1 глава Естира
2 глава
од н.п.
3 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 По тие настани, кога му стивна гневот, царот Ахасвер си спомназа Астина, за она што таа го направи и за што беше одлучено против неа.
  2 Тогаш момоците, кои му служеа на царот рекоа: „Нека бидат побарани за царот млади девојки, девици со убав изглед.
  3 Царот нека одреди, во сите покраини на своето царство, повереници, за да му ги соберат сите девици со личен изглед во тврдината на градот Шуша, во женската куќа, под управа на Игај, царевиот скопеник, чувар на жените. Тој ќе се погрижи за нивната нега.
  4 Онаа девојка што најмногу ќе им се допадне на царевите очи, нека царува место Астина.” Тоа му беше по волја на царот, и тој направи така.
  5 Во тврдината на градот Шуша беше некој си Евреин, кој се викаше Мардохеј, син на Јаир, синот Симеев, син Кисов, од Венијаминовото племе.
  6 Тој беше протеран од Ерусалим меѓу заточениците, кои ги одведе вавилонскиот цар Навуходоносор, заедно со јудејскиот цар Јехониј.
  7 Тој ја одгледуваше Адаса односно Естира, ќерката на својот чичко, зашто таа немаше ни татко ни мајка. Девојката беше прилична и со убав изглед. По смртта на нејзиниот татко и на нејзината мајка, Мардохеј ја зеде кај себе како ќерка.
  8 Кога се расчу за царскиот збор и за неговата наредба, многу девојки се собраа во тврдината на градот Шуша под Игаев надзор. Така ја доведоа и Естира во царевиот дворец, под надзор на Игај, чуварот на жените.
  9 Девојката им се свиде на неговите очи, таа ја придоби неговата наклонетост, и тој се погрижи за нејзиното разубавување и за издржување. Покрај тоа и даде седум највредни робинки на царскиот дворец и ја премести заедно со девојките, во најудобните простории на женската куќа.
10 Естира не ги спомна ниту народот ниту потеклото свое, зашто Мардохеј и беше забранил да го направи тоа.
11 Секој ден Мардохеј шеташе пред дворот на женската куќа, за да научи како се чувствува Естира и како се однесуваат кон неа.
12 Секоја девојка требаше да влезе кај царот кога, според уредбата за жените, ќе дојдеше ред на неа, односно после дванаесет месеци. Зашто тогаш завршуваше времето на нивното разубавување: шест месеци со масло од смирна, а шест месеци со мирислива смола и со други масти за женска нега.
13 Па кога девојката влегуваше кај царот, и беше дозволено да понесе со себе, од женската куќа во царскиот дворец, сè што ќе побараше.
14 Таа влегуваше навечер, а наутро се враќаше во друга женска куќа, под надзор на Саазгаза, царев скопеник, чувар на соложниците. Веќе не му се враќаше на царот, освен ако ја посакаше посебно и ако ја повикаше кај себе по име.
15 Кога и дојде ред на Естира, ќерката на Авихаил, кој беше чичко на Мардохеј, кој ја имаше присвоено за своја ќерка - да влезе кај царот, таа не побара ништо освен она што и рече Игај, царевиот скопеник, чувар на жените. Сепак предизвикуваше восхитување кај сите кои ја гледаа.
16 И така, ја воведоа Естира кај царот, во неговиот царски дворец, во десетиот месец, месец тевет, во седмата година на неговото владеење.
17 Царот ја заљуби Естира повеќе од сите други жени; таа му омиле повеќе од сите други девици и таа ја придоби неговата наклонетост. И тој го стави царскиот венец на нејзината глава, па таа стана царица место Астина.
18 Потоа царот даде голема гозба, во чест на Естира, за своите кнезови и службеници; на сите покраини им одреди починка и им раздели дарови, царски дарежливо.
19 Кога девојките беа собрани повторно, Мардохеј седеше при царската врата.
20 Естира не го кажа ни народот ни потеклото од кое произлегуваше, како што и беше наредил Мардохеј. Естира и натаму ги пазеше сите Мардохееви упатства како кога се наоѓаше под одгледување.
21 Во она време кога Мардохеј седеше при царевата врата, Вихтан и Терес двајца цареви дворјанци, чувари на прагот, пламнаа со гнев и почнаа да смислуваат да подигнат рака против царот Ахасвер.
22 За таа нивна намера научи Мардохеј. Тој и соопшти на царицата Естира, а Естира му соопшти на царот во Мардохеево име.
23 Сè се истражи и завера беше откриена, па двајцата беа обесени на столб. Тоа беше запишано пред царот во книжниот свиток на Летописите.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse