379 песна 380 песна

од Браќа Миладиновци
381 песна
на современ македонски правопис.


„Мори девојка, малка девојка,
Малка девојка, блага јаболко!
Сакам нешто тебе да те питам,
Ке те питам, право да ми кажеш,
Што си толко, момо, расипано?
Бело лице ти је помренено,
Црни очи мрежа ти фатиле,
Дали си, момо, болна лежела,
Или си, момо, болен гледала?”
Мома му веле, веле, говоре:
„Еј море лудо, лудо, да младо!
Нити сум, лудо, болна лежала,
Нити сум, лудо, болест гледала,
Бог да убие мојата мајка,
Што мене скорнала мошне рано,
Та ме пуштила за студна вода
За студна вода от нова чешма;
Та си станах, лудо, мошне рано,
Та си узех, лудо, нова стомна,
Та си појдех на новата чешма,
Вода си најдех, рет не си најдех;
Постојах, лудо, рет си дочеках,
Редот ми дојде и налих вода
Си налих вода и се поврнах,
Та си влезех, лудо, в градината,
Да си видам раното цвеке.
Бог да убиет морскиот ветер!
Што си подуна силен и вилен,
Та си скрши солба босиљок.”
Тогај и веле лудото младо:
„Мори, девојка, малка девојка!
Јас да си најдам солба босиљок,
Бил ја позлатил от корен до врх.