17 глава Трета книга Мојсеева
18 глава
од Мојсеј
19 глава


  1 Господ му рече на Мојсеја:
  2 „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Јас Сум Господ, ваш Бог.
  3 Не правете како што се прави во Египетската Земја, каде престојувавте; ниту правете како што се прави во Ханаанската Земја, каде ве водам; не поведувајте се по нивните обичаи!
  4 Исполнувајте ги Моите закони; исполнувајте ги Моите заповеди; одете според нив. Јас Сум Господ, ваш Бог.
  5 Затоа, пазете ги Моите закони и Моите наредби: кој ќе ги исполнува, ќе биде жив. Јас Сум Господ!’
  6 ‘Никој од вас нека не и се доближува на крвна роднина, за да ја открие нејзината голота. Јас Сум Господ!
  7 Не откривај ја голотата на татка ти ни голотата на мајка ти. Мајка ти е, не ја откривај нејзината голота.
  8 Не ја откривај голотата на жената на татка ти; тоа е голота на твојот татко!
  9 Не ја откривај голотата на сестра си - на ќерката на татка ти или на ќерката на мајка ти - било да е родена во куќата или надвор од неа!
10 Не ја откривај срамотата на ќерката на твојот син, ниту на ќерката на твојата ќерка! Па нивната срамота е твоја сопствена срамота.
11 Не откривај ја голотата на ќерката на жената на татка ти! Зашто, родена од татка ти, таа ти е сестра.
12 Не откривај ја голотата на сестрата на твојот татко! Па таа е крв на татка ти.
13 Не откривај ја ни срамотата на сестрата на мајка ти! Па и таа е крв на твојата мајка!
14 Не откривај ја срамотата на татковиот брат! И не приближувај и се на неговата жена; таа е твоја стрина.
15 Не откривај ја голотата на твојата снаа! Таа е жена на сина ти. Не ја откривај нејзината голота.
16 Не ја откривај голотата на жената на твојот брат! Тоа е голота на брата ти.
17 Не ја откривај голотата на некоја жена и на нејзината ќерка! Не жени се со ќерката на нејзиниот син, ниту со ќерката на нејзината ќерка, за да им ја откриеш голотата; тие и се еднокрвни; тоа е беззаконие.
18 Не земај за себе некоја жена заедно со сестра и, за да и ја направиш соперничка; за да и ја откриеш преку неа, голотата, додека оваа е жива.’
19 ‘Не приближувај и се на жена кога е во нечистотата на својот месечен ред, за да и ја откриеш голотата!
20 Не легнувај со жената на твојот ближен; ќе се онечистиш со неа.
21 Не дозволувај некое твое дете да му биде жртвувано на Молоха; не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас Сум Господ!
22 Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно.
23 Да не си легнал ниту со некое животно, ќе се онечистиш од него. И жената не смее да застане пред животно, за да се спари со него. Тоа е гнасно и бесрамно.’
24 ‘Не се онечистувајте со ништо од тоа! Со сè тоа се онечистуваат народите, што Јас ги гонам пред вас.
25 И земјата стана нечиста. Затоа ќе ја казнам за нејзините гревови, па земјата ќе ги изблува своите жители.
26 Вие пак пазете ги Моите заповеди и Моите закони: не правете ниту едно од тие гнасни нешта - ни вие ни странецот, што живее меѓу вас.
27 Зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на оваа земја, што е пред вас; и земјата стана загадена;
28 за да не ве изблува и вас земјата од себе, кога вие ќе почнете да ја загадувате, како што таа ги изблува народите, кои беа пред вас.
29 Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ.
30 Затоа пазете ги Моите повелби, за да не постапувате според гнасните обичаи, според кои постапуваа пред вас, и за да не се онечистите со нив. Јас Сум Господ, ваш Бог!’”

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

 

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


 
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse