Пеш по светот/ Глас од Македонија

1941 Глас од Македонија

од Коле Неделковски
Враќање
Од збирката „Пеш по светот“ пренесена во оригинал на македонско писмо.

О, трајте, трајте, тирани недни.
доста се тија лаги и злоба —
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.

Та ете веке векови цели
писка и стенка од волци гости —
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.

Па нека сега сам да си реши
со своа волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши
д'издигне славно свој род без врева

Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј — на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.


Поврзано

Надворешни врски