Трета книга Мојсеева/ 17 глава
16 глава | Трета книга Мојсеева 17 глава од Мојсеј |
18 глава |
1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Говори им на Арона, на неговите синови и на сите Израелеви синови и речи им: ‘Еве што заповеда Господ:
3 „Секој оној од Израелевиот дом кој - во логорот или надвор од логорот - заколе вол, или овца, или коза,
4 а не го донесе при влезот во Шаторот на средбата за да Му принесе дар на Господа пред Шаторот Господов, секој таков нека биде виновен: пролеал крв, и нека биде истребен од својот народ.
5 Затоа Израелевите синови нека ги доведат своите жртви, што сакаат да ги колат надвор, во полето, при влезот на Шаторот на средбата, кај свештеникот, и нека ги принесат како помирителни жртви.
6 Свештеникот нека ја излее крвта врз Господовиот жртвеник што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата, а лојот нека го изгори за благоугоден мирис на Господа,
7 така што во иднина не ќе им ги принесуваат своите жртви на бесовите со кои блудствуваат. Ова нека е вечен закон за нив и за нивните поколенија.”‘
8 „И уште речи им: ‘Секој поединец од Израелевиот дом, или странец кој живее меѓу вас, кој ќе принесе паленица или жртва,
9 а не ја приведе при влезот во Шаторот на средбата за да Му биде принесена на Господа, тој нека биде истребен од својот народ.’
10 ‘Натаму, Јас ќе се свртам против секој поединец од Израелевиот дом, а така и против секој придојденец меѓу вас, кој би јадел каква и да е крв, ќе го отстранам од неговиот народ секој што ќе јаде крв.
11 Зашто животот на телото е во крвта. Таа крв ви ја дадов вам за жртвеникот, за да ги покривате од грев вашите души, зашто оваа крв прави покривање на гревот за душата.’
12 Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’
13 Ако некој од Израелевите синови или странец што живее меѓу вас, фати во лов ѕвер или птица што може да се јаде, нека и ја пролее крвта и нека ја покрие со земја.”
14 „Зашто животот на секое тело е неговата крв; таа е животот; затоа и им реков на Израелците: ‘Не смеете да јадете крв од ниедно тело, зашто животот на секое тело е неговата крв.’ Секој што ќе јаде, ќе биде истребен.
15 Секој, Израелец или странец, кој би јал пцовисано, или раскинато од ѕверови, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.
16 Но ако не ја испере и ако не го искапе своето тело, нека го понесе на себе своето беззаконие.”
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse