Прва книга Мојсеева/ 40 глава
39 глава | Прва книга Мојсеева 40 глава од Мојсеј |
41 глава |
1 Потоа виноцрпецот и лебопекарот на египетскиот цар му згрешија на својот господар - на египетскиот цар.
2 Фараонот се налути на своите два дворјани, на главниот пехарник и на главниот пекар,
3 па ги стави во затвор, во зградата на заповедникот на телохранителите - во истата темница каде беше затворен и Јосиф.
4 Началникот на телохранителите одреди Јосиф да ги послужува. Откако поминаа во затворот некое време,
5 тие двајца - виноцрпецот и лебарот на египетскиот цар, затвореници - видоа сон во иста ноќ. Секој сонуваше свој сон; и секој сон имаше свое значење.
6 Кога Јосиф дојде утрото при нив, забележа дека се нерасположени.
7 Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?”
8 Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.” Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!”
9 И главниот пехарник му го раскажа на Јосифа својот сон: „Сонував дека пред мене е лоза.
10 На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната.
11 Кога ја држев во раката фараоновата чаша, зедов грозје, го исцедив во фараоновата чаша, а тогаш ја ставив чашата во фараоновата рака.”
12 Јосиф му рече: „Ова ти е значењето: трите млади прачки се три дни.
13 По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец.
14 Кога пак ќе ти биде добро, спомни си дека и јас бев со тебе, па направи ми ја оваа услуга: спомни ме пред фараонот и обиди се да ме избавиш од домов.
15 Зашто, навистина, бев одведен насила од земјата на Евреите; ни тука не сум сторил нешто лошо, а ме фрлија во темница.”
16 Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата.
17 Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.”
18 Јосиф одговори: „Ова е значењето: трите кошници се три дни.
19 По три дни фараонот ќе ја издигне твојата глава и ќе те обеси на дрво, па птиците ќе јадат месо од тебе.”
20 На третиот ден, на фараоновиот роденден, тој направи гозба за сите свои царедворци и си спомна за главниот виноцрпец и за главниот лебар среде своите службеници.
21 Го врати главниот виноцрпец во виноцрпачка служба, па и натаму ја ставаше чашата во фараоновата рака,
22 а го обеси главниот лебар, како што Јосиф им протолкува.
23 Сепак главниот виноцрпец не се сети за Јосифа - го заборави.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse