Зборник на Миладиновци/ Кога невестата се клањат на кумот

Кога зетот се облеквит Кога невестата се клањат на кумот

од Браќа Миладиновци
Кога невестата иставает от дома је
на современ македонски правопис.


Излегла је невестата
От утрина во недеља
Да си мете рамни дворје,
Дворје мете солѕи роне.
Изметила исчистила,
Та застана спроти слонце,
Спроти слонце от протива,
Со слонцето си зборува:
„Еј ти слонце, лепо слонце!
Ти си греиш на високо,
Ти си гледаш на далеку,
На далеку на широко,
Нели виде мојата мајка
Мојата мајка, мојот тејко,
И моите до два брата
До два брата, два близнака
И моите до две снахи,
До две снахи и две сестри?”
Слонцето и проговара:
„Еј невесто црнооко!
Вчера от там поминах,
Твојата мајка колак месе,
Твојте брата коња седлат,
Твојте снахи вино томчат,
Твојте сестри венци виат,
Ке си ходат за невеста.”