Ова е архива за минатите избрани песни кои се појавиле на Главната страница.

29 април 2009 до 24 јули 2009

уреди

Песна: Народе Македонски

Народе Македонски,
со какви идеи си ти,
доста беше, разбуди се, ----
свести се не спиј ти. 2х
Не знаеш кој си, што си,
други тебе знајат,
срам голем је за тебе, ----
сам да не се знаеш. 2х
Исклаја жени, деца,
во село Нагоричани,
абер аскерот турски,
фрлајте оружјето.
Каде е Караиванов
и дружината му,
Мелас Каравангелис
Битола в затвор е тој.

24 јули 2009 до 8 јануари 2010

уреди

Песна: Македонско девојче

Македонско девојче,
китка шарена,
во градина набрана
дар подарена,
реф:
Дали има н'овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.
Кога коси расплети
како коприна
лична е и полична
од самовила.
реф: .....
Кога песна запее
славеј натпее,
кога оро заигра
срце разигра..

8 јануари 2010 до 30 април 2010

уреди

Песна: Назад Калино моме

Назад, назад, Калино моме,
Немој да одиш по мене.
Кај нас си има висока гора,
не ќе можеш да ја поминеш.
Кај нас си има висока гора,
не ќе можеш да ја поминеш.
Ќе се сторам јас сокол пиле
и пак кај тебе ќе дојдам.
Гора ќе прелетам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.
Гора ќе прелетам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.

30 април 2010 до 18 октомрви 2010

уреди

Песна: Денови

Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови ли се – денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
Дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
остана живот кучешки!

18 октомври 2010 - 3 јули 2011

уреди

Песна: Здравица

Здравица


Пријатели! Се дрочи
во гроздот вино пак за нас,
што ќе нѝ ведри очи
и брекне жили, вивне глас,
и затре в миг,
јад секој, крик,
и надеж в гради крене вчас.

Но, кому полна чаша
да му се крене најнапред?
Земјава, боже, наша
варди ја, и сет словенски свет,
и секој вред.
И секој син
што е по мајка славјанин.

3 јули 2011 - 3 март 2012

уреди

Песна: Македонски народни песни/ Брала мома капини

Брала мома капини,
Во попови Градини,
Брала мома капини,
Во попови градини,
Оф аман, аман, аман.

Оздол иде падарот,
И на моме говори,
Постој моме,почекај,
Да ти кажам два збора,
Оф аман, аман, аман.
Не и кажа два збора,
Тук ја фана за рака,
Не и кажа два збора,
Тук ја фана за рака,

3 март 2012 - 13 ноември 2013

уреди

Песна: Кон гората, Атанас Раздолов

Горо! Горо осланета!
Шуми горо, душа слади,
Шуми, оти на јунакот
Од многушто му се згади:
По туѓина да се шлае,
Да се скита и теглила
Тој да гледа, немтур да е
В Македонија жална, мила.
И ти кукавиче сиво!
Дај, закукај - стај му намек
На турското племе диво
Дека борба прифаќаме!
Дека сите тргнуваме
Во борба, на „или-или“!
Во смрт или напуштање
Во нивното царство гнило.

13 ноември 2013 -

уреди
Карафиља и змеј

„Карамфиљо, малој моме!
Шчо с’армасваш не се м’жиш?“
„Море лудо, море младо!
Ме армаса змеј од гора;
Дејња бара по планина,
На вечера дома греди!
„Мори, моме, малој моме!
Ако сакаш да јоставиш,
Да јоставиш змеј од гора,
Да собереш грмотрно,
Грмотрно, ветрогоно;
Да си најдеш бело млеко
И од мајка и от ќерка;
Да го сфариш в ново грне,
В ново грне спроти стреда,
Да испрскаш змеј од гора!“
Да си собра грмотрно,
Грмотрно, ветрогоно
И си најде бело млеко
И од мајка и от ќерка,
Та го сфари в ново грне,
В ново грне спроти стреда;
Си попрска змеј от гора.