25 Псалми
26 псалм
од н.п.
27
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 Давидов псалм. Суди ме, Господи, зашто одев во својата невиност; и се надевам на Господа и нема да се поколебам.
  2 Испитај ме, Господи, и искушај ме, испитај ми ги бубрезите и срцето.
  3 Зашто Твојата милост е пред моите очи, и одам во Твојата вистина.
  4 Јас не седам со нечесни луѓе и не се навраќам кај подмолните.
  5 Го мразам друштвото на злосторниците и не седнувам со безбожниците.
  6 Ги мијам своите раце во невиноста и го обиколувам Твојот жртвеник, Господи,
  7 да ја разгласам јавно Твојата фалба и да раскажам за сите Твои прекрасни дела.
  8 О, Господи, го љубам домот во кој престојуваш и местото каде е населена Твојата слава.
  9 Не ми ја погубувај душата со грешниците, ниту мојот живот со крвопијците;
10 злочинот е во нивните раце, а десницата им е полна со поткупи.
11 А јас одам во својата невиност, избави ме и смилувај ми се!
12 Мојата нога стои на прав пат: ќе го благословувам Господа во собранијата.
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse