Книга на израелеви судии/ 8 глава

7 глава Книга на израелевите судии
8 глава
од н.п.
9 глава


 1 Тогаш Ефремовите луѓе му рекоа на Гедеона: „Како постапи со нас: не нè повика кога тргна во бој против Мадијамците?” И му приговорија жестоко.
  2 Тој им одговори: „Па што сум направил јас кога ќе се споредам со вас? Не е ли Ефремовото дособирање подобро од Авиезеровиот гроздобер?
  3 Господ ги предаде во вашите раце мадијамските кнезови Орива и Зива. Може ли да се споредува моето дело со она што го направивте вие?” На тие зборови стивна нивниот гнев против него.
  4 Кога Гедеон дојде до Јордан, го помина, но тој и трите стотини луѓе, со него, беа изнемоштени и гладни.
  5 Затоа им рече на луѓето од Сокхот: „Дајте им леб на луѓето кои одат по мене, изнемоштени се. Јас ги гонам Зевеја и Салмана, мадијамските цареви.”
  6 Но сокхотските главатари му одговорија: „Зар Зевеевата и Салмоновата рака веќе се во твојата рака, за да и дадеме леб на твојата војска?”
  7 Гедеон им рече: „Добро! Кога Господ ќе ми ги предаде во рацете Зевеја и Салмана, ќе ви го раскинам телото со трње и со пустински глогови.”
  8 Оттаму отиде во Фануил и побара исто од Фануилците, а тие му одговорија како што му одговорија и Сокхотците.
  9 Тој им се закани и на Фануилците: „Кога ќе се вратам како победник, ќе ви ја разрушам оваа кула.”
10 Зевеј и Салман беа во Каркор, и нивната војска со нив, околу петнаесет илјади луѓе, што беа оставени од војската на синовите на Исток; сто и дваесет илјади војници паднаа.
11 Гедеон тргна по патот на оние што живеат под шатори, источно од Нова и Јогвеја, па ја порази војската што стоеше безгрижно.
12 Зевеј и Салман избегаа. Тој ги подгони и ги фати двата мадијамски цареви, Зевеј и Салман. А сета војска им ја уништи.
13 По битката Гедеон, синот Јоасов, се врати од војна преку Хереската Нагорница.
14 И фати еден млад човек од Сокхот па почна да го распрашува; а тој му ги напиша имињата на сокхотските кнезови и старешини, седумдесет и седум луѓе.
15 Потоа Гедеон отиде кај Сокхотците и рече: „Еве ги Зевеј и Салман заради кои ми се потсмевнувавте мене, велејќи: ‘Дали се Зевеевата и Салмоновата рака веќе во твојата рака па да им дадеме леб на твоите изнемоштени луѓе?’”
16 Ги фати градските старешини, набра пустински трња и глогови, и ги казни со нив Сокхотците.
17 Ја разурна Фануилската Кула и ги погуби жителите.
18 Тогаш им рече на Зевеј и Салман: „Какви беа луѓето кои ги погубивте на Тавор?” „Личеа на тебе, - одговорија. - Секој беше како царски син.”
19 ”Тоа беа мои браќа, синови на мајка ми - рече Гедеон - Господ е жив! Ако ги оставевте во живот, јас не би ве убил.”
20 Потоа му заповеда на својот првенец Етер: „Стани, погуби ги!” Но детето не извлече меч: се боеше, уште беше младо.
21 Тогаш Зевеј и Салман рекоа: „Стани ти и нападни нè зашто каков е човекот, таква му е и силата.” И откако стана, Гедеон ги погуби Зевеја и Салмана, и ги зеде месечинките украси што висеа на вратот на нивните камили.
22 Израелците му рекоа на Гедеона: „Владеј над нас, ти и твојот син и твојот внук, зашто ти нè избави од Мадијамците.”
23 Но Гедеон им одговори: „Не, не сакам да владеам над вас, а ни мојот син; Господ ќе биде ваш владетел.”
24 Уште им рече Гедеон: „Само едно барам од вас: секој да ми го даде прстенот од својот плен.” Победените носеа златни прстења, зашто беа Исмаилци.
25 ”Со радост”, одговорија тие. Тогаш тој го распростре својот плашт, и секој од нив фрли по прстен од својот плен.
26 Тежината на златните прстења што ги побара изнесуваше илјада и седум стотини златни сикли; освен месечињата, наушниците и облеките од црвено сукно што ги носеа мадијамските цареви, и освен веришките што беа околу вратот на нивните камили.
27 Гедеон направи од тоа ефод и го постави во својот град Офра. И сиот Израел блудно одеше таму по него; и тоа им беше стапица на Гедеона и на неговиот дом.
28 Така Мадијамците беа покорени под Израелците. Веќе не ја креваа главата, и земјата беше мирна четириесет години, додека живееше Гедеон.
29 Јеровал, синот Јоасов, отиде и живееше во својата куќа.
30 Гедеон имаше седумдесет синови, кои потекнуваа од него, зашто имаше многу жени.
31 Неговата наложница, која што живееше во Сихем, му роди син, кому му го даде името Авимелех.
32 Гедеон, синот Јоасов, умре во длабока старост; го погребаа во гробот на татка му Јоас во Авиезерова Офра.
33 По Гедеоновата смрт, Израелците пак почнаа да одат блудно по вааловците, па си го поставија за бог Ваал-Верит.
34 Израелците веќе не си спомнуваа за Господа, својот Бог, кој ги избави од рацете на сите нивни непријатели наоколу.
35 И не му искажуваа благодарност на домот на Јеровал, Гедеон, за доброто што му го направи на Израел.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

 

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


 
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse