279 песна 280 песна

од Браќа Миладиновци
281 песна
на современ македонски правопис.


„Перунице девојче!
Не стој, не стој на брегот,
Брек се ронит ке падниш!
Говори Перуница:
„Ејди лудо и младо!
Ако паднам да умрам,
Асана да не зеам.
Асан одит на војска,
Т'нка пушка однеси,
Ластагарка донеси;
Чифт пиштоли однеси,
Коледачки донеси;
Остра сабја однеси,
Самар штица донеси;
Кутел пари однеси,
Шиник воппiи донеси.”
Говори лудо младо:
„Перунице девојче!
Брек се рони, ке падниш!”
„Ако падна от брегот
На долу, има з' ошто.”
Падна и се отепа,
Асана го не зеде,
Перунице девојче.