Зборник на Шапкарев/ Марко Крале и Вида самовила

Морска ламја поголтва Марковото дете, а Марко ја расправа и изважда детето си Марко Крале и Вида самовила

од Кузман Шапкарев
Карафиља и змеј
Песната е на современ македонски правопис. Песната е од Д'мбени, Костур, Егејска Македонија, Грција.

Шедба шета Марко кралевиќ,
Шедба шета по гора зелена,
Да излови един сури елен.
Шедба шета три дни и три ношчи,
Веќе Марко вода не намери
Да улади грло јунаково;
Кај шчо вода, нито с’пари вино.
Ја прок’лнал зелената гора:
- „Ај ти горо, зелена горице!
Да би дал бог ог’н да т’изгори,
И на пролет слана да т’попари,
Зашчо немаш една капка вода,
Да улада грло јунаково;
Кај шчо вода, нито с’пари вино!“
Му говори Ѓорѓа Самовила:
„М’лчи, Марко, милен побратиме!
Немој к’лни зелената гора,
Не је фтесна зелената гора,
Тук’ је фтесна Вида Самовила;
Закључила дванајсе’ извори
Стред гората в’едно суво дрво,
По сфе суво, на вр’о зелено!“
Марко едно, бре, ми се најди,
А друго, тој ми се, бре, устрами,
Та ми вјана таја брза коња,
Барај гази, троши гора.
Ка’ рашета по гора зелена,
Го намери това суво дрво,
По сфе суво, на вр’о зелено.
Та го фати с’тешка боздогана,
Го истроши комат по комата;
И му строши дванајсе кључови,
Та притекоа дванајсе’ извори.
Го зачула Вида Самовила,
Та фатила един сури елен,
Ем фатила до три љути змии;
Двете змии уѕи му ѓи кладе,
А едната камшик ја направи.
Скоро Марко таја го достигна;
Му се фрли Марко на рамена,
Да м' изк’лка јунашќите очи.
Марко неје верно је се моли:
„Немој, сестро, Видо самовило!
Немој к’лкај мојте црни очи;
Аку сакаш, вода да ти плата.
Аку сакаш, со карагрошови;
Аку сакаш со ж’лти флорини!“
- „Гиди, луда Болгарино!
Не ми требе ни карагрошови,
Нито тфои ж’лти флорини -
Ќе иск’лкам тфој јунашки очи!“
Му говори Ѓорѓа Самовила:
„Ај ти, Марко, мили побратиме!
Шчо је се молиш теје курве?
Шчо не се молиш на р’це јунашки?“
Ка’ досегна Марко кралевиќе,
Ка ја фати за русите коси,
Ка ја узве себе на колена,
Ка ја кладе коном на колена,
И ја фати с’ тешки буздугана,
Таја верно Марко му се моли:
„Кротко, Марко, кротко, братко,
кротко мавај тешки боздугана!“
„Ѓиди, Видо, курво Самовило!
Моја молба на теб’ не помина,
Ами тфоја на мен’ ка’ ќе помини?“
Марко извади сабја от пазува,
Та иссече Вида, бре, Самовила,
Ја изсече к’шеј по к’шеоја;
Крв да види Марковата коња,
Крв да види, ќеф да стори,
Ќеф да стори и да литни,
И да литни горе, на високо,
Горем на високо, по синото небо!


Поврзано

уреди