36 глава Втора книга Мојсеева
37 глава
од Мојсеј
38 глава


 1 Веселеил направи Ковчег од багремово дрво, долг два ипол лакти, широк лакот ипол, а висок лакот ипол.
  2 Одвнатре и однадвор го опкова со чисто злато. Наоколу му направи златен завршен појас.
  3 И му одлеа четири колца на неговите четири агли: две колца од едната страна, а две колца на неговата друга страна.
  4 Направи и ластегарки од багремово дрво и ги опкова со злато;
  5 потоа ги провлече ластегарките низ колцата на Ковчегот од страна, за носење на Ковчегот.
  6 Потоа направи Очистилиште од чисто злато, долго два ипол лакти, а широко лакот ипол.
  7 Направи и два херувима од ковано злато, на двата краја на Очистилиштето:
  8 еден херувим на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај. Херувимите на двата краја ги направи од еден дел со Очистилиштето.
  9 Херувимите имаа издигнати и раширени крилја, го засолнуваа со нив Очистилиштето. Беа свртени со лицето еден кон друг, така што нивните лица им гледаа во Очистилиштето.
10 Направи стол од багремово дрво, долг два лакти, широк еден лакот, а висок лакот ипол.
11 Го опкова со чисто злато и му направи раб од злато наоколу, завршен појас.
12 И му направи раб наоколу, широк една дланка. А за работ наоколу направи завршен златен појас.
13 Му излеа четири златни колца. Потоа ги прицврсти колцата за четирите негови ножни агли.
14 Колцата беа непосредно под работ, како рачки за ластегарките, за да може столот да се носи.
15 Ластегарките за носење на столот ги направи од багремово дрво и ги опкова со злато.
16 А приборот што беше држан на столот - неговите чинии, кадилници, врчви и чаши за излевање на приносот - ги направи од чисто злато.
17 Направи и светилник од чисто злато. Го искова светилникот - неговото подножје и стеблото. Неговите чаши - чашки и цветови - беа од еден дел со нив.
18 Шест гранки излегуваа од неговите страни: три гранки на светилникот од едната страна, а три гранки на светилникот од другата страна.
19 На едната гранка беа три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со својата чашка и цвет. Така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.
20 На самиот светилник имаше четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет:
21 чашка, во еден дел со него, под првите две гранки; па конечно чашка, во еден дел со него, под двете задни гранки. Така на сите шест гранки што излегуваа од него.
22 Нивните чашки и нивните петелки беа во еден дел со него; сè тоа од чисто ковано злато.
23 А од чисто злато му направи и седум светилки, штипки и пепелници.
24 Светилникот и целиот негов прибор ги направи од еден талант чисто злато.
25 Кадилниот жртвеник го направи од багремово дрво, долг еден лакот, широк лакот - четвртест - а висок два лакта. Неговите рожиња беа во еден дел со него.
26 Ги опкова со чисто злато одозгора, страните наоколу и неговите рожиња. Му направи завршен венец наоколу од злато.
27 На него направи и две златни колца на спротивните страни, под завршниот венец, да им служат на ластегарките за рачки, кога се носи на нив.
28 Ги направи ластегарките од багремово дрво па ги опкова со злато.
29 Тогаш приготви посветено масло за помазание и за чисто мирисливо кадење, онака како што ги прави мироварецот.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

 

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


 
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse