Зборник на Шапкарев/ Пројчо арамија, златно пиле и самовила

Самовила и свекрва је Пројчо арамија, златно пиле и самовила

од Кузман Шапкарев
Јанко, мајка му и самовила
Песната е на современ македонски правопис. Песната е од Гевгелија.

Шедба шете Пројчо арамија,
Шедба шета по гори зелени,
Разгледа си Пројчо по горските пилци,
Догледа си Пројчо пиле позлатено;
Изгледа го Пројчо дека седело си граде.
Почека го Пројчо дури пилци да си опиле;
Изгледа си Пројчо и пилци като него,
Си ѓи зема, та ѓи носи на града Стамбула,
И ѓи даде Пројчо на царот бакшиш;
А царот му даде петна'есе' товари азно
И му даде сенет да шете по гори зелени.
Пројчо со рет четир' години пилци на царот носеше,
Кога идеше Пројчо на града Стамбула,
Си прележваше Пројчо во града Едрене,
И лежачка му беше уф Јано демирџија.
Ка' дојде време на петата пролет,
Се размислило пиле само со себе
И побегнало пиле на виша Пирина.
На врф на Пирина има самовилско блато;
Во стреди блато една карпа,
От водата четир'есе' аршина на горе;
На врф карпа, едно тенко дрво:
И оно је четир'есе' аршина от карпата.
Тамо пиле седело си згради, јајца си снесе!
А ка' дојде време за кфачејње,
От ѕастра до пладнина 'се ветер си вее,
Па' не може пиле јајца да си стопле,
Јајца да си стопле, пилци да опиле.
Ка' идеше време на пладнина,
Само колку три са'ата се стоплјове;
И тогај си пиле јајца подмлачуе.
А от тогај јог си вее, па' се заледуват.
О това си пиле и пилци позно опили.
Ка дојде време Пројчо пиле да си бара,
Неможа Пројчо пиле да си најде.
Пр'ебиде Пројчо дванајсе гори зелени,
П-ак Пројчо неможа пиле да си најде.
Отиде Пројчо дури на Пирин планина.
Тамо најде Пројчо офчаре, козаре;
Па' им веле Пројчо на офчаре, козаре:
- Не видехте ли пиле позлатено?
Офчаре, козаре му вељат на Пројчо арамија:
- Не сме видели, брате Пројчо, пиле позлатено;
Тук', брате, изкачуваеќи се на вишна Пирина.
Има, брате, самовилско блато;
Ф' среди блато има една карпа;
На врф карпа едно тенко дрво;
На врф дрво застануве едно пиле,
От далеку не се гледе, има ли, нема седело.
А шчо си паје ѕастра, вечер гр'ејни песни,
Може, брате Пројчо, и то' да биде.
Искачи се Пројчо арамија
На Пирин планина, на самовилско блато.
От далеку Пројчо не може да виде,
Та си курдиса со дуљбур да глеје.
Ка' го изгледа пилето, оти само оно је
И шчо-тук' сега пилци опилило.
Мисли Пројчо да направи дрвен кораб,
Да оде Пројчо на вишната карпа;
А колај нема за на карпа да се каче.
Па“ назад се врати у града Стамбола,
Да си дојде у града Едрене, уф Јано демирџија.
Па' се разговорат со Јано демирџија:
- Кога одеше воа време друга година на града Стамбола,
Му носеше на царот голем пешќеш,
Голем пешќеш, пилци позлатени,
Да ли ти је пиле побегнало,
Или неможеше да го најдеш?
Пројчо му веле, отговоре на Јано демирџија:
- Пиле је бегало на вишна Пирин планина,
На вишна Пирин планина, на самовилско блато;
А на срреди блато има една вишна карпа;
На карпата има едно тенко дрво.
Тамо пиле ваја година пилци искацало;
А неможем колај да си најдем,
Колај да си најдем, пилци да му земем;
Та ќе одам на царот да му кажам,
Може он колај да ми каже.
Тогај му веле Јано демирџија:
- Нимо', Пројчо, оди на града Стамбола;
Јас си имам двесте калфи и триста шегрти,
Шчо си прават сфрдли, карпа шчо дупаат.
Ќе ти правам четир'есе сфрдли,
Да си појдиш, карпа да продупиш.
Послуша го Пројчо на Јано демирџија.
Застана си. Му направи Јано четир'есе сфрдли.
Па' се врати на вишна Пирин планина.
Направи си от дрво един кораб
И пушчи го. Кораб отиде до вишната карпа.
Удри Пројчо сфрдли, карпа шчо дупат.
И ка' се Пројчо качи до стреди карпата,
Му пресече умот на пилето,
Оти Пројчо па' пилци ќе му земе!
Фати пиле со с’лѕи да плака:
"Ох леле, Бпже до Бога!
Не ќе има куртулија от Пројчо арамија!"
Нажали се стара Самовила,
Нажали се, та му веле на пиле и говоре:
- А бре пиле позлатено! колко години
Пројчо пилци ти зиме?
А пиле и веле, отговоре на самовила:
- Се чини'а три години, со 'ваја четири,
Ка' ми Пројчо пилци зиме.
Не ќе има отќинувачка от него:
И од мене на сфето род да остане!
Тогај му веле стара самовила:
- Ваја година не ми аризваш пилци позлатени,
Да т' отќинам за век от Пројчо арамија?
- Просто нек' ти бидат, мајко, стара самовило!
Та му веле самовила на пиле позлатено:
- Летни, пиле, да избегаш от самовилско блато.
Разљути се стара самовила -
Да' завеја силни ми ветришча,
Откорна си карпа со се дрво,
Со се дрво, со Пројча у блатото.


Поврзано

уреди