Стојан и чифутче Начо

од Браќа Миладиновци
Брат и сестра
на современ македонски правопис


Останал ми Начу
От три дни сираче
Без мајка, без башта.
Сиракувал Начу
Дваесе години
По чуждите врати
По Турски чифлици;
И на врх Велигден
В'в свјата недеља
Хора в црква влазјат,
Начу рало стјага,
Дребни с'лѕи рони
И сја богу моли:
„Боже, мили боже,
Не ли е днеска,
Днеска, ден празничен,
Ден свјата недеља?
Сички на Велигден
Хора в црква влазјат
Пак аз дрослам* стјагам
И биволи впрјагам.”
На нива отиде,
Прва бр'зна пусна
И втора повтори;
Бивол си поривал.
И продума Начу
И ми ги к'лнеше:
„Биволи, биволи,
Ни толку (сте) врвјали,
Сига ми легнахте.”
И бивол му дума:
„Начу, сирак Начу!
Ја откачи рало,
Чи сај закачило
За девет казани
Сос ж'лти алт'ни.”
Чи откачи Начу
Това пусто рало,
Чи извади Начу
До девет казани
Сос ж'лти алт'ни.