266 песна 267 песна

од Браќа Миладиновци
268 песна
на современ македонски правопис


Забораиф да се жена,
Дур ми чичо наспомена,
И си прегнаф четворткола,
Четворткола, два биола;
Та си појдоф во Сочани,
Си ја зедоф Шавар Дуда.
Си кинисаф да си ида;
Идеф, идеф до полп'ти,
Секоа дола, скрши кола,
Секоа рида пукни вола,
Ја донесоф дури дома.
Шавар Дуда ми привика:
„А свекрво магарице!
Распраи ми к'тиштата,
Оти дојдоф добро в куки;
Донеси ми три киселци
Три киселци ужвеници,
А четири прошеници;
Донеси ми до три кобли
До три кобли пресно млеко,
Да си јадам, да си сркам.”
И станала свекрва је,
Је донесла три киселци
Три киселци ужвеници,
А четири прошеници,
И три кобли пресно млеко.
Малу што си напраила,
Колку чука на планина;
Малу вода што пуштила,
Завртиле девет окна
Девет окна водеинци,
А десето ваљаици.