Списание „Вардар“ (современ правопис)/ Патник

Отъ редакціи Списание „Вардар“ на современ македонски правопис

од Крсте Петков Мисирков
Изникнување и разбор на бугарската и српска теорија за народноста на Македонците
Превод на песната „Путник“ од П. Прерадовиќ објавена во списанието „Вардар“ на 1 септември 1905 во Одеса.


Патник

Боже мили, каде зајдов!
Ноќ ме стигна во туѓина,
Не знам патот, не знам трага,
Сегде на гол камен газат
Тешки нозе по пустина!

Уште ноќев не си најдов!
Север сече од снежни брда,
А туѓинец, сиромавиот
Поголем му мрак во мракот,
Потврда му семја тврда.

Наоколу магла паѓа,
Покрила месечина,
Не се гледаат ѕвездени траги,
Мајко мила, мајко драга,
Ти да видиш синот твој!

Да го видиш него сега
Обиколен сиот со беда,
Ти ќе горко заплакаш,
Рака ќе ти се затресеше.
Од жалост грлејќи го него!

Зошто тебе не те слушав,
Кога си ми мене зборила:
Не оди, синко, од маіка ти,
Меко легло што ти стеле
Тебе посред свои крилја!

Не оди, синко, мила душо,
Ним – од кровот татковниот,
Туѓа земја има свои
Не познава јади твои,
Туѓа љубов љуби својот!

Зборејќи со себе така,
Кон колиба една стигне,
Нечекано што згледа
Уморениот патник сега,
И почука на вратине.

Отварајќи се полека,
Прашувајќи се, кој ќе да сум?
Глава ваѓа една стара.
„Дај во име Божја дара,
Бабо, мене да преноќам!

Не знам кај сум, каде зајдов,
Ноќ ме стигна во туѓина,
Не знам патот, не знам трага,
Сегде на гол камен газат
Тешки нозе по пустина!

 А друг ноќев кај ќе најдам!
Север сечи, од снежни брда,
А туѓинец, сиромав
Поголем му мрак во мракот
Потврда му земја тврда.

Наоколу магла паѓа,
Покрила месечина,
Не се гледаат ѕвездени траги,
Мајко мила, мајко драга
Ти да видиш синот твој!“

„Ќе те примев јас со радост,
Ами гледаш, оти спијат
Тука сина три и ќерки
Што мајчино сето срце,
Сета куќа исполнува!“

„Не далеку е до денот,
Петле буди самовили;
Дур загрева денот Божји
Мал оган бар положи,
Да одмрзнам студени жили!“

„Мојот оган ми е скриен,
Немам дрва скоро ништо,
И тоа малу, што е внатре,
Децава ќе им треба утре,
Да се зберат крај огниште!“

„За туѓинец ништо немаш,
Туѓа мајко, кога те моли:
Туѓо дете твое не е!“ –
Тогаш две му грозни солзи
Низ лицено долу капат.

„Кąі сет рąц’ от твоіта маіка,
Се’а да зберат солзи сино’!
Кąі колено да с’ одморит,
Тежок товар да с’ соборит;
Кąі іет твоіта татковина?“

Како да се грчеви лути
Со тој збор му срце стегна!
Сиот здрвен патник стои,
Леден пот му чело поти,
Не му дава тој да мисли!

‘Ми со очи подигнати
Се обрна тој натаму,
Кај од мила татковина
Секое утро сонце сјае,
Таму мисла брза, таму!

„За тебе пак душа дише,
За тебе срце бие,
Татковино, мајко од среќа,
Тебе ти се синот враќа
И од радост солзи лие!

Земи го пак твоето дете,
На век твое ќе биде,
Ќе те љуби само тебе,
В твоето поле клај му гробот,
Со цвеќе гроб му кити!“

Поврзано