Зборник на Миладиновци/ Аврамова жертва

Еднаква Аврамова жертва

од Браќа Миладиновци
30 песна
на современ македонски правопис



Поканил Авраам гостољубец,
Поканил гости пријатели:
„Јадете, пите, бога молите,
Да ми даит господ чедо
На деведесет девет години,
Да ни даит от срце чедо;
На скутам да турам, тате да викат;
И ја богу ке го чувам,
Жертва богу ке го приложам.”
И му даде господ чедо,
На дете Исакче му кладоа, (име),
От ошто на дете милос имаше.
Растнало дете девет години.
Господ го допрати ангелот
Ноке в соне да му се вјавлит,
Ангел се јавли н' Аврама гостољубца:
„Камо ти жертва, што богу си таксал?”
Па ми стана гостољубец Авраам
И му велит на дете Исакче:
„Земи си, синче, остро секирче,
О'и ми, сину, в ограда зелена,
Дрва да бериш, огон да валиш;
Татко ти ке доит, жертва да чиниш,
А ти, сину, сеир да гледаш.”
От ошто дете милос имаше,
Па си зеде остро секирче,
Дрва собервит, огон наваљвит,
Огон наваљвит, и песма си пеит:
„Татко ке доит жертва ке чинит;
Тој жертва ке чинит, ја сеир ке гледам.”
Па ми втаса гостољубец Авраам,
Си го фати дете Исаакче:
„Ја на бога, синче, курбан сум таксало,
Тебе, синче, курбан ја ке те закољам.”
Па отговори дете Исаакче:
„Врзи ми, татко, обете ноѕе,
Обете ноѕе, обете р'це.
Па клади ме на они две дрва,
На они две дрва маслинкои,
Да не мрднам, татко, дан' те накрваам,
Душа мие немој да с' огрешиме.”
Десна р'ка пикна во позуа,
С' десна р'ка острит ноже.
Ми донесол два црни овна ангел боже,
И велит на Аврама гостољубца:
ÂОпули се што имат зад тебе.”
Тога Авраам се опули,
Тога виде до два црни овна.
Ангел божји пак говори:
„Нејкит господ човечка жертва,
Тук заколи два црни овна.”