Зборник на Миладиновци/ Брат и сестра
Начо | Брат и сестра од Браќа Миладиновци |
Стојан војник |
на современ македонски правопис |
Кога беше плен по земја,
Јанкула го попление,
Г' однесоа горна земја,
К'де с'нце угревјаше.
Јаника ја попление,
Је однесоа долна земја,
К'де с'нце заодвеше.
Нивна мајка останала
Меѓу тоа црно море.
И ми расле, ми порасле,
Јанкула се учинило
Добар јунак за женење,
А Јаника се сторила,
Добра мома за м'жење;
Јанкула си јавна коња,
Да си шетат задин земја,
Да ми бараат уб'а не'ста,
Не'ста лика спроти себе.
От ке с'нце угревјаше,
Нигде мома не ареса,
Ни некоа м'шка жена,
Ни некое вдо'ичиште.
Туку ми појде Јанкула
К'де с'нце заодвеше,
Најде Јаника девојка;
Ја посврши и ја зеде.
Стојала девет месеци,
Постигнала м'шко дете
Дете како љута змиа,
Никако се не оп'лтвит
Ни с лељање, ни с држење,
Говореше неестата:
„А Јанкула господине!
Ја излези на нов пазар,
Меѓу тоа црно море,
Та купи си робинчица,
Да ми лељат м'шко дете.”
Тога ми појде Јанкула,
Купи стара робинчица,
Ја донесе во одаа,
Је дадое м'шко дете.
С нога лељат робинчица
С нога лељат, с уста пеит:
„Нани, нани мое мнуче,
Мнуче от сина, от ќерка!”
Мнуче велит, с'лдзи ронит.
Начас дете ми заспало,
На час ми се оп'лтило.
Јаника се зачудила,
И излезе на свој порти,
Го пречека господина,
Му прикажвит и му велит:
„А Јанкула, господине!
Натера ја робинчица,
Да попеит на детево,
Начас дете ни заспало.”
И Јанкула си велеше:
„А егиди робинчице!
Залељај го м'шко дете
Залељај го и запеи,
Как' преѓе што си пеала.”
Та залеља м'шко дете:
„Нани, нани, мое мнуче,
Мнуче от сина, от ќерка!”
Мнуче велит, с'лѕи ронит.
„А егиди стара робинчице!
Зашто таква песма пеиш?
К'д' сме нашле брат и сестра?”
Тога велит робинчица:
„Аљ знаиш, Јанко, паметвиш,
Кога беше плен по земја,
Јанкула го попление.
Г' однесое горна земја,
К'де с'нце ми угревјат;
Јаника је попление,
Је однесое долна земја,
К'де с'нце ми заодвит;
Ваша мајка останала
Меѓу тоа црно море.
Јанкула си јавна коња,
Как' израсте и порасте,
Да ми шетат задин земја,
К'де с'нце заодвеше
Наиде Јаника девојка,
Ја посврши и ја зеде;
М'шко дете си добиле,
Ме купие робинчица,
Да им леља м'шко дете.”
Тога си се разпознае,
И милно се прегрнае.
И Јанкула си опитвиш
Нејдзината мила мајка:
„Што чиниме м'шко дете?
„Зејте си остри секири,
Наберете суви дрва,
Завалете силен оган,
Та глаа пресечете му,
И трупот изгорите му.”
Така му сторие нему.
А Јанкула мило брате,
Остаи своја невеста,
И ја стори мила сестра.