Зборник на Миладиновци/ 290 песна
289 песна | 290 песна од Браќа Миладиновци |
291 песна |
на современ македонски правопис. |
Шетнала се калеш Ѓурѓа,
Ѓурѓа мори,
Од чинарот до бунарот,
Си загина срма колан.
Ми помина лудо младо,
Тој ми најде срма колан.
Ѓурѓа му се милно молит,
лудо море.[1]
„Ејди лудо аџамиа!
Дан' ми најде срма колан?”
„Жими тебе, жив да сум ти,
Ѓурѓа мори;
Не сум, не сум, не сум нашло,
Ак' сум нашло срма колан,
Да се виткам како него
На твојата половина.”
Се прошета калеш Ѓурѓа
От чинарот до бунарот,
Си ѕагина коан ѓердан.
И намина лудо младо,
Тој ми најде коан ѓердан.
Ѓурѓа му се милно молит,
лудо море.
„Ејди лудо аџамиа!
Дан' ми најде коан ѓердан?”
„Не сум, не сум, не сум нашло,
Ѓурѓо мори!
Ако сакаш ти се к'лнам,
Жими тебе, жив да сум ти!
Ак' сум нашло коан ѓердан,
Да ти висам како него
На твоето бела грло.”
Белешки
- ↑ Ѓурѓа мори и лудо море - се повторват на секои стих, едно по друго.