Зборник на Миладиновци/ 289 песна
288 песна | 289 песна од Браќа Миладиновци |
290 песна |
на современ македонски правопис. |
Шила Ѓурѓа д'лга саја,
Ѓурѓа мори,[1]
От Митровден до Ѓурѓовден,
Дванадесет терзифчина,
Тринадесет шегарчина,
И пак саја не шиена.
Кога дојде ден Велигден,
Сите моми променати,
Сите моми с д'лги саја,
Бела Ѓурѓа што к'таден.
Које беше оженато,
Жената си оставаше,
Тук да земит бела Ѓурѓа;
Које беше неженато,
Пушката си продаваше,
Тук да земит бела Ѓурѓа.
Белешки
- ↑ овој дел се повторува на секој стих