Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)

Прво писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод) Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј
Библија (вики-превод)
од н.п.
Писмо од апостол Павле до Тит (вики-превод)


Глава 1

уреди


Авторство и поздрави

уреди



1Од Павле, апостол на Исус Христос, кој по Божја волја проповеда за животот што Бог го вети преку вера во Исус Христос.

2До Тимотеј, кој ми е како вистински син.
Ти посакувам Бог, Кој е наш Татко и Исус Христос, Кој е наш Господ, да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.

Поттик на верност

уреди



3Благодарен сум Му на Бог за тебе. Нему Му служам со чиста совест, онака како што Му служеле и моите предци. Постојано те спомнувам во моите молитви и деноноќно Му се молам на Бог за тебе. 4Се сеќавам како пророни солзи при нашата разделба и копнеам пак да те видам, за повторно да се исполнам со радост.

5Знам дека имаш искрена вера. Така поверува прво баба ти Лоида, потоа мајка ти Евника, а убеден сум дека и ти веруваш во Господ исто толку искрено. 6Затоа те потсетувам да го разгоруваш во себе Божјиот дар што го доби кога положив раце врз тебе. 7Божјиот Дух не создаде од нас плашливци. Напротив, ни даде сила, љубов и самодисциплина.

8Затоа, немој да се срамиш да им зборуваш на луѓето за нашиот Господ. Немој да се срамиш ни од мене, сега кога сум в затвор поради тоа што проповедам за Господ. Искористи ја силата што ти ја дава Бог и придружи ми се во ширењето на Радосната вест, дури и ако треба заради тоа да поминеш низ страдања.

9Бог нѐ спаси и нѐ одбра да живееме свет живот, не поради тоа што ние со нашите постапки тоа го заслужуваме, туку затоа што тоа беше Негов план уште пред почетокот на времето - да ни ја искаже Својата благонаклоност преку Исус Христос. 10Сега, со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, тоа ни стана јасно. Од една страна, Тој ја порази смртта, а од друга страна, преку Радосната вест, ни го покажа патот кон вечниот живот.

11Бог ме постави за проповедник, апостол и учител[1] на Радосната вест. 12Тоа е причината поради која сега страдам в затвор. Но не се срамам! Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил[2], сѐ до Оној Ден[3]. 13Придржувај се до здравото учење што го доби од мене, а верноста и љубовта на Исус Христос нека ти бидат пример. 14Со помош на Светиот Дух, Кој живее во нас, чувај го она што Бог ти го довери.

15Ти знаеш дека сите христијани што дојдоа овде од Азија[4], вклучувајќи ги Фигел и Ермоген, ме напуштија. 16Господ нека го благослови домот на Онисифор. Тој често ме посетува и не се срами поради тоа што сум в затвор. 17Веднаш штом стигнал во Рим упорно ме барал додека не ме најде. 18Господ нека му биде посебно благонаклонет во Оној Ден[5]. Вие добро знаете колку многу тој ми помагаше додека бев во Ефес.

Глава 2

уреди


Смислата на страдањата заради верата во Христос

уреди



1Тимотеј, сине мој, Исус Христос ти е благонаклонет! Дозволи Му да те направи силен. 2Она што го слушаше од мене пред многубројни сведоци, пренеси им го на оние луѓе кои заслужуваат таква доверба, луѓе што се способни да поучуваат и други.

3Како добар војник на Исус Христос издржи го твојот дел од страдањата, како што и јас го издржувам мојот дел. 4Кога еден војник е на должност не треба да се плетка со цивилни работи. Само така ќе може да го исполни она што од него го бара неговиот претпоставен. 5Кога еден атлетичар се натпреварува, не може да победи, ако не се придржува до правилата. 6Земјоделецот што напорно работи треба прв да вкуси од плодовите на својот труд. 7Размисли за ова и Господ ќе ти помогне овие нешта целосно да ги разбереш!

8Постојано имај Го на ум Исус Христос! Тој му беше потомок на Давид и воскресна од мртвите. Тоа е Радосната вест што јас ја проповедам. 9Поради тоа што ја проповедам Радосната вест, сега сум в затвор, како да сум злосторник. Но Божјата порака не е окована! 10Готов сум сѐ да издржам, ако со тоа придонесам оние што Бог ги одбрал, да добијат спасение и вечна слава, бидејќи Му припаѓаат на Исус Христос.

11Вистина е дека:


„Ако сме умреле со Христос, 


со Него и ќе живееме.



12Ако издржиме,

со Него ќе владееме. 


Ако се откажеме од Него 


и Тој ќе се откаже од нас.



13Ако не Му бидеме верни,

Тој сепак ќе остане верен, 


зашто Христос не може 


да се порекне Самиот Себе.“

Биди добар работник

уреди



14Потсетувај ги луѓето на овие работи. Сериозно предупредувај ги во Божјо[6] име да не се фаќаат за збор и од тоа да прават расправии. Од такви расправии ништо добро не може да произлезе. Тие можат само да ги уништат оние што ги слушаат. 15Труди се да се докажеш пред Бог, како работник кој нема од што да се срами, зашто правилно ја проповеда вистината. 16Одбегнувај безбожни и бесмислени расправи. Тие само ги оддалечуваат луѓето од Бог. 17Таквите учења се како рак - рана[7] што се шири по телото. Именеј и Филет ти се пример за тоа. 18Застранија од вистината. Тврдат дека мртвите веќе воскреснале. Тоа ја поткопа верата кај некои луѓе.

19Без оглед на тоа, темелот што Бог го има поставено е цврст. Врз него стои напишано: „Господ знае кои луѓе се Негови[8]. Секој што се повикува на Господовото[9] име треба да се откаже од секаков грев[10].“

20Во богатите куќи нема само садови од злато и сребро, туку има и дрвени и глинени садови. Некои се за свечена, а некои за секојдневна употреба. 21Така е и со луѓето. Ако човек се очисти, Бог ќе го издвои за посебни задачи и ќе може да го употреби за секаква добра работа.

22Бегај од искушенија својствени за млади луѓе! Стреми се кон праведност, вера, љубов и мир, заедно со оние што со чисто срце Го повикуваат Господ.

23Не учествувај во глупави и бесмислени расправи. Тие само доведуваат до кавги. 24Човек што Му служи на Бог не треба да се кара, туку да биде љубезен спрема сите, да ги поучува, да биде трпелив, 25кротко да ги поучува оние што ѝ се противставуваат на вистината. Можеби Бог ќе им помогне да се покаат и да ја сфатат вистината. 26Тогаш ќе си дојдат на себеси и ќе се извлечат од стапицата во која ги има фатено ѓаволот и ги има натерано да ги извршуваат неговите наредби.

Глава 3

уреди


Опасностите во последните денови

уреди



1Треба да знаеш дека во последните денови ќе настапат многу тешки времиња. 2Луѓето ќе станат себични, алчни за пари, самољубиви и горделиви. Ќе навредуваат, ќе бидат непослушни спрема родителите, ќе бидат неблагодарни и без светост. 3Ќе немаат љубов, ни желба да си простуваат; ќе се клеветат еден со друг, ќе немаат самоконтрола, ќе бидат свирепи и ќе му се противат на сѐ што е добро. 4Ќе станат предавници, безобѕирни и вообразени. Наместо да го сакаат Бог, на прво место ќе сакаат да уживаат во своите страсти. 5Навидум ќе изгледаат побожни, но тие ќе ја одбиваат силата што може да ги направи навистина побожни. Држете се понастрана од таквите луѓе!

6Има меѓу нив и такви што влегуваат по домовите и ги придобиваат[11] оние жени што се робови на гревот и што се раководат од необуздани страсти. 7Таквите жени постојано се подготвени да слушнат нешто ново, а никако да ја сфатат вистината. 8Тие луѓе ѝ се противставуваат на вистината онака како што Јанис и Јамврис му се противставија на Мојсеј. Тоа се луѓе со изопачен ум, нивната вера е лажна. 9Нема далеку да стигнат! Набргу нивното безумие ќе им стане јасно на сите, исто како што се случи и со Јанис и Јамврис.

Упатства до Тимотеј

уреди



10Тимотеј, внимателно слушаше што те поучував и гледаше како живеев. Знаеш што сакам да постигнам и во што верувам. Виде колку сум трпелив и колку ги сакам луѓето. Виде колку можам да истраам. 11Виде какви прогонства и страдања истрпев во градовите Антиохија, Иконија и Листра. Низ какви сѐ прогони поминав и од сите нив Господ ме избави! 12Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани, 13а злите луѓе и измамниците, ќе стануваат сѐ полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани.

14Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше. 15Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос. 16Целото[12] Свето писмо е од Бога вдахновено. Сѐ што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме. 17Светото писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.

Глава 4

уреди




1Кога Исус Христос ќе дојде да го воспостави Своето царство, Тој ќе им суди на сите - и на живите или на мртвите. Затоа, имајќи ги Бог и Исус Христос за сведоци, со заклетва те обврзувам 2да ја проповедаш Божјата порака! Прави го тоа ревносно, без оглед на тоа дали моментот е погоден или не. Исправај ги луѓето и укорувај ги за нивните гревови. Трпеливо поучувај ги и охрабрувај ги.

3Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење. Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат. 4Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.

5Ти, меѓутоа, биди трезвен во секоја ситуација. Издржи ги неправдите. Како проповедник на Радосната вест, изврши ја својата задача докрај.

6На мојот живот му се гледа крајот. Дојде време да заминам кај Господ. 7Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен. 8Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде. Тој суди праведно и во Оној Ден[13] ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.

За некои лични работи

уреди



9Потруди се да дојдеш кај мене најбрзо што можеш. 10Димас толку многу ги сака световните работи, што ме напушти и замина за Солун. Криск замина за Галатија, а Тит за Далмација. 11Само Лука остана со мене.
Доведи го и Марко. Тој ќе ми биде од голема полза во службата.

12Тихик го пратив во Ефес.

13Кога ќе дојдеш, донеси ми го и палтото што го оставив во Троада, кај Карп. Донеси ми ги и книгите, а особено пергаментните свитоци.

14Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки. 15Чувај се од него! Многу се противи на она што го проповедаме.

16Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа. Сите ме напуштија. Од мене, простено нека им е. 17Сепак, Господ беше со мене. Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат. Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите[14]. 18Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето Небесно царство. Слава нека Му е за вечни времиња! Амин!

Завршни поздрави

уреди

<бр Ѓ>
19Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.

20Ераст остана во Коринт, а Трофим беше болен и остана во Милет.

21Потруди се да дојдеш пред зимата.
Те поздравуваат Евбул, Пуденс, Линус, Клаудија и сите други христијани.

22Господ нека биде духовно со тебе[15] и спрема сите вас нека биде благонаклонет.





  1. Некои ракописи додаваат: Ѓучител за неевреитеЃ.
  2. Преносно: Ѓќе ја оправда мојата довербаЃ.
  3. и 18 Денот кога Христос повторно ќе се врати, или денот кога писателот ќе замине кај Господ.
  4. Се мисли на западниот и југозападниот дел од Мала Азија.
  5. Видете ја белешката за стих 12.
  6. Во некои ракописи ЃГосподовото имеЃ или ЃХристовото имеЃ.
  7. Грчки: ЃгангренаЃ.
  8. Цитат од 4 Мојсеева 16:5.
  9. Или: ЃСекој што се нарекува христијанинЃ.
  10. Цитат од Исаија 52:11.
  11. Буквално: Ѓги заробуваатЃ.
  12. Или: Ѓ<Секое свето писмо...“. Или: „Секое од Светите писма...“
  13. Видете ја забелешката на 1:12.
  14. Буквално: Ѓод устата на лавотЃ.
  15. Буквално: Ѓсо твојот духЃ.