Зборник на Шапкарев/ Бошко гајдаџија и самовили

Тиа мома и самовила Бошко гајдаџија и самовили

од Кузман Шапкарев
Суруџан паша прави мост на река Тунџа
Песната е на современ македонски правопис. Песната е од Гајтаниново, Гоце Делчев, Пиринска Македонија, Бугарија.

„Бошко кавалџија,
Ѓура гајдаџија.“
Сфирел Бошко, сфирел
Три дни и три н'шти;
Јуди са играли,
Јуди Самовили.
Стара му Јуда вели;
Вели одговори:
„Сфирај, Бошко, сфирај:
Ако на натсфираш,
Ќе ти дадем, Бошко,
Нај младата Јуда (2х)
Ѓурѓа Самовила;
Ако та надиграим.
Ќе ти земим Бошко,
Двете црни јочи!“
Сфирел Бошко, сфирел
Три дни и три н'шти;
Јуди са играли.
Јуди Самовили;
Јуди са играли.
Дур' са уморили.
Стара му Јуда вели,
Вели одговори:
„Доста сфирај, Бошко,
Деца ни примаљаха
Ф'в златните љуљќи.


Поврзано

уреди