378 песна 379 песна

од Браќа Миладиновци
380 песна
на современ македонски правопис.


„А јуначе Дренополче,
Што мирисаш миск не носиш?
Што не мислиш да се жениш
За девојка Софијанка?”
„Ми ја кажвет грдо-мазна
Грдомазна неубава.”
Та си појде во Софија,
Фати конак у стрика је.
Му излегла невестата
Со налани шикосани,
Со чораби копринени,
С ал кошуља дур до земи,
Со читјани чичеклии,
Ал з'бунче до колена;
С'нце беше облечена,
Месечина опасана,
Дробни ѕвездрх по рамена,
Самур калпак на главата,
Паун перо на. калпагот.