35 песна „36 песна“

од народното творештво
37 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Селци, Малесија.

Извика Ѓорче Свештарот:
„Каде си, Мајски војвода?“
„Тука су, Ѓорче Свештарот,
сo седомдесет дружина
во Караорман планина,
под тие сенки широки,
кај тие води студени.
Сите сo срца челични,
сите сo руски шмајзери,
cитe сo бумби на појас,
сите сo капи титовки.“


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.