Зборник на Шапкарев/ Карафиља и змеј

Марко Крале и Вида самовила Карафиља и змеј

од Кузман Шапкарев
Свети Јоан во рај Боже
Песната е на современ македонски правопис. Песната е од Бобоштица, Костур, Егејска Македонија, Грција.

„Карамфиљо, малој моме!
Шчо с'армасваш не се м'жиш?“
„Море лудо, море младо!
Ме армаса змеј од гора;
Дејња бара по планина,
На вечера дома греди!
„Мори, моме, малој моме!
Ако сакаш да јоставиш,
Да јоставиш змеј од гора,
Да собереш грмотрно,
Грмотрно, ветрогоно;
Да си најдеш бело млеко
И од мајка и от ќерка;
Да го сфариш в ново грне,
В ново грне спроти стреда,
Да испрскаш змеј од гора!“
Да си собра грмотрно,
Грмотрно, ветрогоно
И си најде бело млеко
И од мајка и от ќерка,
Та го сфари в ново грне,
В ново грне спроти стреда;
Си попрска змеј от гора.


Поврзано

уреди