Зборник на Миладиновци/ 410 песна

409 песна 410 песна

од Браќа Миладиновци
411 песна
на современ македонски правопис.


Мома вода залеваше,
На неа се огледваше:
„Папа, папа, што сум лепа
Што сум лепа и убава,
Би ме зело цареого
Цареого азнатарче;
Дење ноште азно броит.
Еребица крефко месо,
От зајака мека кожа,
От вдоица бела риза,
От девојка блага душа.