Зборник на Шапкарев/ Јанко, мајка му и самовила

Пројчо арамија, златно пиле и самовила Јанко, мајка му и самовила

од Кузман Шапкарев
Јува мома калуѓерка и две невести самовили
Песната е на современ македонски правопис. Песната е од Штип.

- „Леле, Јанко, мили сину!
Ќе те питам, ќе те прашам,
Сакам право да ми кажеш;
Сека вечер коња ковеш,
Плочи тураш чисто стребро,
Клинци тураш водно злато;
Вечер идеш, заран дојдеш;
Да ми кажеш, каде одиш?“
- „Мори, мамо, стара мамо!
Лели прашаш, ќе ти кажам -
Одам, мамо, у пустиња;
Тамо љубам посестрима,
Посестрима, Самовила.
Она ме је зак’нала
да не кажам, каде одам!“


Поврзано

уреди