278 песна 279 песна

од Браќа Миладиновци
280 песна
на современ македонски правопис.



Заборавин да се жена.
Прела баба три вретена,
С чудом стоех, да се чуде
Да се чуде што да и чине.
Однесла и на пазарот,
Продала и по три пари
По три пари, девет пари.
С чудо стое што да и чине,
Купила си еден дедо,
Педа чоек, лакот брада,
Па го зави в цедилката,
Однеси го дури дома
Дури дома на оџакот.
Навалила силен оган,
Па си прсна пуста искра,
Испрли му брадичката.
Па свари му казан чорба.
Насркај го, најади го,
Изнесе го на стрет село
Во стрет село да се боре.
Никој нема да се најме,
Со дедото да се боре;
Најмело се кусо петле,
Грабнало се со дедото;
Ни тој пада, ни тој пада;
От дедото крви течат,
От петлето пердуф лета.
А што беше кусо петле!
Искарај му десно окце,
Надвило му кусо петле.
Пак дедото сака борба
Испаднала стара жала,
Грабнала се со дедото,
Изгризало десно уше,
Па надвила на дедото.
Пак дедото сака борба.
Излегло му едно орле,
Грабнало се со дедото,
Па го дигна со се опинци,
Однесе го на седело,
Нарани си негој пилци,
Фати баба да го бркат
Да го брка, да си плаче,
Да си вика со гласове:
„Камо ми го пеливанот!”