Page:RS-II-35-1944 Илинденски пат.pdf/7

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
Смрт на фашизмот - СЛОБОДА НА НАРОДОТ!


ИЛИНДЕНСКИ ПАТ Орган на Народно-ослобод. фронт на Макед.

Да ја браниме слободна Македонија во нова демократска и федеративна Југославија.



Год. I број 7-8 Јули - Август Цена 6 лева


ИСТОРИСКИ ОДЛУКИ НА I-то ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕНЕ НА МАКЕДОНИЈА

    Во нашите раце стојат одлуки од епохално значение за македонскиот народ. Тоа се одлуки за создаване на суверената македонска федерална држава во демократска и федеративна Југославија. Тоа се одлуки со кои са осварени и озаконени вековните стремежи и идеали на един вековно поробен и обесправен народ. Тоа са одлуки што сведочат за исполнените идеали на македонските револуционери, борци за народна слобода.

    Да во нашите раце се одлуки од I-то заседание на Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија - АСНОМ, одржано во историскиот манастир Св. Прохор Пчински, на историскиот ден Илинден 1944 година. Тоа се одлуки донесени од 122 полноправни народни преставители, одбрани од народно-ослободителните одбори и единици на Народно-ослободителната војска на Македонија. Вистина, тие не беа одбрани по стариот формален начин, но затоа тие са вистински народни претставители, проверени не само од фактот што се едном стоеле на позициите од народни интереси, туку и во најжестоките битки во народно-ослободителната борба, водена низ цела Македонија. Ето затоа тие преставители са полноправниа Собранието е израз на

- 1 -

претходна следна