Зборник на Миладиновци/ 409 песна
408 песна | 409 песна од Браќа Миладиновци |
410 песна |
на современ македонски правопис. |
Се здружиле две момчиња,
Двете, пак двете
К'де ходат двете ходат,
И на еден гeргеф везат,
Едно руво двете прават,
В еден ковчек го клавает,
И пак двете си вељает:
„Двете да се ом'жиме,
И обете в една кука,
Да бидеме две јатарви,
Две јатарви за два брата.”
Обете се ом'жиха,
С' омажиха в една куќа,
И бидоха две јатарви
Две јатарви за два брата.”