За македонцките работи/Имат ли се нужда от македонцки национални научно-литературни другарства?

Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?[1]


Идеiата за образуан'ето на нашето другарство беше − полно оддел'уан'е на нашите интереси од бугарцките. Со него ниiе сакафме да покажиме на русите, оти у нас во Македониiа немат национален антагонизм и iет возможно задружно работеiн'е от сите македонцки народности на културна почва. Ушче поеке, ниiе сакафме да докажиме на русите да немат во Македониiа неколку словенцки народности а имат само iедна; да македонцките словени можат сами да разрушат таiа преграда, шчо iет постаена мег'у ниф од пропагандите и од нивното образуаiн'е во Бугариiа, Србиiа или Грциiа. Ниiе сакафме да покажиме, оти на прекор на нашето образуаiн'е и воспитааiн'е во разни држаи или пропаганди, ниiе предпочитаме сите да напраиме отстапки от своiа страна за обшчемакедонцките интереси, за да не бидиме орадиiе во рацате на пропагандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон соедеiн'е, ни со Бугариiа, ни со Србиiа, ни со Грциiа.

Но се наiдоа мег'у ланските членои лица, коiи наог'аат за излишно сашчествуаiн'ето на таквоа другарство, зашчо немало оддел'на македонцка народност во Македониiа, а имало тамо србцка и бугарцка, и пошчо во Петроград имало бугарцко и србцко студентцко другарства, то немало нужда от македонцко.

Пред вид на таiа критика за нуждата и целесообразноста на нашето овдешно другарство, ниiе сме должни да си дадиме точен отчет за причините шчо предизвикаа образуаiн'ето негоо. Тоа можит да се напраит, пошчо се одгоорит на главните возразуаiн'а на нашите противници, со коiи они се мачат да покажат да немат нужда од оддел'но македонцко другарство, и да iет негоото оформируаiн'е не своiевремено.

Нашите противници вел'ат, оти сега не му било времето да се подигаат национални прашаiн'а во Македониiа, кога iет зборот за iедно сносно сашчествуаiн'е на сите народности. Сега не iет времето да се оддел'уаме од Бугариiа, кога она напраила толку жртви за нашето ослободуаiн'е и ке напраит ушче за однапред. Неуместно и неразумно iет да оддел'аме своiите интереси од обшчебугарцкете кога во соiединеiн'ето, а не во расцепеiн'ето iет силата. Ако се подигнит сега прашаiн'ето за националноста на македонците, то ниiе ке требит да се врниме назад на 30 и поеке години. Зар и возможно ли iет сега националното обiединуаiа'е на македонците, кога во Македониiа имат многу, а не iедна националност, и кога немат iедна оддел'на македонцка словенцка нациiа?

Наi напред требит да се речит, да не iет истина тоа шчо велат, да сега не му било времето да се подигат прашаiн'ето за народноста на македонците? Со игнорираiн'ето на тоа прашаiн'е, ние не праиме ни iедна стапка напред, зашчо, ако го игнорираме ниiе, то не го игнорираат сите, и мали, и големи држаи, осим Бугариiа. Ниiе значит, просто си затвараме очите пред неприiатната за нас деiствител'ност. Ако, значит, разгледаме тоа прашаiн'е, нiе не се враiк'аме назад, а одиме напред, сознааiки негоата важност. Вистина со националното прашаiн'е ниiе ке се занимааме 20—30 години, но кривината за тоа лежит во нашите предшественици, коiи не сознаа сета негоа важност, а не го кладоа да здреiит. Да беа тоа напраиле, немаше зашчо ниiе сега да се занимааме со него. Ако прашаiн'ето за народноста на македонците имат првостепено значеiн'е за бугарите, србите и грците, и секоiа от тиiе народности го третираат по своему, то зашчо и ниiе тоа прашаiн'е да не земиме во своiи раци, и да го разгледаме сестрано, и од бугарцко, и од србцко, и грцко гледишче, и критикуаiки сите ниф, да не изработиме македонцко гледишче на нашата народност, а се удовлетворуаме спроти местото, каде сме се училе, или со србцкото, или со бугарцкото, или со грцкото гледишче? Да не си изработиме своiе, македонцко гледишче за нашата народност, убедител'но и спраедлио за сите македонци, значит, да ниiе не сме во состоiаiн'е самостално, без туг'о влиiаiн'е да изучиме сами себе. Iас не можам да допушчам последното и го броiам оскрбно за мене, ето зашчо и не се откажуам на прво место да си изработам своi самостоiен возглед на прашаiн'ето за моiата народност и таiа на моiите сонародници. Значит, од моiе гледишче нашето другарство во прашан'ето за нашата народност не напраи никаква нетактност, и само укажа извесна услуга на дуовните интереси на македонците.

Сега ке требит да одгоориме на возразуаiн'ето, да не iет уместно и iет не своiевремено да оддел'уаме нашите интереси од обшчебугарците, зашчо од iедна страна, силата била во соiединеiн'ето, и од друга, Бугариiа напраила толку жртви за нашето ослободуаiн'е и ке напраела и за однапред.

Тоа возразуаiн'е iет многу сложно, затоа ке требит да се одгоарат на секоi дел по оддел'но.

Прво нешчо, шчо можит да се речит, тоа iет, да ниiе не сега се оддел'уаме од Бугариiа, и со тоа раздробуаме iедно создадено цело, но сме одделени и живиме веке оддел'но поеке од 25 години. Друзи не разделиiа и создадоа од нас и бугарите различен жиот, разни потребности, нерамен положаi. Друзи и не ни даваат да се соiединиме. Од македонцко гледишче соiединеiн'ето на цела Македониiа со Бугариiа, или Србиiа, или Грциiа не iет желател'но, но не iет и страшно. Значит нема зашчо да се бориме со него. Но такво соiединеiн'е не ке допушчат, ни малите балканцки, ни големите европеiцки држаи. Значит, ниiе, не сакаiки да бркаме нашите интереси со бугарцките, дааме своiето согласiе и узаконуаме сашчесчествуiушчиiо ред. Се питат само, али тоа узаконуаiн'е iет во наша полза, зашчо кажуваат, оти Бугариiа ни напраила многу арнотиiи, и ке ни напраела ушче. Да видиме, шчо арно сме виделе ниiе до сега од бугарите?

Бугарите усилиiа бiуджетот на екзархиiата от поiавуаiн'ето на србцката пропаганда; со друзи зборои усилиiа нивната пропаганда и нивните интереси во Македониiа. Кладоа они неколку владици, и отвориiа неколку трговцки агентства, поддржаа со пари востааiн'ето во Македониiа и прераниiа во Бугариiа мнозинство обездомени македонци, избегани во Бугариiа. Тиiе сет арнотиiите, шчо ѝ видефме од бугарите.

Како ви се чинит: али сет доста? али сет много? али сет поеке од добрините, шчо ни ѝ напраиiа србите? — Ако не бидиме бугарцки шовинисти и пристрастно не гледаме на работите, не можиме да не констатираме, оти во Македониiа бугарите не напраиiа за нас македонците, нишчо поеке од тоа, шчо напраиiа србите. Пак и смело можит да се речит, оти напраиiа по малу от србите. Горе изброiените бугарцки добрини не сет напраени во полза на самите македонци, а на интересите на Бугариiа во Македониiа. За тоа бугарцките милиони за Македониiа немаат по големо значеiн'е од србцките за тамо. Бугарите ни кладоа владици во Македониiа; имаiте на ум, оти тиiе владици сет во поекето случаiи и во наi важните места бугари, а не македонци. Преко владиците бугарите сакаа да истребат се, шчо не им iет приiатно, а наi многу црковно-обшчинцката самоупраиiа. Но таква услуга со србцки владици сакаа да ни окажат и србите. Шчо сет тиiе криви, шчо ниiе предпочетофме да сме орадиiе на бугарите, на место да сме орадиiе на србите? — Бугарите отвориiа во Македониiа трговцки агентства! Но за чиiи интереси? Се разбират, оти не за македонцки, а за бугарцките. Србите предадоа своiите интереси во Македониiа на своiи консулства и генерални консулства. Ако бугарцките трговцки агентства во Македониiа сет благодеiаiн'е за нас, то србцките генерални консулства сет ушче по големо. — Бугарите ни поддржале востаiн'ето. И србите го поддржуваа. Бугарите го поддржуваа поеке, зашчо нивните ингереси тоа го сакаа, а не за атарот наш. Србите го поддржуваа, за да не останат по назад од бугарите; но да беа србцките интереси така врзани со востаiн'ето, то србите сто пати ке обiавеiа до сега воiна на Турциiа, без да чекаат од некаде помок', без да гледаат али ке бидит исходот за ниф благоприiатен или не. — Бугарите ранат обездомени македонци, но истото го праат и србите.

Тоа iет сета арнотиiа, шчо iа добифме од Бугариiа. Сега да видиме, со шчо заплатифме ниiе за таiа арнотиiа, или колку ни костуат она?

Ако прегледаме собитиiата от последната руско-турцка воiна до сега, ке видиме, оти секоiа арнотиiа од Бугариiа за македонците не iет нишчо, осим iедна конпенсациiа за глупостите, шчо и имат напараено Бугариiа во нашето прашаiн'е. Македонцкото прашаiн'е во раците на бугарцките дипломати и народ iет ред глупости, напраени само на македонцки есап и наречени мег'ународни победи на бугарцката самостоiна политика. Тиiе глупости на бугарцкиiо народ сет за нас македонците како прародител'цки греф, коiи ке поминуваат од поколеiн'е на поколеiн'е. Ето во шчо се состоiит тоiа прародител'цки греф:

Бугарите сет ослободени од русите. Во тоа време руското обшчество се увличаше со словенофил'ство. Тоа увлечеiн'е им зе около 250,000 души воiска и милиарди рубли. Но каков беше резултатот от таiа воiна? Русите и напред воiуваа со Турциiа, и ослободиiа со своiа крв готоо сите балканцки држаици. Но никоаш до тогаi русите не се разочаруваа така, како шчо се разочаруваа во време на последната воiна. Оно доiде до таква степен, шчо русите сакаа да кладат крст на своiето по тамошно увлечеiн'е и ослободуаiн'е на словените на Балканцки полуостров. Последните сокоiи од увлечеiн'ето на русите, и со тоа и надежите на македонците на Русиiа беiа, голтнати од Бугариiа. Поведеiн'ето на бугарцкиiот народ кон руската воiска, и бугарцката интелегенциiа кон руските власти и дипломати, беше такво, шчо русите илiадо пати се каiеа за своiето увлечеiн'е со „братушките". Тоа раскаiаiн'е iет влегло глабоко во душите на сите руси, коiи сега не сакаат да чуiат за некакви „братушки", а особено за бугарите. Коi плаiк'ат сега за поведеiн'ето и грешките на бугарите, ако не ниiе македонците?

Увлечеiн'ата на Русиiа родиiа iедна Бугариiа, но со неiното родеiн'е, Русиiа умре за нас. Сите надежи у македонците поминаа на недоносчето — Бугариiа. Ниiе помислифме тоа недоносче, iа ке одрастит ке окрепнит и ке ни даiит рака, и ниiе со него да заживиме слободен жиот. При имаiн'е една слободна Бугариiа ниiе мислифме, чуму ни iет Русиiа. Нашите надежи се поддржуваа од Бугариiа а како да зафатиiа да се осашчествуваат. Бугариiа, како покоiниiот србцки крал' Александр, се обiаи сама за совршенолетна и зафати самостоiен ред глупости, шчо се наричаа од неiа самостоiна политика:

Разруши арните односи со Русиiа, и повика Стамболова, тоi да предаит Бугариiа во раците на троiниiот соiуз и Англиiа, и да iе напраит нивно орадиiе против Русиiа. Таiа ноа ера во историiата на Бугариiа, таiа самостоiна политика се зафати од присоiедиенуаiн'ето на Бугариiа со Источна Румелиiа и од нарушааiн'ето од Бугариiа на Берлинцкиiот догоор, на коi шчо почиваше и праото на македонците на автономиiа со рисiанин генерал-губернатор. Нарушаiн'ето на Берлинцкиiот догоор и Стамбуловцкиioт режим, крстени „самостоiна национална" политика на Бугариiа, на тоа политично, капризно, несовршенолетно недоносче iет втор удар за политичната слободиiа на македонците. Европа и Русиiа настоiаваа да се изработит план за реформи во Македониiа и во 1882 година, тоiа план беше веке готов и ке се настоiааше да се воведит, како ноиiот „политичен фактор на балканите" кажуат своiето vеtо, и на место реформи сакат за Македониiа бугарцки владици. Бератите за владици се дадоа и ниiе, заслепените македонци, поверуафме на Бугариiа, оти она со неiната „самостоiна" политика нишчо друго не праит, осим одржуат политични победи и облагодетел'ствуат нас, македонците. — Арно ни замажаа очите. — Но не поминаа и 5—6 години, како се отрезвиiа бугарите од своiето увлечеiн'е во „самостоiната" политика. Се убедиiа со напредуаiн'ето на србцката пропаганда во Македониiа, оти они не сет iединствениiот фактор во македонцкото прашаiн'е, а оти имат, осим ниф, и друзи, и оти успеот при конкуренциiата ке бидит тамо, каi шчо ке бидит поддржката на Русиiа. Бугарите пак станаа русофили, но тоа го напраиiа, не со чисто срце, а за да напраат руското праителство орадиiе на своiите интереси во Македониiа. При надворешното приiател'ство на Русиiа, они не можеа да се примират со мисл'ата, зашчо руските консули во Македониiа да поддржаваат србцката пропаганда тамо. Зa таiа причина некоiи од политичните партиiи клеветеа Русиiа, како неприiател'ка на Бугариiа, и на се бугарцко, наi многу за поддржката од страна на Русиiа србцката пропаганда. Бугарцките политикани не можеа да видат, оти поведеiн'ето на Русиiа iет плод на нивните глупости, шчо се вел'ат „самостоiна" и „национална" политика. Кога таiа „самостоiна" и „национална" политика iет орадаiе на неприiателите на Русиiа, против интересите на последната на Балканцки полуостров, можат ли да бараат тиiе бугарцки политикани од руското праител'ство, да бидит оно совршено безучастно во собитиiата на Балканцки полуостров, кога тоiа полуостров iет бил грижата на Русиiа цело столетiе и поеке? Она требит да си сочуат своiите интереси тамо, па и ако тоiа сочувуаiн'е не ке бидит по вкусот на „самостоiната" и „национална" политика. Бугарите во своiата надворешна политика станаа русофили и русите си измениiа малу политиката кон бугарите. Но бугарцкото русофилство беше со есап, и не беше траiно, значит, и руската политика немаше да се изменит окончателно, iедно не се знаiеше, до колку iет искрена и траiна бугарцката надворешна политика. Бугарите беа не задоолени од руската политика во последно време, особено заради прашаiн'ето за ракополагаiн'ето на Фирмил'ана и за македонцкото востааiн'е. Они вел'ат: во тоа време, кога министерството на Данев предаде надворешната политика на Бугариiа во раците на Русиiа, последната на место да ни поможит, напраи да се ракоположит Фирмил'ан во Скопiе, и друго, не напраи нишчо за Македониiа. Бугариiа да беше водела „самостоiна" и „национална" политика, она не ке допушчеше првото, и ке решеше македонцкото прашаiн'е со по големи реформи.

Тиiе сет расудуаiа'ата на бугарите. Но ниiе, ако станеме на самостоiно македонцко гледишче, ке требит да речиме следното: Бугариiа со неiното русофилство не напраи никаква услуга, ни на Русиiа, ни на Македониiа. Но од русофилството она се восползуа со заiамот, напраен при руско содеiство, а друго, и наi главно, не изарчи позаiаените милиони на воiени нужди, и со тоа остаи полни државните каси. Бугариiа и да водеше „самостоiна" и „национална" политика т. е. да беше орадиiе на троiниiот соiуз против Русиiа, пак немаше да напраит нишчо, зашчо сега и немат тиiе натегнати односи мег'у ниф, коiи беа при Стамболова. Сега членоите от троiниiот соiуз имаат оддел'ни соглашеiн'а по мег'ународните прашаiн'а, работат заiедно по ниф и парализуваат сите капризи на малите држаи, коiи со тиiе капризи сакаат да изменат политичното разновесiе во нивна полза. Сега немат место за Стамболовцка политика. Возродуаiн'ето на Стамболовцкиiот режим во Бугариiа сега не се оправдуат со нишчо и iет iеден нов опит на политичното недоносче да покапризничит. Но од тиiе капризи, не него, а нас македонциге, ке не болит глаата, како шчо и не болит веке. Но ноите праители во Бугариiа ни вел'ат: тоа iет Русиiа крива; Русиiа се боит од iедна голема Бугариiа и за тоа: таiа кладе Фирмил'ана, таiа сега не сакат да даiит на Македониiа автономиiа, таiа не не остаи нас да се приготвиме, и да воiуваме со Турциiа.

Другари! Таквиiа тврдеiн'а, не сет нишчо друго, осим iедна лож iедна клевета, фрлена на ослободител'ката Русиiа од iеден ослободен робцки народ, коi шчо ушче не iет слободен од негоите робцки инстинкти, со коiи се ползуат, за да оправдат своiата глупаа „самостоiна" и „национална" политика. Тоi народ, коi шчо iет првата и последната причина за сите наши нестреки, со своiите глупаи постапоци не наведе на iедна нерамна борба со турците, и во наi решител'ниiот момент не остаiи на произвол на судбата. Тоi произведе клаiн'ето во Македониiа, како шчо го произведоа во Ермениiа англичаните, и со тоа изгуби своiето влиiаiн'е во Македониiа. Но тоа влиiаiн'е му iет нужно, ето зашчо, од iедна страна не увераваат, оти до кога имат слободна Бугариiа, македонцкото прашаiн'е не iет закопано, од друга страна, за да оправдат своiето егоистичио поведеiн'е, сета вина за нестреките каi нас обрнуат на Русиiа.

Браiк'а! зар не iет нелепост, да се мислит, оти Русиiа се боiела од голема Бугариiа и не сакала нашето ослободуаiн'е, и оти по тиiе причини не сакала нашето ослободуаiн'е, и помагала да се ракоположит Фирмил'ан?

Прво да видиме, коi iет крив во сегашното востаiн'е, а на кого паг'ат за него наi голема одгоорност?

Не iеднаш Русиiа ни имат речено, оти она не ке пролиiет, нито iедна капка крв, и не ке ни даит, ни наi мала материiална помок', ако ниiе македонците подигниме востааiн'е. Русиiа по македонцкото прашаiн'е толку пати iет публикуала праител'ствени сообшчуаiна, толку пати сет праени предстауаiн'а на бугарцкото и турцко праител'ства по нашето прашаiн'е. Во сите ниф напрао ни се велеше: седете си мирно, оти, ако напраите брканица, не можам, и не сакам да ви поможам. Со друзи зборои, она си изми раците от сите нестреки од iедно востааiн'е во Македониiа. Можиме ли ниiе после тоа да обвинуаме Русиiа во неискреност и поддупуаiн'е? Зашчо тогаi да се л'утиме на Русиiа?

Ако не се лажам, комитето и организациiата очекуваа помок', не од Русиiа, а од Бугариiа, зашчо во Македониiа во пон'атiата нивни и на екзархиiата бугарцка живеiат бугари. Руси тамо немат. Значит Бугариiа требеше да поможит, или наi категорично да речит: не чекаiте од мене нишчо. Но Бугариiа не напраи ни iедното, ни другото: не напраи првото, зашчо бугарите сет есапчиiи, и сет готои да земат Македониiа, ако им iе подарит некоi; а инак, ако сакат, нека бидит запустена. Никоi друг од Балканците народи немаше така спокоiно да гледат на запустуаiн'ето на iеден краi, каi шчо се имаат негои сонародници. Да беше инициативата во востааiн'ето грцка или србцка, и да знаiеа тиiе народи, оти востаа'ето ке бидит така сил'но, не гледаiки на никакви неблагоприiатни прилики, ке обiавеiа воiна, па макар та воiна да се свршеше со полна поразиiа нивна. Но бугарите не сет от таiа категориiа; они к'е обiаат воiна само тогаi, ако имат некоiа држаа, коiа да им обеспечит плодоите на воiната. А пошчо такво обеспечеiн'е никоi пат не iет сигурно, без да се ангажират iедна од големите држаи, или неколку од ниф, со оражиiе во рака да поткрепат тоа обеспечеiн'е, то од Бугариiа не можеше да се очекуат набркуаiн'е во македонцките работи. Но ако беше така, то бугарите можеа да кажат iасно на македонците, на ниф да се не надеiат, и можит, неке се добиеа тиiе резултати. „Далековидната" политика на кн'азот и на негоите „самостоiни" и „национални" помок'ници требеше да предвидит се, и да предупредит нестреките. Но они тоа не го напраиiа. Оставиiа да станит востааiн'ето, мислеiки, ако не „самостоiната“ политика, то крвта на македонците, ке застаит „великата ослободител'ка" да си остаит своiите работа, и да доiдит да воiуват за нас, за да iе повикаат после во Берлин и да загубит Манчжуриiа и влиiаiн'ето во Персиiа. Тоа беше престапно поведеiн'е' кон македонцките работи, и главен престапник во ниф се iавуат официална Бугариiа и бугарцкиiот народ, коi шчо не можа да застапит своiето праител'ство, да се застапит за своiите македонцки клиенти. И за тоа престапно поведеiн'е се праит сега крива Русиiа, и то официална Русиiа, коiа немала нишчо обшчо со неiниiот народ. Ослободените „братушки“ сега не сакаат да се признаат во своите грешки; ето зашчо заiауваат, да сет они сите русофили, да милуваат рускиiот народ, но не милуваат руското праител'ство, коiе не изражуало народните чувства кон македонците, и отрицател'но се однесуало кон секоiа искажана од народот симпатиiа кон ниф. За докажуаiн'е на последното покажуваат на „таiни“ циркул'ари од праител'ството, да се не печатат поеке статиiи за македонцките работи.

Каi нас во Македониiа, и во Бугариiа можат да придаат на таква праител'ствена распоредба непраил'ен значаi, ето зашчо ке требит да се кажат овде неколку зборои и за неiа. Наi прво требит да се кажит, оти во македонцкото прашаiн'е немат никаква разл'ика мег'у погледите на него на руското обшчество и народ од iедна страна, и праител'ството од друга, а имат само разлика во степента на интересот со него : обшчеството и народот многу по малу се интересуваат от праител'ството, шчо се видит од помок'ите за македонците. Ако се срамнат тиiе со помоките на бурите (Трансваал'ците), то ке се добиiет голема разлика, а тоа iет затоа, зашчо со борбата на бурите се интересуваа много поеке, од нашата борба. А тоiа слаб интерес iет резултат на разочаруаiн'ето на русите од „братушките“. Значит и за тоа требит да речиме на бугарите: сполаi ви! Руското праител'ство секоi пат даат полна слободиiа на руската стамба да стамбосуат статиiи по сите прашаiн'а до тогаi, до кога некоiе прашаiн'е се разгледуат и не iет приiемено никакво решеiн'е по него. Откако прашаiн'ето бидит исцрпено, и по него iет приiемено некакво решеiн'е, се праiк'аат циркул'ари, да iет прашаiн'ето исцрпено. Но, тоа се праит, не за да се лишат ноините од слободиiа да пишат, а за тоа, шчо на Балканцкиiот полуостров придаваат големо значеiн'е на сите статиiи, шчо се односат до балканцките работи, и мисл'ат, оти праител'ството под влиiаiн'ето на пресата ке изменат своiата политика. Праител'ството просто сакат да не избаит нас од праздни надежи Ако iет се тоа така, то со шчо можит да се обiаснит политиката на Русиiа во прашаiн'ето за Фирмил'ана, ке запитаат некоiи. — Iасно iет, оти она iет србофилцка. — Да видиме дали iет, толку iасно.

Причините за ракополагаiн'ето на Фирмил'ана ушче еднаш iасно ке ни покажат, каква нестрек'а за нас македонците iет носеiн'ето на името бугарин. Од ниф ке се видит, оти политичното недоносче — Бугариiа не iет во состоiаiн'е да зашчишчаат не само нашите, но и негоите интереси.

Бугариiа немат дипломати, а ушче по малу — во странство. И тиiе шчо сет от последнате, не сет да чуваат и подигаат значеiн'ето на Бугариiа, а да умал'уваат и осмеiуваат, и себе, и своiата држаа. За подтврдуаiн'а на тоа, доста iет да се потсетит на троiица: г. г., Бешков, секретар и gеrаnt на Трговското Агентство во Битол'а, Цоков, дипломатически агент во Лондон и Станчев таков во Петроград.

За г. Бешков, попрашаiте кого сакате во Битол'а, било то от персонало на тамошните консулства, било од бугарцките учители, било од влашките, било од граг'аните, или наi после од циганчин'ата, со коiи се имат разгоарано г. Бешков, постоiано врвеiки по Градот без работа, — сите ке ви кажат, коi iет г. Бешков. За тоа србите имаат во Битол'а прекрасен предстаител', коiи се пол'зуат со полно уважеiн'е у консулите. Тоа iет г. Ристич.

Сета своiа дипломатиiа си искажа г. Цоков во разгоорот негов со кореспондентот на Реiтер.

Но наi интересен iет г. Станчев, iедно, како частно лице, друго, како дипломат и трек'о, како дипломат на наi важното за Бугариiа от сите дипломатцки места. Прво нешчо, шчо биiет на очи, тоа iет, шчо г. Станчев си остаат на истото место од сето време, како знаiам за него (имат около 9 години). Тоiа факт на вид iет многу утешен, зашчо он како да покажуат постоiанство во политиката на Бугариiа. Србцките посланици вистина седат во Петроград по неколку години со ред, но по 4—5 години се менат. Но тоiа утешен факт, iет утешен само на вид. Ушче првата година на моето студентство мене ме запитаа, кавов чоек iет г. Станчев? Iас за него не знаiеф нишчо, затоа рекоф, оти мало го познаам. Тогаi ми дадоа iедна немцка книга, со наслов Die Wahrheit uber Bulgarien. Iас замолиф, да ми iе дадат, да iе прочитам дома. Ми iе дадоа, и така iас се запознаф прв пат со г. Станчев и со бугарцките работи, особено со положеiн'ето и авторитетот на бугарцкиiот предстаител' во Петроград. После iас чуф ушче некоiи слуои за г. г. Станчев од нивниiот жиот во Петроград подобни на пасажите за ниф во упоменатата книга. Од разгоор со журналисти iас чуф, оти г. Станчев праил опит да повлиiаiет на ниф, но неуспешно. Вообшче сите тиiе, со коiи имаф случаi да се видам или зборуам, г. Станчев или не го знаеа, или лошо се одзоуваа за него. Но во последната година г. Станчев, кажуваат се пушчил толку долу, така ниско пушчил бугарцкиiот престиж во Петроград, как не ке можеше да напраит и наi големиiот неприiател' на бугарцките интереси.

А знаiат ли бугарите, оти во тоа вреие, кога они имаат во Петроград iеден Станчев, србите имаат тамо iеден Пашич, или iеден Груiич, или iеден Новакович? Тиiе дипломати последовател'но сет, или во Петроград, или во Стамбул; и на iедното, и на другото место они остануат по неколку години со ред. Во Петроград они имаат обширни познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеи на руското обшчество и имаат големо влиiаiн'е на него. Они се знаiат со дипломати, профецори, редактори и издатели на ноини. Они зборуваат убедител'но и со глабоко знаiаiн'е на работите. Добаите кон тоа, да iет србцката надворешна политика устаноена, као и то, да имаат они и цел ред друзи, осим упоменатите дипломати, а ке разберите, оти ракополагаiн'ето на Фирмил'ана iет победа на србцката дипломатиiа и поразиiа на бугарцката; победа, добиiена со своiи т. е. србцки сили, а не нешчо наврзано од русите; поразиiата пак на бугарите iет резултат на немаiн'е бугарцки дипломати, коiи да разбираат бугарцките интереси и да ги зашчитуат со авторитет и знаiаiн'е. —

Ама г. Зиновiев помагал и сочувствуал на србите. Тоа можит да бидит вистина, но тоi го праит тоа, не зашчо мрзит бугарите, а зашчо србцките посланици во Стамбул сет логични, знаiат арно нивните интереси, и можат да и зашчитуат. Исто така, можит, руските консули зашчитуваат србцките интереси во Македониiа, не за атар, а iедно, зашчо и србите, како и бугарите сет словени, а друго, зашчо србите по арно имаат разбрано и знаiат да бранат нивните интереси.

Значит бугарцката надворешна политика не издржуат никаква критика. Она iет главниiот извор на сите наши нестреки. За тоа не можит и да се зборуат за некакви арнотиiи од Бугариiа за Македониiа. Арнотиiа ли iет материiалната помок' на Бугариiа за востааiа'ето, кога таiа поддржка само не застаи да си расфрлиме народните сили, со кои ниiе бефме силни, а сега сме нишчо? Арнотиiа ли iет ранеiн'ето на избеганите во Бугариiа македонци, кога Бугариiа iет првата и последната причина да им се разорат куките? Арнотиiа ли iет тоа, шчо приiимат она на своiа служба македонци, кога последните со службата, или заради неiа, забрауваат своiата таткоина, и неiните интереси жртвуваат на бугарцките? Зар не сет македонците, шчо сет на служба или кандитати за служба тиiе, коiи изопачуваа мег'у населеiн'ето во Македониiа значеiн'ето на руските праител'ствени постапаци, и и толкуваа пред него стамбуловцки, и го тискаа да востанит, против советите на Русиiа за благоразумие? Македонци! време iет да се убедиме, оти лошиiот демон за Македониiа, не iет никоi друг, осим Бугариiа, ето зашчо час по скоро требит да одделиме интересите наши од бугарцките. Тоа го барат од нас благоразумието.

От се гореречено се видит, оти бугарцките арнотиiи за нас македонците ни наi малу не се разликуваат од србцките, но за то ни костуваат сто пати поеке:

1, за бугарцкото име, шчо ни го подари екзархиiата, ниiе зедофме на себе сите добрини, шчо сет врзани со него, и со коiи се украси тоа име во наiноата историiа на Балканцкиiот полуостров.

2, за бугарцките сколиiи и бугарцкото „покротел'ство" на нашите интереси, ниiе немаме никакво сочувство от страна на русите, не за тоа, шчо тиiе мрзат бугарите, а по тиiе сообразуаiн'а, шчо они толку многу напраиле за бугарите, колку за никоi од словенцките и праославни народи; излегуат, оти они и за нас македонците напраиле многу, и немало зашчо ушче нешчо да очекуаме од ниф. Руското покровител'ство стаат не нужно, кога ниiе имаме „самостоiно" и „национално" бугарцко покроител'ство.

3, за бугарцките владици, шчо ни и подари Стамболов, ниiе заплатифме со немаiн'е автономни праа, предвидени по Берлинцкиiот трактат. Таiа арнотиiа добиiат ушче по големо значеiн'е со тоа, шчо она беше причината да се образуваат комитети, организациiи, чети, востааiн'а, да имат убиiства, грабежи, колеiн'а и пр. и во се тоа Бугариiа ни поможа, и со пари, и со трпеiн'е на комитетите на своiа земiа.

4, верата во бугарцкото чувство кон нас си iа платифме со востааiн'ето, од коiе Бугариiа вистина не не задржа и не ни поможа, но . . . . . . го испрати Наiчеича да прегоарат. . . . . Исто така Бугариiа со своiата искусна дипломациiа не поддржа . . . .!

5, За ранеiн'ето на избеганите македонци во Бугариiа и како наi голема награда за името бугарин, шчо го насадиiа каi нас, ни покажаа барем да знаiиме, коi iет причината за сите наши нестреки, а тоа била . . . . . Русиiа. И така, значит, Бугариiа ни напраи до сега веке сите арнотиiи, остааше само и у нас да развиiат клас „самостоiни националисти", коiи ке разберат наi после, каде iет коренот на секоiе зло во нашето национално развиiаiн'е, т. е. Бугариiа реши, и каi нас да насеiет русофобство, та и ниiе да изгубиме секоiа вера во праославна Русиiа. Мисиiата на Бугариiа iет прекрасна, само за жалост ниiе тука во Петроград сме далеко од Бугариiа, та русофобското семе не можит да ни западнит глабоко во душата и да даiит арни плодои.

Од сите преброiени фактои се видит големата вреда за нас македонците от тоа, шчо ниiе, или барем мнозина од нас, отожествуафме до сега нашите интереси со обшчебугарцките. Ниiе се велефме бугари. Со тоа, од iедна страна сакафме тоа име да ни послужит како центр, около кого ке можиме сите да се згрупираме, без да бараме за таiа цел'а некоi друг, а можит и сосим нов, од друга, ниiе мислефме, оти вистина во соiединен'ето со бугарите iет нашата сила.

И вистина од нашето велеiн'е да сме бугари, ниiе имафме прао да очекуаме за нас добрини, а не злини: ниiе можефме да очекуаме од Бугарите поддржуаiн'е на сите наши дуовни нужди. Бугариiа iет слободна држаа. Она располагат со пари, просветеiн'е, државни мажи и дипломати. Она требит да сознаат неiните и наши национални интереси и мошно да и бранит. Но видофме да сме горко излажани во нашите надежи и да на место арнотиiи, ниiе видофме само лошотиiи.

Тиiе лошотиiи преминуваат секоiе очекуаiн'е. Се прашат, коi iет во се тоа крив? — На тоа прашаiн'е iас не можам да одгоорам. Не iет моiа работа да барам, али некоi зол демон на Бугариiа имат напраено сите лошотиiи бугарцки нам македонците. За мене iет iасно само тоа, да голем дел во сите наши нестреки се должит на бугарцкиiо народ. Не iет кн'азот крив во тоа, да речиме, шчо немаат бугарите арни дипломати. Ако напр. г. Станчев iет предстаител' на кн'азот, а не на Бугариiа, то не сет таквиiа Цоков, Бешков и др. Не iет извинеiн'е за бугарцкиiот народ и тоа, шчо недостоiните дипломати принадлежат кон таiа или друга партиiа, и кн'азот се ползуат со повикуаiн'ето на власт, по лични сообразуаiн'а то iедна, то друга партиiа. Главната нестрек'а за Бугариiа и неiните интереси iет, не во тоа, шчо имат многу партиiи, и не сите знаiале арно народните интереси, а во тоа, шчо бугарите малку сет проникнати со народните интереси, особено со надворешните. У бугарите немат национални идеали, кoi да бидат обшчо достоiаiн'е и светиiн'а за сите бугари. Тиiе идеали се изработуваат од историiата на народот, но се изработуваат во iеден долог историцки период. Долго време членоите од iеден народ требит да се увличаат од iедни исти народни идеали, обшчи и свети за сите членои на народот. Тиiе идеали требит да бидат изработени од наi видните предстаители на народот и усвоiени от сите негои членои. Идеалите народни требеше да бидат iедна програма, кон осашчествуаiн'ето на коiа ке требеше да бидат напраени сите сили на народот. Народните идеали не одiеднаш сите можат да бидат осашчествени, но нивното осашчествуаiн'е требит да бидит само резултат на обшчата и самоотвржена народна работа. Трудностите во достижеiн'ето на народните идеали служит само како сколиiа, во коiа окрепнуат народниiот дух и се готвит за ушче по голема борба. Во замена на тоа, ако iеден народ добиiет политична слободиiа, или се исполнит нешчо друго важно за народниiот жиот, без негоо, или со мало негоо содеiство тогаi, кога у него ушче немат изработено народни идеали, или, ако сет изработени, не сет усвоiени от сите членои на народот,—то, во таков случаi, народот не ценит народните идеали, и како чоек без определена цел'а и програма за работеiн'е, се фрл'ат, то во iедна, то во друга страна, праеiки тоа, не зашчо тоi iет убеден, оти така требит да бидит, а зашчо видит да имат околу него л'уг'е, шчо постапуат така или инак.

Шчо видиме ниiе во наi ноата бугарцка историiа? Бугариiа добиiат политична слободиiа, наi важното нешчо во народниiот жвот, ушче тогаi, кога у ниф немаше народни идеали, кога и сами не знаiеа, шчо сакаат. Слободиiата iе добиiа бугарите со наi мали жртви и усилиiа; неiа им iе подариiа русите. Ослободеiн'ето напраи iедна голема пропаст мег'у по прег'ешната бугарцка историiа и жиот, и ноата. Во првата бугарите видеа сато iеден мрак, за тоа ови се одврнуваа од неiа. И така бугарите во ноиот слободен жиот се iавиiа како народ без традициiи, народни идеали, сознаiн'е на народните и државни интереси и историiцко наследиiе. Значит, Бугариiа се iави како држаа во вид на историiцко недоносче. Со усил'ата на Русиiа тоа недоносче окрепна малу, но при првото осек'аiн'е на своiите сили заiавуат претенциiа на самостоiна политика — извор на нестреки за македонците.

Но не само во таiа самостоiна политика се закл'учаваат нашите нестреки, а следствено и причината за оддел'аiн'е на нашите интереси од бугарцките, па и причината на оддел'аiн'ето ва македонците овде во македонцко другарство.

Тоа оддел'аiн'е си имат и друзи причини, а имено, употребуаiн'ето на нашите умствени сили на изучааiн'ето на себе, како членои на iедна таткоина и iеден народ. За да се достигнит таiа цел'а, требит да се состаит оддел'но другарство од лица, за коiи изучааiн'ето на Македониiа во етнографцки, географцки и историiцки однос имат првостепен значаi; а таквиiа лица сме ниiе македонците.

За да се достигнит таiа цел'а, ниiе требит да се одделиме од друзите балканци народи и самостоiно и критично да погледаме на сами себе и нашите интереси, како и на балканцките народи и нивните интереси. Постапуаiки така, ниiе ке се ослободиме од грешките, шчо и праат друзите балканцки народи.

За да бидит по iасна ползата от таквоа оддел'уаiн'е наше од друзите народи, доста iет iеден критичен поглед на работеiн'ето на тукашните студентцки другарства: бугарцкото и србцкото.

Бугарцките студенти имаат големи претенции да сет предстаители на наi ноите течеiн'а на чоечката мисла. За ниф немат никаков значаi национализмот, коi шчо се броiит за нешчо, шчо имат одживеiано своiот век. Они сет интернационалисти. Они сет наi напред луг'е, па после, ако им останит за тоа време, сет бугари. За ниф чоечеството имат по голем значаi од Бугариiа, а за тоа поеке интересуваат ниф Швеiцариiа, Соiединените С. - Американцки Држаи и нивната историiа, отколку Бугариiа со неiните национални интереси. Бугарцката младеж овде употребуат сите своiи сили и стредства, да се покажит напредничаа т. е. социалистична: долги и безмислени речи, долги коси, и убао исчешл'ана брада, црвена или сиiн'а руска кошул'а и пр. Со национални прашаiн'а не се заниваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографиiата, па и по каква и да бидит друга наука, осим политичната економиiа. Но за то секоi считат своi долг да критикуат сé шчо ке му се попаднит. Со научни прашаiн'а не л'убат да се занимаваат, но за то сет убаи организатори: можат да устроiаваат лотариiи, да пропагандираат некоiа работа, да устроiат некоiа вечеринка со благотворна цел'а, без да му гледаат многу многу, оти со неiа ке оскандал'ат и себе и бидното поколеiн'е од бугарцки студенти во Петроград. У опшче они сет готои да се занимаваат со работи, шчо бараат малу труд, но зато даваат голема попул'арност и самомнеiн'е. Македониiа iа признаваат за бугарцка во етнографцки однос, но мисл'ат, да iет излишно да си арчат силите за да научат нешчо за таiа страна, за тоа, нишчо не знаiат за неiа, ни од историiата, ни од географиiата и етнографиiата неiна, осим да имат тамо чети и востааiн'е, на коiе требит да се помогнит само со лотариiи, и не со сами себе. Тоа платоническо и само платоническо и евтино сочувство кон македонците, тоа неразбираiн'е на националните интереси, тоа отсутство на национал'ни идеали и таiа жажда од попул'арност со приврзаност кон социализмот, iет отражеiн'е на дуовното состоiаiн'е на бугарцкиiот народ и негоото обшчество. Оттука многу iасно се видит, до колку бугарите не сет во стаiн'е да бранат не само нашите, но и собствените интереси.

Србцките студенти праат совршено друг и проти-оположен упечаток од бугарцките. Србите не сет интернационалисти, а сите буквално, без разлика, дали iет некоi от Србиiа, Босна, Ерцегоина, или Црна Гора, сите сет националисти. Они знаiат, да сет они прво срби, а после л'уг'е. Секоi знаiит и се интересуат со србството разместено во разни земiи. Они знаiат нивната историiа и историiата на саседанте народи и земiи. Они се интересуваат сите главно со културно-историiцките науки и ѝ изучаваат. Изучаваат ѝ како стредство за достигаiн е србцки национални цели. Со цел'а да зашчитат србцките интереси пред русите, они преводат или состауваат на руски книги со историцко содржаiн'е. Таков утилитарен, тенденциозен и спекул'ативен однос кон науката не iет за одобруаiн'е и iет причина и резултат на национален шовинизм, но последниiот iет резултат на тиiа историiцки прилики, во коiи попадна србството, особено после Берлинцкиiот догоор. Србите можиме да обвинуаме во шовинизм; но они не сет по големи шовинисти од бугарите. Србите сет националисти, со арно сознаiани народни идеали и интереси, коiи шчо, со труд, наука, перо и дипломатиiа, сите, како iеден чоек, одат по iеден обшч за сите пат, и за тоа одржуваат победи над бугарите на секоi рачкор. Србите сет шовинисти; они сет отчаiани во борбата со своiите неприiатели за зашчита на нивните национални интереси. Но, ако порамниме србцкиiот шовинизм со бугарцкиiот национален индиферентизм и ѝ разгледаме од македонцко па и од обшче чоечко гледишче, то ке требит да признаiиме, да србцкиiот шовинизм, како резултат на основно изучените народни интереси, стоiит много по високо и много по горе од бугарцкиiот национален индиферентизм, коi iет резултат на отсатствиiе на секоiе разбираiн'е на бугарцките државни интереси. Во тоа време, кога србите од крал'от и министрите до последниiот србцки амалин сет националисти и наог'аат за нужно сите да се сплотат во iедно, за да достигнат со обшчи сили народните идеали, бугарите се цепат на социалисти и секакви друзи — исти, коiи наi малу сакаат да: оправдаат послоицата, да соiединеiн'ето праит силата. — Туку се тоа iет резултат на политичната зрелост на народот: србите во течеiн'ето на цел век изработуваат националните идеали и изучуваат националните интереси, а пак бугарите го праат тоа само во 14 век.

Како и да iет, но одделеiн'ето наше од бугарите ке ни даiит возможност критично да се односуаме кон бугарцките работи, а не слепо да ѝ копираме, и да насадуаме во Македониiа, на место национализм, социализм, како шчо го праела тоа натрешната македонцка револ'уциiна организациiа. Значит оддел'уаiн'ето на нашите интереси од бугарцките, покраi другото, ке не избиiат от положеiн'ето, како маiмуни да копираме бугарцките неомислени постапоци, и на вера да приiимаме бугарцките увереiн'а, да iет Бугариiа нашата арнотворка, а Русиiа нашиiот наi голем неприiател'; оно ке развиiет во нас критичен однос кон нашите и туг'и постапоци.

А од тоа одваi ли можит да имат по големо оправдаiн'е на сашчестауаiн'ето и програмата на нашето другарство. Ако iет така, то не ни остаат нишчо друго, осим да му се помолиме на Господ, да умножит македонцки другарства, подобни на Петроградцкото — „Св. Климент" на секаде, каi шчо живеiат македонци.



  1. Прочетено на II-та седница на Петроградцкото Македонцко Научно-литературно Другарство „Св. Климент“ на 28-и Септ. 1903 г.