24 Псалми
25 псалм
од н.п.
26
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 Давидов псалм. Кон Тебе, Господи, ја подигам мојата душа.
  2 На Тебе се надевам, Боже мој; не оставај да се засрамам, за да не се веселат над мене, моите непријатели.
  3 Навистина, нема да се засрамат оние, кои се надеваат на Тебе; ќе се засрамат оние, кои изневеруваат без причина.
  4 Покажи ми ги, Господи, Твоите патишта, научи ме на Твоите патеки!
  5 Води ме во Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден.
  6 Спомни си, Господи, за Твојата верност и за Твојата љубов довека.
  7 Не спомнувај си за гревовите на мојата младост, за моите престапи; спомни си за мене, о Господи! според Твојата љубов и заради Твојата благост!
  8 Господ е благ и праведен: затоа ќе им покаже пат на грешниците.
  9 Тој ги води кротките во правда, ги научува кротките на Својот пат.
10 Сите Господови патишта се милост и вистина, за оние кои ги чуваат Неговиот Завет и Неговите сведоштва.
11 Господи, заради Твоето име, прости ми го гревот, зашто е голем.
12 Кој е човекот, кој се бои од Господа? Него, Тој ќе го поучи кој пат да избере.
13 Неговата душа ќе живее спокојно, а неговото семе ќе ја наследи земјата.
14 Господ е близу до оние, кои се бојат од Него, и ќе им го покаже Својот Завет.
15 Моите очи се насочени секогаш кон Господа, зашто Тој ги извлекува моите нозе од мрежата.
16 Погледај ме и смилувај ми се, зашто сум осамен и натажен.
17 Тагите ма моето срце, се умножени, избави ме од моите јадови!
18 Види ги мојата неволја и мака и прости ми ги сите гревови.
19 Погледај ги моите врагови: колку се многу и со каква жестока омраза ме мразат.
20 Чувај ја мојата душа и спаси ме: не оставај да се засрамам, зашто се надевам на Тебе.
21 Невиноста и чесноста нека ме пазат, зашто се надевам на Тебе!
22 Господи, избави го Израел, од сите негови беди.
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse