Зборник на Миладиновци/ Корун, Кондофила и син Костадин

Никола, Богдан и Ангелина Корун, Кондофила и Костадин

од Браќа Миладиновци
Гино арнауче и Петра хубава
на современ македонски правопис


Љубит Корун млада Кондофила,
Ја љубило за девет години;
Ми одело от утро на утро,
Ми одело от вечер на вечер,
Дур порастил сина Костадина;
Тога ми се Корун уплашило,
Тога ми се Корун позапрело.
Му допушти млада Кондофила:
„А егиди Корун побратиме!
Што не идеш, како што идеше?
Али ти се азно дососало?”
Тога велит Корун кесеџија:
„Кондофило, верна посестримо!
Мене ми се азно не дососвит,
Туку сум се мошне уплашило
От твоего сина Костадина,
Ми го кажвет појунак от мене.”
Тога велит млада Кондофило:
„Ај Коруне, верна побратиме!
Аљ тоа те тебе брига нашло?
Јас ке легнам болна от нафола,
Ке си лежам за една недеља
И без лебец и без студна вода;
Ке го пушта во гopa зелена,
Да ми барат вода лекоита,
Ке го пуштам в гора без оруже,
Да го чекаш, ти да го загубиш,
Да бидеме, како што сме биле.”
Се поболи млада Кондофила,
Се поболи болна от нафола,
И ми лежа за една недеља,
И без лебец и без студна вода.
Тога велит сина Костадина:
„Леле мајко, леле мила мајко!
Да ми кажиш от ошто си болна,
Аљ си болна, мајко, от господа,
Аљ си болна, мајко, от душмана,
Аљ си болна, мајко, за попои,
Аљ си болна, мајко, за екими,
И за воѓе, мајко, лекоити,
Да ти барам билки чемерлики.”
Тога велит млада Кондофила:
„Не сум болна, синко, за екими,
Тук да појдиш во гора зелена,
Да ми бараш вода лекоита;
Ама ти се, синко милно-моља,
Да не земаш таткоо ти оружје!
Не се земат оружје за здравје.”
Си киниса сина Костадина,
Да си одит в гора без оружје.
И го разбра негоата сестра,
И му рече негоата сестра:
„К'де одиш, мое мила брате!
К'де одиш в гора без оружје!
Не је болна мајка од господа,
Тук' је болна мајка од нафола.
Ми те пуштат в гора без оружје;
Там' те чекаш Корун кесеџиа,
Тебе, брате, да ми те загубит;
Туку ела дома да одиме,
Ке ти даам свекрвоо оружје.”
Си отиде брате у сестра си,
И си зеде сватоо оружје.
И му рече негоата сестра:
„Ајде сега брате Костадине!
Ти да можиш, бог да ти поможит,
Да не бараш вода лекоита,
Тук' да бараш глаа Коруноа,
Да донесиш на нашата мајка.”
Си отиде сина Костадина,
Си отиде во гора зелена.
Си го најде Корун кесеџиа,
И му рече Корун кесеџиа:
„Добре дојде Коста добар јунак!
Ја те барав ноќе со борина,
Ми те најдоф дење на пладнина!
Ела однош да се обидиме!”
Се разлути Коста добар јунак,
Си разлути своја брза коња,
Си изваи сабја дипленица,
Го пресече преку полоина.
На час Корун уште не узнало,
Си разљути своја брза коња,
И се спушти тој по Костадина.
Колку му се коња разиграло,
Тој ми падна, два трупа се стори.
Тога слезе Костадин от коња,
Му ја зеде глаа Коруноа,
Си ја врза в една бела риза,
Ја обеси зад себе на коња.
Си се врати при својата сестра: -
„Ајде, сестро, дома да одиме!
Што ми рече, сестро, ја погодиф,
И ја можеф, и господ поможи,
Ја донесоф глаа Коруноа”
Отидоа при нивната мајка,
И је викна сина Костадина:
„На ти, мајка вода лекоита.” -
И је фрли глаа Коруноа; -
Да се љубиш, как си се љубила!
Ти го бараш, ја ти го донесоф,
Ако појдоф в гора без оружје.”
Тргна сабја, мајка си пресече;
Не је однесе в црков да закопат,
Тук је фарли по бела Дунава.