34 песна „35 песна“

од народното творештво
36 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947.

Гледај ме, гледај, ax мило либе,
нагледај ми се!
Денес сум тука, шарено пиле,
утре ќе одам,
утре ќе одам млад партизанин
в Славеј планина.
Оттам ќе гледам, ax мило либе,
славна Дебарца,
славна Дебарца, сè попленета,
сè попалена.
Ја попленија, ја попалија,
ја попалија, ax мило либе,
клети фашисти!


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.