниту јас, ниту моите браќа, ниту моите луѓе, ниту стражата со мене, не се соблекувавме. Секој беше со своето оружје дури и кога одеше[36] по вода.
Глава 5
уредиНехемија им помага на сиромашните.
уреди1Но пропиштеа силно мажите и жените против своите еврејски браќа.
2Имаше такви кои што велеа: „Ние, нашите синови и ќерки сме многумина. Мора да добиеме жито, за да јадеме и да останеме живи.“
3Имаше и такви кои што велеа: „Ги заложивме нивите, лозјата и домовите, за да дојдеме до жито во времето на гладта.“
4Имаше и такви кои што велеа: „Позајмивме пари за да го платиме царскиот данок на нашите ниви и лозја.
5А и нашите тела се исти како телата на нашите сонародници. И нашите синови се како нивните синови. И ете, сега ние мораме нашите синови и ќерки да ги дадеме во ропство. Некои од нашите ќерки веќе се во ропство, а ние сме немоќни, затоа што нашите ниви и лозја им припаѓаат на други луѓе.“
6Кога ја слушнав оваа пискотница и овие обвинувања, многу се налутив.
7Откако убаво размислив, ги обвинив благородниците и службениците, и им реков: „Вие земате лихва од вашите сонародници!“ Па свикав против нив големо собрание,
8и им реков: „Ние, колку што можевме побрзо, ги откупивме нашите браќа Евреи од паганските народи. Сега вие пак ги продавате вашите браќа, за повторно да ни ги продаваат назад!“ И тие молчеа, зашто не знаеа што да кажат.
9Па реков: „Не е исправно тоа што го правите! Зарем не треба да чекорите во страв од нашиот Бог, и така да го избегнете потсмевањето од паганите, нашите непријатели?!
10И јас, и моите браќа и моите луѓе сме им позајмувале пари и жито. Да го прекинеме сега ова лихварство!
11Уште денеска да им ги вратите нивите, лозјата, маслините и куќите, и стоти дел од парите, житото, младото вино и маслото со кое ги теретите!“
12А тие рекоа: „Ќе им ги вратиме, и ништо нема да им бараме. Како што рече, така ќе постапиме.“
Тогаш ги свикав свештениците и ги натерав за ова да дадат ветување и да се заколнат.
13Потоа си ја истресов наметката и реков: „Вака да го истресе Бог секој човек кој нема да се држи до ова ветување од неговата куќа и неговиот имот! Нека биде истресен и празен!“ И целото собрание рече: „Амин[37].“
Потоа Го славеа ГОСПОД и го исполнија ова ветување.
14А згора на тоа, уште од денот кога бев назначен на бидам управител на земјата Јудина, од дваесеттата година, па сѐ до триесет и втората година на царот Артаксерксес, дванаесет години, јас и моите браќа не јадевме храна земена како данок за управителот.
15Поранешните управители, оние што беа пред мене, ставија тешко бреме врз народот и земаа од нив покрај четириесетте шекели[38] сребро уште и храна и вино, а и нивните помошници се однесуваа како господари над народот. Но јас, од почит кон Бог, не се однесував така.
16Напротив, јас му се посветив на градењето на ѕидините. Сите мои луѓе беа таму собрани за таа работа и не се здобивме[39] со земја.
17На тоа згора уште сто и педесетмина Евреи, службеници и оние што доаѓаа кај нас од околните народи, се собираа на мојата трпеза.
18Секој ден за мене се подготвуваше по еден вол, шест одбрани овци и домашни птици, а на секои десет дена имаше обилни количини вино од сите видови. Но и покрај тоа, јас не побарав данок во храна, како што бараа управителите, зашто тоа тешко би го погодило овој народ.
19Помни ме со милост, Боже мој, заради сѐ што јас направив за овој народ.
Глава 6
уредиПонатамошно спротивставување на обновата.
уреди1Откако слушнаа Санваллат, Товија, Арапот Гешем и останатите наши непријатели дека јас ги обновив ѕидините и не остана на нив разурнато место, иако до тоа време не бев ги поставил вратите на портите,
2ми ја испратија Санваллат и Гешем оваа порака: „Дојди да се сретнеме во едно[40] од селата во рамницата Оно.“
Но тие имаа намера да ми напакостат.
3Затоа јас испратив гласник за да им пренесе: „Јас раководам со голем потфат и не можам да слезам долу. Зошто да се прекинува работата додека јас ја напуштам и доаѓам долу кај вас?“
4Четири пати ми праќаа вакви пораки и јас четири пати им давав слични одговори.
5Петтиот пат Санваллат ми го прати сопствениот слуга со слична порака и со неиспратено писмо в рака,
6во кое пишуваше:
„Се расшири глас меѓу народите, а и Гашму[41] јавува дека ти, заедно со Евреите, подготвувате бунт и затоа ги обновувате ѕидините. Уште се зборува дека ќе си им станал цар.
7Дури и пророци си назначил да разгласуваат за тебе и да велат во Ерусалим: ’Цар има во Јуда!' Сега сето ова ќе му биде јавено на царот, затоа веднаш дојди, за да се договориме!“
8Одговорот што му го испратив беше: „Ништо слично на тоа што го велиш не се случува, туку сѐ ти самиот си измислил.“
9Сите тие се обидуваа да нѐ исплашат, велејќи си: „Ќе им ослабнат рацете и нема да ја завршат работата.“, затоа сега дај им сила (Боже) на рацете мои.
10Отидов во домот на Шемаија, синот на Делаја, син на Мехетавел. Тој се беше затворил дома и ми рече: „Да се сретнеме во Божјиот дом, внатре во храмот и да ги затвориме вратите на храмот, зашто се подготвуваат да те убијат, ноќе ќе дојдат луѓе за да те убијат.“
11Но јас реков: „Зарем човек како мене да бега!? Зарем некој како мене да оди во храмот и да си го спасува животот!? Нема да одам!“
12И сфатив дека не го испрати Бог, туку го кажа тоа пророштво против мене затоа што го најмија Товија и Санваллат.
13Најмен беше за јас да се исплашам, да го послушам и така да направам грев. Тоа би им послужило за да ме оговараат и да го нарушат мојот углед.
14Спомни си Боже за Товија, за Санваллат и за овие негови постапки, за пророчицата Ноадија и останатите прорци кои се обидуваат да ме заплашат.
Довршување на ѕидините.
уреди15Така беа завршени ѕидините на дваесет и петтиот ден од месецот Елул, за педесет и два дена.
16Кога слушнаа сите наши непријатели и видоа сите околни народи, ја изгубија самодовербата[42], затоа што сфатија дека оваа работа беше направена со помош на нашиот Бог.
17Во тие денови, многу благородници од Јуда испраќаа писма за Товија, и од Товија доаѓаа писма за нив,
18затоа што многумина во Јуда му се беа заколнале, зашто тој му беше зет на Шеханија, синот на Арах, а неговиот син Јехоханан се ожени со ќерката на Мешуллам, синот на Берехија.
19Дури и ми кажуваа за неговите добрите дела и потоа моите зборови му ги пренесуваа, а Товија испраќаше писма за да ме заплаши.
Глава 7
уреди1Откако беа обновени ѕидините и јас ги поставив вратите, беа назначени вратари, пејачи и Левити.
2Го поставив над Ерусалим мојот брат Ханани, заедно[43] со Хананија, заповедникот на крепоста, затоа што тој беше непорочен човек и повеќе се плашеше од Бог од најголемиот број луѓе.
3Им реков: „Портите на Ерусалим не смеат да бидат отворени сѐ додека сонцето убаво не опече. Додека тие се на должност, нека ги затвораат вратите и нека ги поставуваат лостовите. Исто така назначете стражари од жителите на Ерусалим, некои на стражарски места, а некои близу до сопствените домови!“
4Градот беше широк и простран, а луѓе во него имаше малку и куќите сѐ уште не беа обновени.
5Затоа Бог ми стави на срце и јас ги собрав благородниците, службениците и народот за да ги попишам. Најдов запис за родословот на оние што први се вратија, и во него беше запишано:
6Ова се луѓето од областа што доаѓаат од заробеништво и прогонство, луѓето кои ги зароби Невухаднессар, царот на Вавилон, и се вратија во Ерусалим и Јуда, секој во својот град,
7заедно со Зерувавел[44], Јешуа, Нехемија, Азарија, Раамија, Нахамани, Морддахи, Билшан, Мисперет, Бигвај, Нехум, Баана,
список на луѓе од Израел:
- 8наследници на Парош - 2172,
- 9на Шефатија - 372,
- 10на Арах - 652,
- 11на Пахат Моав, преку синовите на Јешуа и Јоав - 2818,
- 12на Елам - 1254,
- 13на Затту - 845,
- 14на Заккај - 760,
- 15на Биннуи - 648,
- 16на Бевај - 628,
- 17на Азгад - 2322,
- 18на Адоникам - 667,
- 19на Бигвај - 2067,
- 20на Адин - 655,
- 21на Атер, преку Хезекија - 98,
- 22на Хашум - 328,
- 23на Безај - 324,
- 24на Хариф - 112,
- 25на Гивеон - 95,
- 26луѓе од Витлеем и Нетофа - 188,
- 27од Анатот - 128,
- 28од Бет Азмавет - 42,
- 29од Киријат Јеарим, Кефира и Веерот - 743,
- 30од Рама и Гева - 621,
- 31од Михмас - 122,
- 32од Бет Ел и Аи - 123,
- 33од другиот Нево - 52,
- 34од другиот Елам - 1254,
- 35од Харим - 320,
- 36од Јерихо - 345,
- 37од Лод, Хадид и Оно - 721,
- 38од Сенаа - 3930,
39свештеници: наследници на Једаија, преку семејството
- на Јешуа - 973,
- 40на Иммер - 1052,
- 41на Пашхур - 1247,
- 42на Харим - 1017,
- 43Левити: наследници на Јешуа, преку Кадмиел, преку синовите на Ходева - 74,
- 44пејачи: наследници на Асаф - 148,
- 45вратари: наследници на Шаллум, Атер, Талмон, Аккув, Хатита и Шовај - 138,
- 46слуги во храмот: наследници на Сиха, Хасуфа, Таббаот,
- 47Керос, Сиа, Падон,
- 48Левана, Хагава, Шалмај,
- 49Ханан, Гиддел, Гахар,
- 50Реаија, Ресин, Некода,
- 51Газзам, Узза, Пасеах,
- 52Бесај, Меуним, Нефишесим,
- 53Бакбук, Хакуфа, Хархур,
- 54Баслит, Мехида, Харша,
- 55Баркос, Сисера, Тамах,
- 56Несијах, Хатифа,
57наследници на Соломоновите слуги:
наследници на Сотај, Соферет, Перида,
58Јаала, Даркон, Гиддел,
59Шефатија, Хаттил, Похерет, Хассевајим, Амон,
60вкупно слуги во храмот и наследници на Соломоновите слуги - 392.
61А следните доаѓаат од Тел Мелах, Тел Харша, Керув, Аддон и Иммер, но не можеа да покажат дека семејствата на нивните татковци и нивните наследници потекнуваат од Израел:
62наследници на Делаја, Товија и Некода - 642.
63А од свештениците, наследници на Ховаја, Хаккос, Барзиллај, кој се ожени со една од ќерките на Барзиллај од Гилеад и го зеде името според својата жена.
64Тие побараа запис за себе каде што беа заведени по семејства, но не можеа да најдат, затоа беа исклучени од свештенство како нечисти.
65Затоа управителот им нареди да не смеат да јадат од најсветото од светите нешта, сѐ додека свештеник не послужи со Урим и Туммим.
66Сите заедно броеја 42360,
67не вклучувајќи ги тука нивните 7337 слуги и слугинки, и 245 пејачи и пејачки.
68Имаа 736 коњи[45], 245 мазги,
69435 камили и 6720 магариња.
70Некои од главите на семејствата допринесоа за работата. Управникот даде во благајната 1000 драхми[46] злато, педесет бокали и 530 свештенички наметки.
71Некои од главите на семејствата дадоа во благајната за оваа работа 20000 драхми[47] злато и 2200 мини[48] сребро.
72Останатите луѓе вкупно дадоа 20000 драхми[49] злато, 2000 мини[50] сребро и 67 наметки за свештениците.
73Свештениците, Левитите, вратарите, пејачите од народот, слугите во храмот и сите Израелци се населија во своите градови.
Кога дојде седмиот месец, синовите Израелеви веќе беа во своите градови.
Глава 8
уредиЕзра го чита Законот.
уреди1И се собра целиот народ, како еден човек, на плоштадот пред Водната порта, па му кажаа на Езра, познавач[51] на Законот, да ја извади книгата со Мојсеевиот Закон, кој ГОСПОД му го заповеда на Израел.
2На првиот ден од седмиот месец свештеникот Езра го донесе Законот[52] пред насобраните мажи, жени и сите што можат да чујат и разберат.
3Читаше од него, свртен кон плоштадот што е пред Водната Порта, од утро до пладне, во присуство на мажите, жените и сите што можеа да разберат, а вниманието на сите луѓе беше свртено кон Книгата на Законот.
4Езра, познавач на законот, стоеше на висока дрвена подлога, која ја изградија за таа намена. До него од десно стоеја Матитија, Шема, Анаија, Урија, Хилкија и Маасеја, а од лево Педаија, Мишаел, Малкија, Хашум, Хашбаддана, Зехарија и Мешуллам.
5Ја отвори Езра книгата пред очите на целиот народ, затоа што тој беше над сите нив, и како што ја отвори, сите станаа на нозе.
6Го прослави Езра ГОСПОД, великиот Бог, а сите луѓе одговорија: „Амин[53], амин!“, кревајќи ги рацете, па се клекнаа на колена и Му се поклонија на ГОСПОД со лицата до земја.
7А Левитите Јешуа, Бани, Шеревија, Јамин, Аккув, Шаббетај, Ходија, Маасеја, Келита, Азарја, Јозавад, Ханан и Пелаја ги поучуваа луѓето да го знаат Законот, додека тие стоеја на своите места.
8Читаа од Книгата на Божјиот Закон и го објаснуваа[54], му даваа смисла на прочитаното, за луѓето да можат да го разберат.
9Тогаш управителот Нехемија, заедно со Езра, свештеник и познавач на Законот, и Левитите кои го поучуваа народот, рече: „Овој ден е свет за ГОСПОД, вашиот Бог. Не плачете и не жалете!“, затоа што сите луѓе плачеа додека ги слушаа зборовите на Законот.
10Па им рече: „Одете, јадете одбрана храна, пијте слатки пијалоци и испратете им оброци и на оние кои немаат ништо приготвено, зашто денеска е свет ден за нашиот Господ. Не тагувајте, зашто радоста во ГОСПОД е вашата сила.“
11И Левитите го утешуваа сиот народ велејќи: „Молчете и не тагувајте, зашто ова е свет ден!“
12Тогаш сите луѓе отидоа да јадат, да пијат и да испратат оброци, да слават со голема радост, затоа што ги разбраа зборовите кои им беа објаснети[55].
13На вториот ден се собраа главите на семејствата од сиот народ, свештениците и Левитите околу Езра, познавач на Законот, за да им посветат внимание на зборовите на Законот.
14Најдоа дека во Законот е запишано, и е заповедано од ГОСПОД, преку Мојсеј, дека синовите Израелеви треба да живеат во колиби во текот на празникот во седмиот месец.
15Тоа го разгласија и раширија вест низ сите градови и во Ерусалим: „Излезете по ридиштата, донесете гранки од питоми и диви маслини, гранки од мирта, од палма и сенчести дрвја, за да направите колиби, како што е напишано!“
16Излегоа луѓето, донесоа гранки и направија колиби секој на својот покрив[56], во својот двор, во дворовите на Божјиот дом, на плоштадот пред Водната Порта или на плоштадот кај Ефраимовата Порта.
17Сите што се вратија од прогонство направија колиби и живееја во нив. Ете, уште од деновите на Јешуа, синот на Нун, сѐ до тој ден, синовите Израелеви не го беа славеле овој празник, затоа радоста беше многу голема.
18Ден за ден читаа од Книгата на Божјиот Закон, од првиот до последниот ден, и го славеа празникот седум дена. А на осмиот ден, како што е пропишано, направија собор.
Глава 9
уредиИзраелците ги исповедаат своите гревови.
уреди1И така, на дваесет и четвртиот ден од истиот месец се собраа синовите Израелеви со пост, со вреќишта и прав врз себе.
2Се издвоија наследниците Израелеви од сите синови на туѓинци, застанаа и ги признаа своите гревови и лошотијата на своите татковци.
3Четвртина од денот стоеја на своите места и читаа од Книгата на Законот на ГОСПОД, нивниот Бог, а четвртина од денот се исповедаа и го славеа ГОСПОД, нивниот Бог.
4А на скалите стоеја Левитите Јешуа, Бани, Кадмиел, Шеванија, Буни, Шеревија, Бани, Кенани и повикуваа со силен глас кон ГОСПОД, нивниот Бог.
5Левитите Јешуа, Кадмиел, Бани, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија, Петахија рекоа: „Станете, славете го ГОСПОД, вашиот Бог, Кој е од вечност до вечност:
’Нека биде благословено Твоето славно име, нека се издигне над сите благослови и славопои.
6Ти си единствениот ГОСПОДЕ. Сам си ги создал небесата, небото на небесата и сето нивно воинство, земјата и сѐ што е на неа, морињата и сѐ што е во нив. Ти на сите нив им даваш живот. Небесното мноштво Тебе ти се поклонува.
7Ти си ГОСПОД Бог, Оној што го одбра Аврам, го доведе од Ур халдејски, и му даде име Аврахам.
8Виде дека срцето негово Ти е верно и направи со него завет да му ја дадеш земјата на Канаанците, Хититите, Аморејците, Перизијците, Јевусијците, Гиргашијците - да им ја дадеш на неговите потомци. И го одржа своето ветување, зашто Ти си праведен.
9Го виде страдањето на нашите татковци во Египет, и плачот нивни го слушна покај Црвеното Море,
10па испрати знаци и чуда против фараонот, против сите негови службеници и против народот во неговата земја, зашто знаеше со каква дигноглавост постапуваа со нив. Така се прослави[57] сѐ до денешен ден.
11Морето го раздели пред нив и поминаа среде море по сува земја, а оние што ги прогонуваа ги фрли во длабочините како камен во моќните води.
12Со столб од облаци ги водеше дење, со столб од оган ноќе им даваше светло на патот по кој одеа.
13На планината Синај слезе и им проговори од небесата. Им даде правични уредби, праведни закони - укази и наредби добри.
14Им ја откри Својата света Сабота. Наредби, укази и закони им даде преку Мојсеј, слугата Твој.
15Леб од небесата им даде кога беа гладни и вода од карпата извади кога беа жедни. Им рече да одат и да ја запоседнат земјата за која си се заколнал[58] дека ќе им ја дадеше.
16Но тие, нашите татковци, станаа горделиви, тврдоглави[59] и не се покоруваа на твоите наредби.
17Одбија да слушаат и не си спомнуваа за чудата Твои што ги направи меѓу нив. Станаа тврдоглави и во нивната бунтовност си назначија водач за тој пак да направи од нив робови. Но Ти си Бог што простува, милостив, жалежлив, спор на гнев и преполн со љубов, и затоа не ги напушти.
18Дури и кога си излеаја теле и рекоа: ’Ова е твојот бог, кој те изведе од Египет', и правеа страшни богохулства,
19Ти, заради Твојата голема милосрдност не ги напушти во пустината. Столбот од облаци што ги водеше дење на нивниот пат не им го одзеде, ниту им го одзеде столбот од оган што ноќе светеше врз нив и врз патот по кој одеа.
20Им го даде Твојот добар Дух да ги поучува. Маната Твоја не им ја одзеде од нивните усти и вода им даваше кога беа жедни.
21Четириесет години ги одржа во пустината. Ништо не им недостасуваше. Облеките не им изветвеа и стапалата не им отекоа.
22Им даде царства и народи, им ги раздели сѐ до најоддалечените граници. Ја презедоа земјата Сихон[60], а тоа е земјата на царот Хешбон и земјата на Ог, царот на Башан.
23Ги умножи синовите нивни како ѕвездите на небото и ги доведе во земјата за која на нивните татковци им кажуваше да влезат во неа и да ја запоседнат.
24Влегоа синовите и ја запоседнаа земјата, а Ти ги покори пред нив жителите на Канаанската земја и ги предаде во нивни раце, нив и царевите нивни и народите од таа земја, за да прават со нив што им е по волја.
25Освоија утврдени градови, плодна земја, запоседнаа куќи полни со секакви богатства, со веќе ископани бунари, лозја, маслини и овошки во изобилство. Јадеа, се наситија, се нахранија и уживаа во Твојата голема добрина.
26Но тие беа непослушни и се побунија против Тебе. Твојот закон го занемарија[61], ги убија пророците Твои кои ги предупредуваа да се вратат кон Тебе и страшни богохулства направија.
27Затоа Ти ги предаде во рацете на нивните непријатели и тие ги угнетуваа. Но кога беа угнетени, повикаа кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, па во Својата голема милосрдност им даде избавители и тие ги ослободија од рацете на нивните непријатели.
28Но само што се одморија, тие повторно почнаа да прават зло пред Тебе. Тогаш Ти ги напушти и ги препушти во рацете на нивните непријатели, па тие владееја над нив. Повикаа повторно кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, и ги многу пати ги избавуваше сожалувајќи се над нив.
29Ги предупредуваше да се вратат кон Твојот Закон, но тие станаа горделиви и не се потчинуваа на Твоите наредби, против твоите уредби грешеа, против оние кои, ако се придржува човек до нив - ќе живее. Ти свртеа грб своеглаво, станаа тврдоглави и непослушни.
30Ти имаше трпение со нив многу години, ги предупредуваше преку Својот Дух и преку пророците, но тие не им обрнуваа внимание. Затоа ги предаде во рацете на народите од околните земји.
31Но во Својата голема милост, не ги уништи и не ги напушти, зашто Ти си добар и милостив Бог.
32Затоа сега Боже наш, Боже велик, моќен и страотен, Ти што го спазуваш заветот и љубовта, нека не бидат ситни во Твоите очи сите страдања што ги поминаа нашите цареви, водачи, свештеници, нашите пророци, татковци и целиот народ, од деновите на Асирскиот цар, па сѐ до денеска.
33А во сѐ што нѐ снајде, Ти постапуваше правично и верно, а ние грешевме.
34Нашите цареви, водачи, свештеници и татковци не се држеа до Твојот Закон и не им посветуваа внимание на Твоите наредби и предупредувања што им ги упатуваше.
35Додека беа во своите царства, и уживаа во Твојата голема добрина, во земјата пространа и плодна што им ја даде, тие не Ти служеа, и не отстапија од своите зли патишта.
36Ете, ние денеска сме робови! Во земјата која им ја даде на нашите претци да јадат плодови од неа и да уживаат во нејзиното богатство, ете, во неа сме робови!
37Обилна е жетвата за царевите кои ги постави над нас, заради нашите гревови. Владеат со нашите тела и со нашиот добиток како што им е по волја, а ние сме на голема мака.
Спогодба со народот.
уреди38Заради сево ова ние составуваме обврзувачка спогодба, ја запишуваме и на неа ставаат печат нашите водачи, Левитите и свештениците.'“
Глава 10
уреди1А печат ставија:
управителот Нехемија, син на Хахалија, Седекија,
2Сераија, Азарија, Еремија,
3Пашхур, Амарија, Малкија,
4Хаттуш, Шеванија, Маллух,
5Харим, Меремот, Овадија,
6Даниел, Гиннетон, Барух,
7Мешуллам, Авија, Мијамин,
8Маазија, Билгај, Шемаија. Ова беа свештениците.
9А Левитите се: Јешуа, син на Азанија, Биннуи, еден од синовите на Хенадад Кадмиел,
10и нивните придружници Шеванија, Ходија, Келита, Пелаија, Ханан,
11Миха, Рехов, Хашавија,
12Заккур, Шеревија, Шеванија,
13Ходија, Вани, Бенину.
14Водачи на народот: Парош, Пахат, Моав, Елам, Затту, Бани,
15Буни, Азгад, Бевај,
16Адонија, Бигвај, Адин,
17Атер, Хезекија, Аззур,
18Ходија, Хашум, Бесај,
19Хариф, Анатот, Невај,
20Мигпиаш, Мешуллам, Хезир,
21Мешезавел, Садок, Јаддуа,
22Пелатија, Ханан, Анаија,
23Хошеа, Хананија, Хашшув,
24Халлохеш, Пилха, Шовек,
25Рехум, Хашавна, Маасеја,
26и Анија, Ханан, Анан,
27Маллух, Харим, Баана.
28А остатокот од народот, свештениците, Левитите, вратарите, пејачите, слугите во храмот и сите што се одвојуваат од другите народите заради Божјиот Закон, нивните жени, синови и ќерки, сите што знаат и разбираат,
29се приклучија кон нивните браќа, благородниците, се обврзаа со клетва и дадоа збор да го следат Божјиот Закон, кој им беше даден преку Мојсеј, слугата Божји, внимателно да се потчинуваат на секоја наредба, правило и указ кои се од Јахве, нашиот Господ:
30<Нема да ги даваме ќерките наши на другите народи и нивните ќерки нема да ги земаме за нашите синови.
31Кога другите народи ќе носат стока или жито да продаваат во Сабота, нема да купуваме од нив ниту во Сабота, ниту кога е свет ден. Секоја седма година ќе ја одмараме земјата и ќе го простуваме секој долг.
32Ќе си земеме обврска, почитувајќи ги наредбите, секој од нас да дава по една третина од шекел[62] годишно, за службата во домот на нашиот Бог,
33за лебот што се принесува, за редовниот житен принос и за редовните жртви паленици во Сабота, на Млада Месечина, за празници, за свети жрвувања, за жртви со кои Израел се кае за направените гревови, и за сите обврски во домот на нашиот Бог.
34Ние, свештениците, Левитите и обичните луѓе, фрливме жрепка за тоа кој кога ќе носи дрва во домот на нашиот Бог, според семејствата на нашите татковци, во определените времиња секоја година, за да горат на жртвеникот на ГОСПОД, нашиот Бог, како што е запишано во Законот.
35Ќе ги носиме секоја година во домот ГОСПОДОВ првите плодови од нашата земја, секој прв плод од секое дрво.
36Како што е запишано во Законот, ќе ги носиме првородените од нашите синови и нашата стока, првородените од нашите стада крупен и ситен добиток во домот на нашиот Бог, кај свештениците, оние што служат во домот на нашиот Бог.
37На тоа згора и првото сомелено брашно, приносите од плодовите на секое дрво, младото вино и масло ќе им ги носиме на свештениците за складиштата на домот на нашиот Бог, и десеток од нашата земја за Левитите, зашто тие, Левитите го собираат десетокот од она што сме го произвеле во сите наши градови.
38Кога Левитите ќе го примаат десетокот, мора со нив да има свештеник, наследник на Аарон. Левитите исто така мора да донесат десетти дел од десетокот во домот на нашиот Бог, за складиштата на ризницата,
39оти Израелците, вклучувајќи ги и Левитите, мора да даваат во складиштата принос во жито, младо вино, масло, а таму се чувааат светите предмети и престојуваат свештениците, служителите, вратарите и пејачите. Нема да го занемариме домот на нашиот Бог.“
Глава 11
уредиНови доселеници во Ерусалим.
уреди1Водачите на народот се населија во Ерусалим, а останатите луѓе фрлија жрепка за да изберат по еден од десемина да живее во светиот град Ерусалим, а останатите деветмина да живеат во другите градови.
2Луѓето ги пофалија сите оние што беа доброволци да живеат во Ерусалим.
3Ова се водачите на областите кои се населија во Ерусалим (во градовите на Јуда живееја секој на својот имот, во своите градови, Израелци, свештеници, Левити, слуги во храмот и наследници на слугите на Соломон,
4додека во Ерусалим живееја и од потомците на Јуда и од потомците на Бенјамин), од потомците на Јуда: Атаија, син на Уззија, син на Зехарија, син на Амарија, син на Шефатија, син на Махалалел, еден од потомците на Перес,
5и Маасеја, син на Барух, син на Кол Хозе, син на Хазарија, син на Адаија, син на Јојарив, син на Зехарија, потомок на Шилони.
6Вкупно од потомците на Перес во Ерусалим живееја 468 храбри мажи.
7Ова се потомците на Бенјамин: Саллу, син на Мешуллам, син на Јоед, син на Педаија, син на Колаија, син на Маасеја, син на Итиел, син на Јешаија,
8а по нив Габбај, Саллај - 928,
9и Јоел, син на Зихри, заповедник над нив, и Јуда, син на Хассенуа, кој беше заповедник над Втората населба од градот.
10Од свештениците, Једаија, син на Јојарив Јахин,
11Сераија, син на Хилкија, син на Мешуллам, син на Садок, син на Мерајот, син на Ахитув, надзорник над домот Божји,
12и придружниците негови, оние што ја водат работата за храмот - 822 и Адаја, син на Јерохам, син на Пелалија, син на Амси, син на Зехарија, син на Пашхур, син на Малкија,
13и продружниците негови, глави на семејствата - 242. Амашсај, син на Азарел, син на Ахзај, син на Мешиллемот, син на Иммер,
14и придружниците негови, храбри борци - 128. Заповедник над нив беше Завдиел, син на Хаггедолим.
15А од Левитите: Шемаија, син на Хашшув, син на Азрикам, син на Хашавија, син на Бунни,
16Шаббетај и Јозавад, старешини од Левитите, надзорници на надворешните работи во домот Божји.
17Матанија, син на Миха, син на Завди, син на Асаф, кој раководеше со благодарствените молитви, Бакбакуија, втор меѓу неговите придружници, Авда, син на Шаммуа, син на Галал, син на Једутун.
18Вкупно во светиот град имаше 284 Левити.
19Вратари беа: Аккув, Талмон и неговите придружници, кои ги чуваа портите - 172.
20Остатокот од Израелците, свештениците и Левитите беа во своите градови во Јуда, секој на својот имот.
21Слугите во храмот живееја во Офел, и над нив беа поставени Сиха и Гишпа.
22Заповедник на Левитите во Ерусалим беше Уззи, син на Бани, син на Хашавија, син на Маттанија, син на Миха. Тој е од наследниците на Асаф, кои пеат напред кога има служба на домот Божји.
23Тие се под царска управа, и одредено е што тие секојдневно ќе работат.
24Петахија, синот на Мешезавел, еден од потомците на Зерах, син на Јуда, му беше при рака на царот во сите односи со народот.
25А што се однесува до селата и полињата, некои од Јудејците живееја во Киријат Арба и неговите населби, во Дивон и неговите населби, во Јекавсеел и неговите села.
26во Јешуа, Молада, Бет Пелет,
27во Хасар, Шуал, Беер Шева и нејзините населби,
28во Сиклаг, Мехона и нејзините населби,
29во Ен Риммон, Сора, Јармут,
30Заноах, Адуллам и неговите села, Лахиш и неговите полиња, Азека и неговите населби. Така тие живееја од Беер Шева до долината Хинном.
31Наследниците на Бенјамин живееја од Гева, Михмас и Аија, Бет Ел и неговите населби,
32Анатот, Нов и Ананија,
33Хасор, Рама, Гиттаим,
34Хадид, Севоим, Неваллат,
35Лод, Оно, Долината на Занаетчиите,
36А некои одреди од Левитите се населија во Бенјамин.
Глава 12
уредиСвештениците и Левитите.
уреди1Ова се свештениците и Левитите кои се вратија заедно со Зерувавел, син на Шеалтиел, и со Јешуа: Сераија, Еремија, Езра,
2Амариај, Маллух, Хаттуш,
3Шеханија, Рехум, Меремот,
4Иддо, Гинетој, Авија,
5Мијамин, Маадија, Билга,
6Шемаија и Јојарив, Једаија,
7Саллу, Амок, Хилкија, Једаија, ова беа водачите на свештениците и нивните придружници во деновите на Јешуа.
8А Левитите беа: Јешуа, Биннуи, Кадмиел, Шеревија, Јуда, Маттанија, кој ги водеше благодарствените песни, заедно со неговите придружници,
9Бакбукија, Уни и неговите придружници, кои беа спроти нив во текот на службата,
10Јешуа, му беше татко на Јојаким, Јојаким му беше татко на Елијашив, а Елијашив му беше татко на Јојада.
11Јојада му беше татко на Јонатан, Јонатан му беше татко на Јаддуа.
12Во деновите на Јојаким глави на свештеничките семејства беа: на семејството Сераија - Мераија, на Еремија - Хананија,
13на Езра - Мешуллам, на Амарија - Јехоханан,
14на Малух - Јонатан, на Шеванија - Јосеф,
15на Харим - Адна, на Мерајот - Хелкај,
16на Иддо - Зехарија, на Гиннетон - Мешуллам,
17на Авија - Зихри, на Минјамин и Моадија - Пилтај,
18на Билга - Шаммуа, на Шемаија - Јехонатан,
19на Јојарив - Маттенај, на Једаија - Уззи,
20на Саллај - Каллај, на Амок - Евер,
21на Хилкија - Хашавија, на Једаија - Нетанеел.
22Главите на Левитските семејства во деновите на Елијашив, Јојада,
Јоханан и Јаддуа, како и свештениците, беа запишани во времето на владеењето на Персијанецот Дарие[63].
23Потомците на Леви, главите на семејствата, беа запишани во книгата на летописите од тоа време, па сѐ до деновите на Јоханан, син на Елијашив.
24Водачи на Левитите беа Хашавија, Шеревија и Јешуа, син на Кадмиел, заедно со нивните придружници кои стојат спроти нив, да слават и оддаваат благодарност, секој спроти своите, како што беше пропишано од Божјиот човек Давид.
25Маттанија, Бакбукија, Овадија, Мешуллам, Талмон и Аккуб беа вратари пред портите на складиштата,
26во деновите на Јојаким, син на Јешуа, син на Јосадак и во деновите на управникот Нехемија и Езра, свештеник и познавач на Законот.
Посветување на ѕидините.
уреди27А кога се посветуваше ѕидот на Ерусалим, ги побараа Левитите од сите нивни живеалишта, за да ги доведат во Ерусалим, да го прославуваат посветувањето, да се радуваат и да оддаваат благодарност со музика од кимвали, харфи и лири.
28Доведени беа и синовите на пејачите од областа околу Ерусалим и од селата на Нетофати,
29од Бет Гилгал, од областите на Гева и Аземавет, зашто беа изградиле села за пејачите околу Ерусалим.
30Кога се очистија свештениците и Левитите, го очистија народот и портите на ѕидините.
31Тогаш ги качив водачите на Јуда на ѕидот и назначив два големи хора. Едниот направи поворка на десно по ѕидините кон Портата на Буништето.
32По него одеше Хошаија и половината од водачите на Јуда,
33заедно со Азарија, Езра и Мешуллам,
34Јуда, Бенјамин, Шемаија и Еремија,
35некои свештениците со труби, како и Зехарија, син на Јонатан, син на Шемаија, син на Маттанија, син на Михаија, син на Заккур, син на Асаф,
36и нивните придружници Шемаија, Азарел, Милалај, Гилалај, Маај, Нетанеел, Јуда и Ханани, со музички инструменти од Божјиот човек Давид. Пред нив одеше Езра, познавач на Законот.
37Пред Портата на Изворот се искачија по скалите на Давидовиот град, по угорнината на ѕидот, поминаа над куќата на Давид, сѐ до Водната порта на исток.
38Вториот хор направи поворка кон спротивната страна и јас одев со нив, со половината од народот по горниот дел на ѕидот, покрај Портата на Печките, сѐ до Широката порта,
39над Ефраимовата порта, над Портата на Јешана, над Рибјата порта, и кулата на Хананел, кулата на Стоте, сѐ до Овчјата порта, и застанаа кај Портата на Стражата.
40Двата хора зазедоа место во Божјиот дом, а со нив и јас и половината од службениците со мене,
41свештениците Елијаким, Маасеја, Мијамин, Михаија, Елоејани, Зехарија и Хананија со труби,
42а исто и Маасеја, Шемаија, Елеазер, Уззи, Јехоханан, Малкија, Елам и Езер. Пејачите пееја под водство на Језрахија.
43На тој ден принесоа големи жртви и се радуваа, затоа што Бог им даде радост, задоволство големо. Заедно со нив се радуваа и жените и децата. Радосните гласови од Ерусалим надалеку се слушаа.
44Во тоа време беа назначени надзорници над складиштата од ризницата, за доброволните прилози, за првите плодови, за десетоците, кои треба да се носат во нив од полињата околу градовите, толку колку што е определено со Законот за свештениците и Левитите, затоа што Јудејците беа задоволни од свештениците и Левитите кои служеа.
45Тие ја обавија службата на нивниот Бог, и службата за очистување, а истото го направија и пејачите и вратарите, согласно со наредбите на Давид и неговиот син Соломон.
46Многу одамна, во деновите на Давид и Асаф, имаше раководители над пејачите на песни за слава и благодарност кон Бог.
47Затоа сега во времето на Зерувавел и Нехемија сите Израелци издвоија придонеси за пејачите и вратарите, колку една дневница. Оставија и за Левитите, а Левитите оставија за наследниците на Аарон.
Глава 13
уредиПоследните реформи на Нехемија.
уреди1Тој ден беше читана Мојсеевата книга, и луѓето слушаа, па се најде дека е запишано во неа Амониец или Моавец засекогаш да не смее да влезе во Божјото собрание,
2затоа што не ги пречекаа синовите Израелеви со храна и вода, туку го најмија против нив Балаам за да ги проколне. Но нашиот Бог ја претвори таа клетва во благослов.
3Кога го слушнаа овој закон, ги исклучија од Израел сите што имаа туѓинско потекло.
4А пред ова, свештеникот Елијашив беше назначен да раководи со складиштата на домот на нашиот Бог. Тој му беше близок на Товија,
5и му даде голема просторија, таму каде што порано се чуваа житните приноси, темјанот, разните предмети, десетокот од житото, младото вино и маслото кои се пропишани за Левитите, пејачите и вратарите, а истовремено се и придонес за свештениците.
6Но додека ова се случуваше, јас не бев во Ерусалим, затоа што во триесет и втората година на Артаксерксес, царот на Вавилон, јас се вратив кај царот. По некое време го замолив царот
7и се вратив назад во Ерусалим, па дознав за злите нешта што ги направил Елијашив, за да му обезбеди на Товија простор во дворот на Божјиот дом.
8Тоа многу ме онерасположи, па ја исфрлив целата покуќнина од домот на Товија надвор од просторијата.
9Наредив и ги очистија[64] собите, па повторно ја вратив назад опремата на Божјиот дом, заедно со житниот принос и темјанот.
10Дознав и тоа дека делот на Левитите не им бил даван, па тие се вратиле секој на своите ниви, и Левитите и пејачите кои се задолжени за службата.
11Затоа ги прекорив оние во чии раце е власта и ги прашав: „Зошто е занемарен Бојиот дом?!“ Ги свикав заедно и ги поставив секој на неговото место.
12Сите од Јуда донесоа десеток во жито, младо вино и масло во складиштата.
13За раководители со складиштата ги поставив свештеникот Шелемија, Садок, познавач на Законот и Педаија од Левитите, а при рака да им биде Ханан, син на Заккур, син на Маттанија, затоа што беа сметани за чесни. Нив им беше доверено да им распоредуваат на своите браќа.
14Спомни си за мене Боже мој заради сево ова, не бриши ги моите дела и служби што верно ги направив во домот на мојот Бог.
15Во тоа време видов во Јуда како луѓе гмечат грозје во каца во Сабота, како донесуваат снопје товарено на магариња, винско грозје, смокви и секаков товар носат во Ерусалим во Саботен ден. А веќе ги бев предупредил да не продаваат храна на тој ден.
16Луѓе од Тир живееја во градот и носеа риба и разни трговски стоки во Ерусалим, па продаваа во Сабота на Јудејци.
17Тогаш јас ги прекорив благородниците на Јуда и им реков: „Што е оваа зла работа што ја правите - го сквернавите Саботниот ден!
18Зарем не правеа исто и вашите предци, па ја донесе нашиот Бог целата оваа несреќа врз нас и врз овој град?! Сега вие повторно го потпалувате гневот против Израел, сквернавејќи ја Саботата!“
19Затоа наредив откако ќе падне сенка врз ерусалимските порти, ден[65] пред Сабота, вратите да се затворат и да не се отвораат сѐ додека е Сабота. Поставив свои луѓе крај портите, за да не дозволуваат да се внесува товар во Саботен ден.
20Трговците и продавачите ја преседоа ноќта надвор од Ерусалим еднаш, двапати,
21но јас ги предупредив и им реков: „Што дремете пред ѕидините!? Ако ве видам уште еднаш, ќе пострадате[66]!“ Оттогаш не доаѓаа во Сабота.
22Потоа им наредив на Левитите дека тие мора да се очистуваат самите себе и да одат да ги чуваат портите, за да се сочува света Саботата. И за ова спомни си Боже мој, и покажи милост кон мене, според Твојата голема љубов!
23На тоа згора во тие денови видов Јудејци како се женат со Ашдотки, Амонки и Моавки.
24Половината од нивните деца зборуваат ашдотски, или јазик на некој друг народ, и не знаат да зборуваат јудејски.
25Затоа ги прекорив, ги проколнав, а неколку од нив претепав и им ја искубав косата, па ги натерав вака да се заколнат во Бог: „Да не ги давате своите ќерки, за нивните синови, и да не зимате од нивните ќерки за вашите синови или за вас!
26Зарем не беше тоа причината зошто грешеше Соломон, царот на Израел? А меѓу многу народи немаше таков цар како него и беше сакан од неговиот Бог, па го направи него Бог цар над целиот Израел. Дури и него туѓинките го наведоа на грев!
27Мора ли сега да слушаме дека и вие ги правите сите тие страшни зла, дека сте му неверни на нашиот Бог, и се жените за туѓинки.“
28Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на хорониецот Санваллат, и го избркав од мене.
29Спомни си за нив, Боже мој, заради тоа што ја осквернија свештеничката должност и заветот на свештенството и Левитите.
30Потоа ги очистив од сѐ што е туѓинско, и им дадов задачи на свештениците и Левитите, на секого според неговата работа.
31Ги средив работите и во врска со приносите во дрва, во времето што е за тоа определено, и во врска со првите плодови.
Спомни си за мене Боже мој со милост!
Забелешки
уреди- ↑ Нехемија значи: ГОСПОД утешува.
- ↑ Хахалија веројатно значи: чекај на ГОСПОД.
- ↑ Ноември - декември 446 г. пр. Хр.
- ↑ Суса, најгoлем град во Елам ( југозападен Иран ).
- ↑ Ханани, веројатно скратено од Хананија што значи: ГОСПОД е милосив. Елефантинските папируси спомнуваат човек по име Хананија кој ги застапувал и водел Евреите во Ерусалим. Веројатно се работи за братот на Нехемија, кој владеел и меѓу првото и второто владеење на Нехемија.
- ↑ Оттогаш, па сѐ до денеска повеќе Евреи живеат надвор од Израел, отколку во него.
- ↑ Човек чија должност е да го проба пијалокот пред да му го даде на царот, за да се увери дека не содржи отров. Таквото место на Нехемија укажува дека тој уживал голема доверба кај царот. И од оваа книга се гледа, а и други историски записи потврдуваат дека персискиот дворец бил опасно место, каде што постојано се правеле разни сплетки. Така на пример Ксерксес, таткото на Артаксерксес бил убиен во својата спална соба од еден дворјанин.
- ↑ Март - април 445 г. пр. Хр. четири месеци после настаните опишани во 1:1.
- ↑ За значењето на зборот Хорониец постојат три претпоставки: Дека доаѓа од Хауран, источно од галилејското езеро (Езек. 47:16,18), дека потекнува од Хоронаим во Моав (Јер. 48:34), или што е и најверојатно дека потекнува од Горен или Долен Хорон, два клучни града, околу 20 километри северозападно од Ерусалим, кои го бранеле главниот пат кон Ерусалим.
- ↑ Санвалат е вавилонско име и значи Син (богот-месечина) даде живот.
- ↑ Товија значи ГОСПОД е добар.
- ↑ Овде е употребена именка која означува животно за јавање, значи не нужно коњ, туку можеби и магаре или мазга.
- ↑ или змииниот или смоквиниот.
- ↑ Овчјата порта се спомнува и во Новиот Завет (Јован 5:2), а се наоѓала близу до складиштето за вода Бетшеда, на североисточниот агол на Ерусалим. Дури и денес околу тоа место повремено се одржува сточен пазар за овци. Овчјата порта веројатно ја заменила поранешната Бенјаминова порта (Јер 37:13, 38:7, Зех 14:10).
- ↑ Сто може да се однесува на висината на кулата ( сто лакти, околу педесет метри, или сто стапки, околу дваесет метри височина), или пак на некоја воена единица која билна во сместена во близината.
- ↑ Кулите биле придружен дел на внатрешните ѕидини околу храмот и за заштита на чувствителните северни приоди кон градот.
- ↑ Поточно Јерехо.
- ↑ Во времето на првиот храм таа била една од главните порти на Ерусалим (2 Лет 33:14, Сеф 1:10). Трговците носејќи риба од Тир и од галилејското езеро на рибјиот пазар (13:16) влегувале преку оваа порта. Таа веројатно се наоѓала близу до денешната Дамаскова порта.
- ↑ Мало гратче околу десет километри на југ од Витлеем и околу седумнаесет километри оддалечено од Ерусалим. Тоа било родното место на пророкот Амос.
- ↑ Или старата порта, која се наоѓала на северозападниот агол.
- ↑ Букв. престолот.
- ↑ Рефаија бен Хур.
- ↑ Евр илјада кубити, околу 450 метри.
- ↑ Значи дом на лозјата. Тоа било место од каде што се давале знаци со палење на огнови (Јер 6:1) и се поистоветува со Рамат Рахел, околу три киометри јужно од Ерусалим. Таму веројатно било седиштето на управникот на областа во времето на персиското владеење.
- ↑ Шела е еден облик на Шилоа, односно Силоам.
- ↑ Вака е во Еврејскиот текст. Во Септуагинтата, некои ракописи на Вулгатата и Сирискиот текст стои гробот.
- ↑ Можеби се работи за куќата на Давидовите силни мажи (2 Са 23:8-39), која што подоцна се употребувала и како оружарница.
- ↑ Во два Еврејски ракописи, во Септуагинтата и сирискиот текст Биннуи, и овде и во дваесет и четвртиот стих.
- ↑ Можеби се работи за стариот дворец на Давид.
- ↑ Така била наречена затоа што водела кон главниот извор за вода за Ерусалим, кон Гихонскиот извор. Веројатно пред неа се простирала широка рамница, затоа што токму овде бил читан Законот (8:1,3,16;12:37).
- ↑ Обичните луѓе од Текоа работеле на две места, за разлика од благородниците на кои им било понижение да работат физичка работа.
- ↑ Веројатно онаа што сега се нарекува Златна порта.
- ↑ Со тоа целиот круг се затвара.
- ↑ Букв. слабите.
- ↑ Или: Те предизвикаа на гнев пред градителите.
- ↑ Значењето на оваа реченица во Еврејскиот јазик не е сосема јасно.
- ↑ Поточно амен, што значи така нека биде.
- ↑ Околу половина килограм.
- ↑ Вака е во повеќето Еврејски ракописи. Во некои ракописи, во Септуагинтата, Вулгатата и во Сиријакот е јас не се здобив.
- ↑ Или во Кефирим.
- ↑ Евр. Гашму, еден облик на Гешем.
- ↑ Букв: многу паднаа во свои очи.
- ↑ Или: а тоа е Хананија.
- ↑ Поточно Зерубавел, затоа што Вавилон на Еврејски се изговара Бавел.
- ↑ Во повеќето масоретски текстови наброени се само камилите и магарињата, односно овој стих не постои, видете исто и Езра 2:66.
- ↑ Околу 8.5 килограми.
- ↑ Околу 170 килограми.
- ↑ Околу 1330 килограми.
- ↑ Околу 170 килограми.
- ↑ Околу 1250 килограми.
- ↑ Евр. сифер, (доаѓа од Евр. сефер, што значи книга) вообичаено се преведува со книжник, а значи човек што ја знае и умее да ја толкува книгата на Законот, Тората, првите пет книги од Библијата.
- ↑ Тора, првите пет книги од Библијата.
- ↑ Поточно амен, што значи така нека биде.
- ↑ Или преведуваа. Законот, односно Тората е напишана на Еврејски јазик, а веќе во тоа време тој јазик бил излезен од секојдневна употреба и се зборувало на арамејски. Луѓето не го разбирале и било потребно да се објаснува, односно да се преведува.
- ↑ Или преведени.
- ↑ Куќите на Блискиот исток и тогаш, а и сега, најчесто имат рамни покриви.
- ↑ Букв. си создаде име.
- ↑ Букв. си кренал рака.
- ↑ Букв. ги направија тврди, крути своите вратови.
- ↑ Кај еден Евр. ракопис и во Септуагинтата стои: ја презедоа земјата Сихон, земјата на царот Хешбон и земјата на Ог, царот на Башан.
- ↑ Букв. зад грб го ставија.
- ↑ Околу 4 грама.
- ↑ Евр. Дарјавеш.
- ↑ Не само обично чистење, туку и обредно очистување.
- ↑ За Евреите и за некои други народи на Блискиот Исток, денот започнува со заоѓањето на сонцето. Така Саботата започнува со заоѓањето на сонцето во петок навечер и трае сѐ до заоѓањето на сонцето во сабота навечер.
- ↑ Букв. ќе ставам рака на вас.