Зборник на Миладиновци/ 506 песна
505 песна | 506 песна од Браќа Миладиновци |
507 песна |
на современ македонски правопис. |
Прошетаф рано на утро
Догледаф моме убаво
К'де ми дворје метеше,
Што беше лепо, убаво
Со фино фефче нат око,
Со алт'нчето на чело,
Со дробен бисер на грло!
Лудо је лепо говорит:
„Девојче, море девојче!
Немој ми дворје не мети,
Туку отвори портите,
От идет момче уморен.”
„Егиди лудо и младо!
Ак' идет момче уморен,
Јас немам што да му чинам.”