3 глава Естира
4 глава
од н.п.
5 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Мардохеј научи за сè што се случи: ја раскина облеката врзсебе, облече вреќишта, се посипа со пепел и помина сред градот тажејќи гласно и горко.
  2 Дојде само до царевата врата, зашто со она вреќиште врз себе не можеше да помине низ неа.
  3 Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.
  4 Естирините девојки и нејзините скопеници дојдоа да ја известат за тоа. Царицата се вознемири многу. Му испрати облека на Мардохеј за да ја облече, а да го соблече вреќиштето од себе, ама тој одби.
  5 Тогаш Естира го повика Атаха, еден од царевите скопеници, кој и беше одреден на служба, па го испрати кај Мардохеј за да научи од него што се случило и зошто е таков.
  6 Атах отиде до Мардохеја на градскиот плоштад, пред царевата врата.
  7 Мардохеј му раскажа што му се случило и подробно го извести за сребрениците што Аман ветил да ги вложи во царевата благајна, за да би можел да ги уништи Евреите.
  8 Му го даде и преписот од наредбата за нивното погубување, која беше објавена во Шуша, за да и ја покаже на Естира, та да и јави да и наложи да отиде кај царот: нека го моли за милост и нека посредува кај него за својот народ.
  9 Атах се врати и ја донесе на Естира Мардохеевата порака.
10 Естира му одговори на Атах и му нареди да му соопшти на Мардохеј:
11 „Сите цареви службеници и народот на царевите покраини знаат дека секој оној било да е тој маж или жена, кој ќе влезе неповикан кај царот во внатрешното предворје, го чека само еден закон: смртна казна, освен ако царот не го испружи кон таквиот својот златен жезол и му го поштеди животот. А јас веќе триесет дена не сум била повикана кај царот.”
12 На Мардохеја, му беа соопштени Естерините зборови,
13 па тој и порача на Естира: „Не мисли дека ќе се спасиш, затоа што се наоѓаш во царскиот дворец, единствено само ти од сите Евреи:
14 зошто ако молчиш во оваа прилика, на Евреите ќе им стигне помош и спасение од друга страна, а ти ќе пропаднеш со куќата и својот татко. Кој знае дали токму и не си се искачила до царската чест заради часот каков што е овој?”
15 Естира пак му порача на Мардохеја:
16 „Ајде собери ги сите Евреи, кои со наоѓаат во Шуша. Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки. Така подготвена ќе влезам кај царот, иако е спротивно на законот, па ако треба да загинам ќе загинам.”
17 Тогаш Мардохеј се повлече и направи како што му нареди Естира.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse