265 песна 266 песна

од Браќа Миладиновци
267 песна
на современ македонски правопис



„О мори Стано Додоа!
Што н' го жените Никола?”
„Мислиме да го жениме,
Сешто c` имаме готоо:
Шикла шошница полна ченица,
И ј ас си ј ада и селоi даам,
Пак се надеам свадба да чинам,
Пак ме викает сиромаф,
Попот ми керка не дават!
От жаба нога цела пастарма,
И јас си јада, и в село даам,
Пак се надеам свадба да чинам;
Пак ме викает сиромаф,
Попот ми керка не дават!
Цевка бурило полно со вино,
И јас си пиј ам, и в село даам,
Пак се надеам свадба да чинам;
Пак ме викает сиромаф,
Попот ми керка не дават!
От глуфче меше полно со мавца,
И јас си јадам, и в село даам,
Пак се надеам свадба да чинам;
Пак ме викает сиромаф,
Попот ми керка не дават!