Зборник на Миладиновци/ Рабдула и Мирче
Митре и Петре | Рабдула и Мирче од Браќа Миладиновци |
Јанкула и Никола |
на современ македонски правопис |
Раскарал се Мирче и Рабдула,
На онаа земја Мисерлиа,
На онаа земја Каменица,
Каменица коњо потковница.
Се наљути Рабдул бег Војвода,
Та го фрли Мирчета в з'ндана.
Мирче лежал до девет години,
Му порастла коса до појаса,
А клепките криља ластоички.
Рабдулица умна и разумна,
Голем таја измет му чинеше,
К'та дена по бела погача,
А навечер п' една бела свешта,
На недеља по бела промена.
Бог го убил краља Латинина!
Што му пушти една бела книга
Бела книга, црна написана:
„Како знаиш Рабдул бег Војвода,
Како знаиш вамо да ми дојдиш,
Да ми венчаш убаа нееста,
Да ми крстиш лудо м'шко дете.”
Книга пеит Рабдул бег Војвода
Книга пеит, дробни с'лѕи ронит,
Кој ми пошол при краљ Латинина,
Никој назот не ми се повратил.
Фрли книга по диван високи,
Р'це кршит от бели колена,
С'лѕи ронит по бели образи,
От образи по бели скутеи,
От скутеи по диван високи,
Дури ми го диван заваддгло.
Го догледа убаа нееста:
„А егиди Рабдул бег Војвода!
Што те тебе нужба дотерало,
Р'це кршиш аг бели колена,
С'лѕи рониш по бели образи,
Дури ми го диван завадило?”
„А егиди убаа нееста!
Како р'це ја да не си кршам?
Горки с'лѕи как да не туривам?
Бог го убил краља Латигпгна!
Што ми пуштил една бела книга
Да ме канит чесна кумашина,
Да му венчам убаа нееста,
Да му крстам лудо м'шко дете.
Ак' не појдам ваму ке ми доит,
Ке ми пленит стока богатиа,
Ке те пленит за млада робина;
Бог го убил, бог да го убиет!
Там ке појда, назот не се врашта.”
И говорит убаа нееста:
„Господине, Рабдул бег Војвода!
Да ти беше Мирче помалечек,
Како јунак, так и умен беше,
Ти го фрли во темна з'ндана;
Ај викни му д' излезит от неа,
Баре ука де ми те научит.”
говорит Рабдул бег Војвода:
„А нееста, мое добро милo!
От Мирчета коски н' останале;
Ео имат за девет години
В з'ндан јас сум си го забораил.”
Одај викај по темни з'ндани!”
Рабдул викат по темни з'ндани:
„Аљ си живо, али си умрено?
Оти сум те забораил в з'ндан;
Сег' излези от темна з'ндана,
Али сега, аљ никога, Митре!”
А от натре братец негов Митре
Баре очи не му опуљвеше,
Ни со уста му се одгорвеше.
Ми се врати Рабдул со плачење.
И ми појде убаа нееста:
„Ајти Мирче, мое брате мило!
Да излезиш аг темна з'ндана,
Жити измет што сум ти чинела
Сум чинела за девет години,
К'та дена по бела погача,
навечер п' една бела свешта,
Во недеља по бела промена!”
Говореше Мирче помалечек:
„А неесто, моја мила снао!
Не сум чоек за надвор д' излезем;
Коса имам дури до појаса,
А клепала криља ластоички.”
Говореше Рабдул бег Војвода:
„А излези, брате помалечек,
Ке ти клаам три млади бербери,
Ке ти сечам коса до појаса;
Ке ни поит стока богатиа!”
И излезе Мирче помалечек,
И му кладе три млади бербери,
Му избричи коса до појаса,
Му потсече клепки ластоички.
И говорит Мирче помалечек;
„Аљ ми стоит пиле соколоо?”
Уште пиле не ми насменало,
На час пиле в скут му делетало.
„Ај дајте ми книга и дивита.”
Му дадое книга и дивита.
Си написа на своите другари;
Први беше Плетикоса Павле,
А по нето Груица Детенце,
А по нето Секула лудечек,
А по нето Ѓуро пиjаница
„Како занјте в дворје да се најте
Оти дојде Мирче помалечек,
Душа берит и ке да си умрит.”
И отиде пиле соколоо;
Как им каза, така коњи јавнее,
Прет пиле се во дворје најдое.
Јале, пиле три дни и три ноке.
И говорит Мирче помалечек:
„Ај ви вие верни побратими!
Живи братство што сме го имале,
Ке ве пушта с мое мило брате,
Ке ве пушта у краља Латинина;
Ти го канил чесна кумашина,
Да му венчат убаа нееста,
Да му крштат она м'шко дете.
Ак' не појдит ваму ке ни доит,
Ке ни пленит стока богатиа,
Ке ни пленит моја мила снаа.
Да ја носит за млада робина.
Ја не жаљам стока, што имаме,
Туку жаљам моја мила снаа;
От сум лежал за девет години,
Таа мене измет ми сторила;
Тук да ојте*) у краљ Латинина,
Да не брата краља го загубит;
И јунаство ваше пострамотите.”
Си јавнeе свои брзи коња,
Отидое у краљ Латинина,
Бог го убил, бог да го убиет!
Не венчее убаа нееста,
Не крстие лудо м'шко дете;
Тук ми тури вино и ракиа,
3а да ми и сите опијанит,
Опијанит и да и загубит;
Ама тие колку ми пијеет,
Толку појке ми се веселеет.
Ѓуро ми је мошне пијаница,
Колку пиет, толку се веселит;
Ама јунак Плетикоса Павле,
Мало чует многу ми разбират,
А Секула, Груица детенце,
Тие ми се љути кесеџии.
Дремка фати краља Латинина,
Легна краља малу да преспиет;
Се впуштиа пет добри јунаци,
Му турие дробнана синџира,
На негоо краљско бело грло.
Изтргнае ж'лти боздогана,
Порезее краљу добра глаа,
Му пление стока богатиа.