Зборник на Миладиновци/ 381 песна
380 песна | 381 песна од Браќа Миладиновци |
382 песна |
на современ македонски правопис. |
Мерудо, Мерудо, ај златна Мерудо,
Богатсконо чедо, от богата к'шта,
От голема рода, от мнозина браќа!
Знаиш, моме, знаиш, знаиш, паметуваш,
Кога ми ти носех дребното овоште,
Лешти и миндали и благи јаболки,
Кисели калинки, и сухо грозје?”
„Знам, лудо, знам, нема што да чина,
Една мајка имам, боље да ја немам;
Она не ме пушта вонка да излезам,
В градина да влезам, китки да наберам,
Китки да наберам, глава да наредам,
На тебе да пуштам, љубов да зафатам.”
„Мерудо, Мерудо, ти златна Мерудо!
И јас сум си така, како ти што велиш;
Една мајка имам, боље да ја немам;
Она не ме пушта вонка да излезам,
На чешма да појдам, коњо да напојам;
Ке ми нар'чува, ке ми прер'чува:
„Дека да ја видиш таја вражка керка,
От п'т да се тргниш, место да и чинеш.”