Аврамова жертва 30 песна

од Браќа Миладиновци
Свети Георги
на современ македонски правопис



Фала богу за чудо големо,
Дека ке се чудо нагледаме!
Благо дељат четири ангели,
Благо дељат више на небеси.
Кои си биле четири ангели?
Еден беше стар свети Илиа,
Другиот беше стар свети Никола,
А трекиот беше свети Јован,
Четвртиот беше свети Петер.
Долетале до две мили сестри,
Света Марја, и света Магдалина,
Порониле солѕи по образи,
По убаво златно свето лице.
Не смее никои да и питат;
Опита ги стар свети Илиа:
„Што ронете солзи по образи,
По убаво златно света лице?
Дали ви се от бога еднога?
Дали ви се от рода Христијанска.”
Магда крие, Мариа не крие:
„Брату мили, стар свети Илиа!
От бога ни је свакојако добро;
М'ка ни је од рода хрисјанска,
Ние бехме по земја Легенска,
Бог да биет Легенски христјани!
Не се знаит постаро, помладо,
Не си слават светци от година,
Не си држат Петка и Недеља.
Во света недеља метат
Лице и напрашиле;
На света недеља печееки
Очи и изгореле.
Татко имат като лудо дете,
Стара мајка на ноѕе изгазиле,
Сестри имат, како измеќарки,
Брата имат, како душманина,
Своја снаха, како прва љуба;
Кум крштеник на судба се терат;
К'де биле неправо судиште.
Из под ним црна земја горит,
Горит земја четири аршини.”
Па им велит стар света Илиа:
„Постоите сестри почекајте,
Дури ние благо да делиме.
Ке се молиме на наш христос,
Да ми даде кључеве от небеси,
Да закључам м'гли и облаци;
Три години дош да не заврне,
Три години с'нце да н' угрева,
Три години ветер да не дува,
Да не се роди вино, ни жито.”
Арно ангели благо разделиле;
На свети Илиа што му паднало?
Паднало му летни грмежи,
Он да имат он да и повељат,
Христијани страхот да му имат.
На свети Никола, што му паднало?
Паднало му води и бродови,
Му паднаа гемии по море,
Он да имат, он да ги повељат.
Кои јунак вода ке нагази.
Да се помоли на свети Никола,
Он је вреден от вода да извади.
На свети Јован што му је паднало?
Паднале му крсти, и икони,
Паднале му кумство, побратимство,
Кој ке подст'пи свети Јован,
Нека стапни в силен оган.
На свети Петер што му паднало?
Паднале му кључеве от рај,
Он да отворе и он да затворе.
И што беше стар свети Илиа!
Помоли се на наш христос,
Та му даде кључеве од небесе,
Си закључи м'гли, и облаци,
Три години дожд не заврна,
Три години с'нце не угреа,
Три години ветер не подунал,
Не се роди ни вино, ни жито;
Пак на бога не се предавдле.
А што беха Легенски христјани!
Пријавнале коња пеливана,
Да си бегат на друга краина,
Дека имат здравје и берикет.
Распукала таја црна земја,
Пропаднуват коња до колена;
Па на бога не се предавале.
Бог им даде седумдесет болки,
Седумдесет и седум болести;
Болувале оште три години,
Повеке умреле малце останале;
Дури тогај на бога се предале:
Заслужили светци от година,
Задржале Петка и Недеља.
Татко имат, като свое срце;
Мајка имат, като своја душа;
Сестри имат, като десна р'ка;
Своја брата, като десно око;
Своја снаха, като иста сестра;
Кум крштеник, като бога еднога.
Како се они тако покаиле,
В црква одат богу да се мољат.
Дури тогај дош им заврнало,
Што сеали, све им се родило,
Родило се и вино и жито.
От ангели песна останала,
Да се пеит, да се прикажуват.