Зборник на Миладиновци/ Митре и Петре
Јановица | Митре и Петре од Браќа Миладиновци |
Рабдула и Мирче |
на современ македонски правопис |
Два се брака дељба разделиле!
На ништо се брака не скарале,
Се скарале на града Камнена;
Митре велит, татко ми аризал,
Петре велит, татко ми остаил,
Како тебе татко, та и мене.
И си стана Митре поголеми,
Си го зеде Петрета брака си,
Си го фрли во темна з'ндана,
Си го држа за девет години.
Бог је убил млада Митреица!
Зашто беше умна и разумна,
Што на брго си го погледвеше,
К'та вечер што му је носеше?
Му носеше п'една бела свешта,
На недеља по бела погача,
На недеља по бела промена,
Дури лежа во темна з'ндана,
Петре лежит здраво го з'ндана,
Митре лежит болен во одаа,
Ми лежеше до девет години.
Тога велит млада Митреица:
„Ај ти Митре, мои господине!
Не си болно боља от господа,
Тук си болно от твојте греои,
Што ми стори на твоето брате,
Што го држиш на темна з'ндана,
Како тебе лељ и тој је брате,
И тој сака стока таткоина,
Што не му даде стока таткоина,
Тук' го фрли во темна з'ндана?
Дур' н' излезит от темна з'ндана,
Дур' не даит тебе пропггениа,
За теб' здравје нигдека ми немат.”
Тога велит Митре на нееста:
„А неесто, умна и разумна!
Бог да прости к'де ми насмена,
Оти брата ми јас го забораиф,
Јас не вервам брат ми да је живо,
Туку на ти тебе кључеиве
И земи ја мој а мила сестра,
Откључите темнана з'ндана,
Извадите коски братои ми,
Донесите јас да и целивам,
Белки госпот мене ке ме простит,
И душава да ми се отделит,
От сум сторил големи греои.”
И си зеде млада Митреица,
И си зеде кључеј от з'ндана,
Си ја зеде Митреа мила сестра,
Откључиа темната з'ндана,
Г' извадие Петре добар јунак,
Го измие и го променае,
Го качие на диван визсоки.
Кога виде негоо мило брате,
си стана на нога јуначка,
С'та боља на час му оздраи
Се гушнае и се избацие,
Процггение брака си сторие.
Митре тога лепо говореше:
„Ајти Петре, мое мило брате!
Лељ те видоф ушт' еднош со очи,
Ајде сега, брате, ке те женам
И ушт' еднош кавга да немаме,
И ушт' еднош дељба да немаме!”
Петре му се Митрету поклона.
Го посврши и си го ожени,
Му зедое убаа нееста,
Ушт' едношка не се раскарае,
И си дељба веке не сменаа
Дури живот тие си имае.