29 глава Јов
30 глава
од н.п.
31 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 А сега, ете, ми се потсмевнуваат, луѓе по години помлади од мене, чии татковци не би ги ставил ни со овчарските кучиња на своето стадо.
  2 Па зошто ми е силата на нивните раце, кога ќе им ја снема нивната мажествена сила?
  3 Испиена од глад и скудност; гризеа корења во пустината и густа шума по запустените урнатини.
  4 Береа лобода и лисја од грмушките, како леб јадеа смреково корење.
  5 Тие се протерани од човечкото општество, викаат по нив како по крадци.
  6 Живееја по страшни ровови, во пештери и во пукнатини.
  7 Рикањето им се креваше од честакот, лежеа стиснати по трништата.
  8 Синови на навредените, род на безимените, ги протеруваа со бичеви од земјата.
  9 На таквите им станав шеговита песна и сега ним им служам како приказна!
10 Се гнасат и бегаат од мене, не се стеснуваат да ми плукаат во лицето.
11 Бидејќи Бог ми го скрши лакот и ме сотре, тие ја отфрлија уздата од своите усти.
12 Изродите стануваат од мојата десна страна, тие ги тераат моите нозе во бегство, насипуваат пат на пропаст кон мене.
13 Ми ја разурнуваат патеката, за да ме сотрат, напаѓаат и никој не им брани.
14 Тие навлегуваат низ широк пролом и се тркалаат како бура.
15 Сите стравотии се свртуваат кон мене, мојот углед го снема како ветер, доброто исчезна како облак.
16 Мојата душа се разлева во мене, денови на неволја се урнаа врз мене.
17 Ноќе, болеста ги прободува моите коски, не стивнуваат болките, што ме гризат.
18 Маката ми ја смени и облеката и ме стегна како јака на облекло.
19 Ме фрли во калта долу, ете, станав како прав и пепел.
20 Викам кон Тебе, но Ти не одговараш; стојам пред Тебе, но Ти и не се грижиш.
21 Стана жесток кон мене, со претешка рака се нафрлаш кон мене.
22 Ме креваш со виор, со него ме носиш, ме вртиш силно во вртеж на бурата.
23 Да, знам дека ме предаде на смртта, на заедничкото собиралиште на сите живи.
24 Не ја испружува ли раката давеникот, не вика ли кога ќе падне во неволја?
25 Не плачев ли за страдалниците, не се ли сожали мојата душа за сиромашниот?
26 Се надевав на среќата, а дојде несреќата; ја чекав светлината, а, ете, темнина ме зави.
27 Утробата врие во мене непрекратно, ми донесува нови страдања, секој ден.
28 Одам поцрнет, но никој не ме теши; Станувам во собранието - за да извикам.
29 Станав брат на шакалите и им станав другар на ноевите.
30 Сета кожа поцрне на мене, и оган ми ги изгоре коските.
31 Мојата харфа се претвори во тажачка, а мојата свирка има глас на тажачи.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse