Зборник на Миладиновци/ Кога зетот се облеквит

Вечерта на големиот армас Кога зетот се облеквит

од Браќа Миладиновци
Кога невестата се клањат на кумот
на современ македонски правопис.



Насилили се Турци јаничари
Они се шетат јаничарство пишат
К'де двајца, едниот го пишат,
К'де је еден, само него го пишат.
К'де се троица, двајцата ги пишат,
Единот остават, к'шта да си гледат.
Имала мајка сина петемиа,
Сина петемиа едно кајметлиа,
Је повркала младо го женила,
И во недеља невеста му зела;
И во понеделник јаничари дошле,
На војска писале това лудо младо,
Дваш је кинисало, триш је поврнало,
На млада невеста она нар'чало:
„Младо, да ме чекаш до девет години,
До девет години, до десет пролети,
Ако ја не дојдам до десет пролети,
Јунак да си бараш, јунак спроти мене,
Јунак спроти мене, јунак зараде мене.”