Викиизвор:Барања за администраторски статус
Делови од Барања за администраторски статус | ||||
---|---|---|---|---|
Главна страница уреди | набљудувај Моментални номинации за администраторски и бирократски статус |
Страница за разговор пиши | набљудувај | архиви Билтен за бирократи Разговори поврзани со БзАС |
Минати номинации Успешни БзАС Неуспешни БзАС Успешни БзБС Неуспешни БзБС Податоци за номинациите Дневник на кориснички права |
Номинирање За да номинирате корисник |
Поврзани страници Администратори Бирократи Водич за БзАС Страници за администратори Водич за администратори |
Моментален број на администратори: 2 (листа) |
Моментални администратори | Успешни кандидатури | Неуспешни кандидатури |
Заедницата им доделува администраторски статус на корисници во кои има доверба и кои се запознати со политиката на Викиизвор. Номинираните мора да имаат бидено на Викиизвор доволно долго за луѓето да видат дали тие ги имаат овие квалитети. Администраторите треба да се придржуваат на високи стандарди на однесување, со оглед на тоа што тие често се сметаат за „официјалното лице“ на Викиизвор. Администраторите море да бидат љубезни, и да практикуваат добро расудување и трпеливост во справувањето со другите. Администраторскиот статус е примарно екстра одговорност, со оглед на тоа што има начела и прописи кои се однесуваат само на администраторите. Скоро сите постапки на администраторите се повратни, и постои посебен процес за справување со конфликти со или злоупотреба од администраторите.
- Стандарди за номинација
- Не постојат официјални предиспозиции за администраторски статус, освен основно ниво на доверба од другите уредници. Сепак, постојат некои кориснички стандарди (на индивидуална основа) кои може да бидат корисни за читање. Кандидатите за администраторски стаус се советуваат да се запознаат со стандардите кои вообичаено се применуваат од учесниците во БзАС.
- Изјавата за номинација и одговорите на прашања треба да индицираат дека номинираниот е запознат со алатките и улогите на администраторите.
- Процес на одлука
- Секој добростоечки корисник може да номинира било кој корисник со сметка. Дозволени се и само-номинации. Доколку сте несигурни дали да се номинирате себеси за администраторски статус, прво прочитајте ги упатствата. Номинациите остануваат седум дена од времето кога номинацијата е објавена на оваа страница, за кое што време корисниците ги даваат нивните мислења, поставуваат прашања или коментираат. На крајот на тој период, бирократите кои се занимаваат со унапредувања на администратори ја разгледуваат дискусијата со цел да видат дали постои општа консензус на заедницата за унапредување. Бројките на луѓе кои се за, против, или изразуваат друго мислење во врска со кандидатурата се важен фактор во одлучувањето на консензусот (можно е БзАС да успее со помалку од 75% поддршка), но барањето за администраторски статус не е гласачко ливче; причините и доказите кои се даваат за време на БзАС може да ги поколебаат другите, и учесниците комуницираат со кандидатот и може да ја променат својата позиција за време на периодот на одлука. Исто така, бирократите практикуваат дискреција во одлучувањето дали има консензус за промоција на кандидатот.
- Бирократите исто така може да ја користат нивната дискретност за да ги затворат номинациите порано, доколку унапредувањето не е веројатно и не гледаат понатамошна придобивка за номинираниот од оставањето на апликацијата како отворена. Само бирократите може да затворат или одлистаат номинација како дефинитивно унапредување или не-унапредување. Во случај на вандализам, неправилно форматирање или одбиена или повлечена номинација, не-бирократите може да одлистаат номинација, но тие никогаш немаат моќ да одлучат дали бил постигнат консензус.
- Во исклучителни околности, бирократите можат да го продолжат крајниот рок или да ја постават номинацијата одново доколку ова ја направи одлуката појасна. Доколку вашата номинација не успее, ве молиме почекајте разумен временскио период пред да се реноминирате себеси или да прифатите друга номинација. Некои кандидати се обиделе повторно и успеале во рок од месец, но многу уредници сметаат дека два или три месеци е подобро.
- Искажување на мислења
- Кој може да учествува: Секој добростоечки корисник е добредојден да учествува во дискусијата за кандидатите.
- Кој може да коментира во секциите За, Против и Воздржан: Секој корисник со сметка е добредојден да кометира тука, освен кандидатот (кој може да одговара на туѓите коментари). Определени коментари може да не се бројат или да бидат отстранети доколку има сомневање за измама; ова може да бидат придонесите на многу нови уредници или марионетки, како и други активности кои може да бидат резултат на нелегитимен обид да се премести рамнотежата на мислењето.
- За да додадете коментар, стиснете на врската „Кажете го вашете мислење“ за релевантниот кандидат. Тогаш може да кажете дали сте За или Против номинацијата со потпишување на вашето име под релевантното заглавје. Секој корисник, вклучувајќи ги многу новите уредници и „анонимците“, може да учествуваат во дискусијата во секцијата „коментари“. Кандидатот може да одговара на прашања/грижи/коментари.
- „Воздржани“ коментари се исто така дозволени, но вообичаено не се вбројуваат во одлучувачките проценти.
- Објаснете го вашете мислење со вклучување на кратко објаснување за вашето расудување. Вашиот внес ќе содржи поголема тежина доколку е придружуван од поддржувачки докази.
- Забелешка: Главниот фактор за тоа дали некој корисник треба да постане администратор треба да биде доказот за тоа како корисникот ќе ги користи администраторските алатки.
- Кој не може да коментира во секциите За, Против и Воздржан: Уредниците кои немаат сметка и/или не се логирани („анонимци“). Овие уредници се добредојдени да учествуваат во секциите Коментари и Прашања.
- Секогаш бидете учтиви кон другите во вашите коментари.
- Нанижаните дискусии се одржуваат во секцијата Коментари. Долгите дискусии се одржуваат на страницата за дискусии на индивидуалната номинација. Секој може да коментира или дискутира, вклучувајќи и анонимни уредници.
- Ве молиме запомнете да ги обновувате запишувачите на резултати во заглавјата при гласањата.
Номинирање
уредиНоминациите мора да бидат прифатени од корисникот во прашање. Доколку номинирате некој корисник, оставате порака на неговата/нејзината страница за разговор и замолете го/ја да одговори на страницата за номинација со цел да ја прифати или одбие номинацијата. Уште погодно е да го/ја прашате дали ќе прифати пред да ја создадете страницата. Номинираните треба да го прочитаат водичот за барања за администраторски статус пред да прифатат.
Тековни номинации за администраторски статус
уредиМоменталното време е 17:07:33, 3 декември 2024 (UTC)
Исчистете го кешот доколку номинациите не се обновени. |