Зборник на Миладиновци/ 507 песна

506 песна 507 песна

од Браќа Миладиновци
508 песна
на современ македонски правопис.



„Дегиди моме Корчанско!
К'де си била денеска?”
„Мила ле, мори мајко ле!
Ја сум си било, шетало
Широко поле Корчанско,
Бела пченица сум жнло,
Пченица шесторедица,
Трошка сум лебец не јало,
Капка сум вода не пило,
Голема зимја ме нашло;
Герданот си го загубиф,
Прстенот от десна р'ка.
Мила ле, мори мајко ле!
Ти дај ми изан да ода,
Герданот да си побарам,
Герданот, та и прстенот;
Ако ми нашло нашинче,
Брго ти да ме почекаш;
Ако ми нашло тугинче,
Ти да ме чекаш в година
Со м'шко дете на р'це,
Со русо момче прет мене.”